СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.391
Поени од реакции
14.802
Пошто викаш дека фудбалот денес е посебен универзум за старовремците кога ќе ископаш барем еден играч на денешницава кој изведува слободни удари и со поголем процент на реализација од дедо Синиша Михајловиќ јави ми се да те частам у било која кафана по твоја желба:
Слободни удари се најнебитна работа за било каква споредба.

Ако запазиш кога ќе се врти некој клип, најчесто со лош квалитет, од послаби лиги, дури и аматерски трети, четврти, во 99% се работи за некој вау слободен удар.

Аматерски фудбал(ер) најмногу е близок до професионалниот, само во еден сегмент, а тоа се слободните удари.

Овој пример што си го дал ништо не значи за развој или назадување на фудбал.

А и тука доста се работи на техника при изведување, е сега што некогаш ќе се роди некој со топ во нога, не значи и создавање, развивање...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.797
Поени од реакции
67.137
Тој муабет за ретро фудбал, кој кај нас најчесто се сведува на носталгија по ју фудбалот, па колку тогаш бил добар фудбалот во југославија и слично, со неизбежните комбинирани состави од екс ју државите и колку ќе била силна таа репрезентација.

Во суштина тој муабет држи вода само за клупскиот фудбал, затоа што останувале подолго во лига, ниту па можеле да играат повеќе странци во други лиги.

Но за репрезентативниот фудбал не држи вода. Репрезентациите на независните држави имаат подобар успех во фудбал, но можеби и во сите други спортови.

Репрезентацијата на СФРЈ нема некој значаен успех. Само Хрватска има бронза и сребро. Би убиле во СФРЈ за таков успех.

Панчев плаче за таа чилеанска генерација и искрено продава безвезни приказни, а за неколку години и после санкции Бобан и Шукер и донесоа бронза на Хрватска.
Aко добро памтам од кажување на татко ми, имало правило дека играч не смее да го напушти домашното првенство до 25 или 27 години. Дури потоа може да прави трансфер надвор. 90% од играчите кои имале квалитет, веднаш правеле трансфер.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пикси и Савичевич беа подобри фудбалери од Модрич. Веројатно има и други, не ми текнува во моментот. Тоа што не траеа колку Модрич е друга работа. Во секој случај глупи се споредби на играчи кои не играле на исти позиции.
За Савичевиќ се согласувам дека е најдобар офанзивец/крило. Ѕвер, како Меси, брзо разулавено крило, дриблер врвен.

Ме интересира што толку имал Пикси а го нема Модриќ?
Можда ете у некои офанзивни задачи пошто ако не се лажам играл понапред од ова што Модриќ го игра.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.092
Поени од реакции
6.049
[/QUOTE]
Слободни удари се најнебитна работа за било каква споредба.

Ако запазиш кога ќе се врти некој клип, најчесто со лош квалитет, од послаби лиги, дури и аматерски трети, четврти, во 99% се работи за некој вау слободен удар.

Аматерски фудбал(ер) најмногу е близок до професионалниот, само во еден сегмент, а тоа се слободните удари.

Овој пример што си го дал ништо не значи за развој или назадување на фудбал.

А и тука доста се работи на техника при изведување, е сега што некогаш ќе се роди некој со топ во нога, не значи и создавање, развивање...
Бидејки слободните удари се најнебитната работа во фудбалот а само додавањата од играч на играч е она вистинското во фудбалот затоа во 2004 во Португалија ниту Франција ниту Чешка па ниту Португалија со таква игра не го проби бункерот на Грција креиран од Ото Рехагел па со едно нафрлување од корнер и гол со глава Грција стана европски првак.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.797
Поени од реакции
67.137
Инаку, не ми се веруваше дека ваква глупост направи голманот на Португалија, на секунди пред крај.


 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.092
Поени од реакции
6.049
За Савичевиќ се согласувам дека е најдобар офанзивец/крило. Ѕвер, како Меси, брзо разулавено крило, дриблер врвен.

