А го прочита текстот пред да го постираш? Стандардно новинари си пуштаат наслов како им одговара, ама текстот се однесува за заморот на играчите, за премногу утакмици во една сезона, за термините...
Fudbaleri igraju previše mečeva i kvalitet onog što prikazuju je loš.
Значи не дека фудбалот е ЛОШ, туку поради моменталните услови, тоа што го покажуваат на терен е лошо (замор...).
Јес да си постар и можеби носталгичен, ама фудбал во 21век, во 2022 година да споредуваш со 80/90ти години е смешно. Ниту кондициски, ниту организациски, ниту плански не може да се рамњаат. Ова денес што се игра е една таква машинерија која неможеш во никој поглед да ja споредуваш. Како прво технологиите и медицината која ја има у моментов е небо-земја разлика, а како второ, условитете во кои новите фудбалери се раѓаат се сосема други.
А светсково ти е чист пример за ова. Денес во 2022 година можеш да ги гледаш и бош репрезетанции како Саудиска Арабија, дури и они играат фудбал поради популарноста на спортот. Иди гледај репрезентации од 90ти што завршиле под 3то место. Тоа е све ама фудбал не е. Ко кучиња на терен трчаат и шутираат.
и пс: Од тоа време можеш да наброиш колку? 20/30 играчи кои биле нешто посебно? Денес имаш само по 20 од лига што се на исто/слично ниво.