Пикси колку што беше добар фудбалер, толку е и лош тренер, све што можеше да промаши промаши, прво не ги скроти пола умисленковци што се понашаат ко господ за муда да го фатиле, после физички очајно ги имаше спремено за турниров и беа репрезентација способна да се надигрува (не дека и тоа добро го правеа) само едно полувреме, сите втори полувремиња на турниров беа очај, тактички тотално инфериорен и практично без никаков импакт врз играчите, концепт нула, сите фрагменти од играта му шкрипеа, индивидуален квалитет им донесе некако 5 гола али секако недоволно со оглед дека примија 8.
Уште после Камерун ова беше јасно, дека нема што да бараат тука и 4 дена размак не е доволно за да им се оправат работите, кога водиш 3-1 против грогиран противник, и притоа ти прават контри на таков резултат и на крај стрепиш да не изгубиш, повеќе од доволно е за да се сфати на што се србиве тука. Искрно со оглед на тоа колку им недостига квалитетен тренерски кадар, може да размислуваат и за некое достапно странско решение, ко што направија грците на времето со Рехагел, на овие им треба и дисциплина од клупа и добар тактичар, Пикси освен што може ги мотивира за друго е тотално бескорисен.
Швајцарија од друга страна тотално обратно, играчиве долго време играат заедно и позади себе имаат добри резултати, пред Италија у групи, на ЕП ги елиминираа Франција, добра генерација имаат реални да бидеме, добри играчи без разлика шо немаат некоја класична светска класа, не знаев дека и овој Окафор од Салзбург играл за нив. Реално у моментов се класа над србите минимум, да беа малце похрабри можеа и со Бразил да земат барем бод и да атакуваат на прво место.