Ме интересира што толку имал Пикси а го нема Модриќ?
Можда ете у некои офанзивни задачи пошто ако не се лажам играл понапред од ова што Модриќ го игра.
Прашај го тогашниот претседател на Олимпик Марсеј од 1991 кога го купија Пикси од Звезда зошто му дале прекар Марадона од истокот:https://www.vesti-online.com/kako-je-maradona-sa-istoka-presao-iz-zvezde-u-marsej/
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.391
Поени од реакции
14.802
Бидејки слободните удари се најнебитната работа во фудбалот а само додавањата од играч на играч е она вистинското во фудбалот затоа во 2004 во Португалија ниту Франција ниту Чешка па ниту Португалија со таква игра не го проби бункерот на Грција креиран од Ото Рехагел па со едно нафрлување од корнер и гол со глава Грција стана европски првак.
Си ја промашил поентата. Зборевме за напредок или назадување на фудбал и слободните удари во однос на тоа, а не дали можат да бидат многу битни. Секако дека изведувањето на прекини е битно, затоа и во тој сегмент има напредок (бранење зонско или играч на играч, разни воиграни комбинации).

Но, само шут на еден индивидуалец не ни кажува ништо за тоа дека фудбалот назадува. И да, во слободните е најблиску еден аматер со професионален фудбалер, дај ми друга категорија и ќе прифатам.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.092
Поени од реакции
6.049
Aко добро памтам од кажување на татко ми, имало правило дека играч не смее да го напушти домашното првенство до 25 или 27 години. Дури потоа може да прави трансфер надвор. 90% од играчите кои имале квалитет, веднаш правеле трансфер.
Не само тоа туку ниеден клуб не смеел да има повеќе од 3 странски фудбалери па најчесто фудбалерите од Југославија бирале послаби клубови за да не греат клупа како на пример Милко Ѓуровски во тогашен Гронинген а имал понуда и од Атлетико Мадрид но ќе седел резерва и затоа европските клубови во тоа време биле поизедначени по квалитет од денес.
Автоматски споено мислење:

Си ја промашил поентата. Зборевме за напредок или назадување на фудбал и слободните удари во однос на тоа, а не дали можат да бидат многу битни. Секако дека изведувањето на прекини е битно, затоа и во тој сегмент има напредок (бранење зонско или играч на играч, разни воиграни комбинации).

Но, само шут на еден индивидуалец не ни кажува ништо за тоа дека фудбалот назадува. И да, во слободните е најблиску еден аматер со професионален фудбалер, дај ми друга категорија и ќе прифатам.
Ти си ја промашил поентата не јас.Во фудбалот се бројат дадените или примените голови а не минутажа на посед на топка.Ти можеш како Меси цели 70 или 80 минути со додавања да се шеташ околу шеснаесетик а противникот со една или две контри или пак слободен удар од спротивната страна односно корнер да ти даде гол и да ја изгубиш утакмицата.На крајот тебе не ти се бројат минутите на посед на топка туку поразот што си го претрпел од противникот.
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2022
Мислења
170
Поени од реакции
506
За Савичевиќ се согласувам дека е најдобар офанзивец/крило. Ѕвер, како Меси, брзо разулавено крило, дриблер врвен.

Ме интересира што толку имал Пикси а го нема Модриќ?
Можда ете у некои офанзивни задачи пошто ако не се лажам играл понапред од ова што Модриќ го игра.
Да, Пикси играше зад шпицот, на 10, на Модрич најприродна позиција му е 8. Не знам, веројатно сум субјективен по малку, затоа што Пикси е некако од моето време. :) Пикси поседуваше врвна фудбалска техника, и беше авторитет на теренот. Буквално се имаше, дриблинг, преглед на играта, па и голови постигнуваше. Огромна штета е што не направи интернационална кариера, во тоа време многу потешко се правеа трансфери во странство. Мислам дека направи еден глуп трансфер во Марсеј па пропадна заради повреди. Секој кој го гледал Пикси ќе ти каже дека се работеше за посебен играч, еден од петте Звездини звезди. Модрич од друга страна игра години врвен фудбал во Реал Мадрид, па од тој аспект веројатно е најуспешен фудбалер од екс ју просторите воопшто.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.391
Поени од реакции
14.802
Ти си ја промашил поентата не јас.Во фудбалот се бројат дадените или примените голови а не минутажа на посед на топка.Ти можеш како Меси цели 70 или 80 минути со додавања да се шеташ околу шеснаесетик а противникот со една или две контри или пак слободен удар од спротивната страна односно корнер да ти даде гол и да ја изгубиш утакмицата.На крајот тебе не ти се бројат минутите на посед на топка туку поразот што си го претрпел од противникот.
И каква врска има оваа со муабетот што го правевме?! :confused:
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.092
Поени од реакции
6.049
И каква врска има оваа со муабетот што го правевме?! :confused:
Сам си признаваш дека не ни знаеш во пракса што значи унапредување или уназадување на фудбалот.По моја логика унапредување во фудбалот е кога од 10 удари кон голот најмалку половина и повеќе ќе завршат во мрежата а уназадување е кога од 10 удари дали еден или ниеден ќе заврши во мрежа.
Автоматски споено мислење:

И каква врска има оваа со муабетот што го правевме?! :confused:
Ова е тој универзум за кој ти мислиш дека ние денес го живееме а уствари бил и поминал пред 20 години и сега можеме само да го сонуваме а тешко дека ќе се врати некогаш бидејки во секоја работа има врв и потоа пад.Ќе почекаме уште долго време додека некој играч во светот на една утакмица од 3 слободни удари ќе даде 3 гола посебно на ваква далечина:
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.959
Поени од реакции
9.589
Фудбалот денес за мене е монотон ретко кога можам да изгледам 90 мин. Порано имаше различни стилови на екипи во зависност од кое поднебје доаѓаа сеа све е слично што знам може грешам ама сега све е сведено на техника и подавање на топка до бескрај тогаш од што паметам ја како ракомет беше едни напаѓаат други се бранат па обратно а ВАР само ми го доуништи филингот за гледање. А Савичевиќ роѓаци имав како дете видео касети со утакмици од Звезда за мене беше бог со неговото играње фудбал. Пикси не го паметам баш ама то шо еден куп деца прекари Пикси си редеа морал нешто да значит во таа доба.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Сам си признаваш дека не ни знаеш во пракса што значи унапредување или уназадување на фудбалот.По моја логика унапредување во фудбалот е кога од 10 удари кон голот најмалку половина и повеќе ќе завршат во мрежата а уназадување е кога од 10 удари дали еден или ниеден ќе заврши во мрежа.
Автоматски споено мислење:


Ова е тој универзум за кој ти мислиш дека ние денес го живееме а уствари бил и поминал пред 20 години и сега можеме само да го сонуваме а тешко дека ќе се врати некогаш бидејки во секоја работа има врв и потоа пад.Ќе почекаме уште долго време додека некој играч во светот на една утакмица од 3 слободни удари ќе даде 3 гола посебно на ваква далечина:
Какви смешни аргументи даваш чудо нешто...Hm Hm синката те растури со аргументи каде што ти објасна концизно дека фудбалот е денес тактички и структурно напреднат каде секој фудбалер си ја знај позицијата, се движи и игра на повеќе позиции, далеку се поподготвени поради напредокот на медицината, нутриционизмот и целовкупниот систем на тренирање...секоја екипа па макар и помалите тешко можиш да ја пробиеш и добиеш поради што се организирани и сите трчаат односно се физички подготвени.

Фудбалот можеби како спорт е најнапреднат во последните 15 години и тоа што се играше до 2005 нема врска со ова денес..доволно е само една репрзира да изгледаш од 90тите на светско првенство и Лига на Шампиони...буквално одат играчите на теренот ...денес поквалитетните екипи играат турбо фудбал...како хармонија се движат по теренот....посебно ако гледаш пак натпревар од Бундес Лигата или Премиер Лигата.

Денес не му се дава акцент толку на квалитетот на фудбалерот туку на тоа колку е подготвен и колку можи да издржи..тоа можеби не изгледа убаво за око ама пак е поефективно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom