СП 2018 - генерална дискусија

Дали сериозно мислите дека ќе се вратат темите?


  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.034
Поени од реакции
36.321
А озбилно некој ги чита овие долгите воведни текстови во темите за групите? Ме боли левото маде за историјата на репрезентациите, кој им бил тренер пред 38 години, и кој фаул бил одлучен за преокрет на некој натпревар кога играле фудбал со шиена топка полна со весници внатре. Најбитно е да ги знаеш составите на 5-6 фаворити шо атакуваат за трофејот и толку.

Е сега убаво е за секоја група да има посебно место за дискусија и да се почитува тоа, оти 100 % овој месец ќе има некоја дешавка или спорна ситуација, па некоја дискусија ќе се развлече на 10тина страни, и би било доста повеќе прегледно да не се мешаат други постови неповрзани со настанот. Во премиер лига темата некојпат за наопаку облечени чорапи на играч се дискутира цела вечер Heheh 100milioni a corapki neznae da oblekue. :brlav:
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
652
Поени од реакции
516
Супер си е вака со една тема. Можеби ќе има доста мислења но полесно е да следиш една тема одколку 10 различни. Секако за време на утакмицата и околу 1 час после неа се пишува за истата, па ако ве интерсираат мислења за таа ќе барате наназад според времето на постовите :D
Инаку за ова со воведите не се сложувам со дечкото погоре, еве на пример јас секогаш го читам воведот и историјата што и често се случува да тоа веќе сум го прочитал по нет некаде. Ок е, не го интересира секого, но секој има различно мислење.
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Само привремено се извришани мислам ке мавне ристор до вечер :D
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Скроз се у право модераторите, не разбирам зошто ви е тешко мислењата за репрезентациите да ги пишувате во конкретните теми, еден клик е да му јебем.. И нема потреба калимеро да изигравате, аман..
@Ilumious те молам врати ги темите, ради неколку членови не би требало сите да трпиме, ако тераат инат, бан и нека исправаат криви дрини на друго место :icon_mrgr:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.900
Поени од реакции
11.516
Значи не знам што толку ви е тешко да пишувате во различни теми. Ко по 12 години да имате се понашате. Со години вака се праи на форумов и за Светски и Европски, сеа не ви се пишува во различни теми.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.789
Поени од реакции
13.200
Вратете ги темите :pipi:
Како ќе знам да пишам тикет за мароко иран кур мој дека сум ги гледал некад. У мароко има еден шо игра у ајакс и потпиша за рома и го има бенатија, а у иран има еден од холандско првенство не знам у која екипа беше нешто алиреза.
Значи: КЕЦ КО ПЛАНИНА, појше играчи знам од мароко.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.884
Поени од реакции
24.435
Пекаат за подфорум да се отвори и кога ќе се отвори и се супер ќе се направи со посебна тема за секоја група, они пишуваат во една тема и уште лути зашто им наредувале да пишуваат во темите за групите. Логика фиромјанец.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Цмиздриш цел живот како не живееме по принципи и не знаеме да почитуваме правила со што носиме заклучок дека поради тоа не мрдаме од мртва точка како држава.

*не почитува правила и се буни

П.С. Темите се вратени.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Јас не ни знаев дека имат теми додека не пишавте дека се избришани.

Ок, сам ќе се банирам...

 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.247
Поени од реакции
6.822
Ај се кладиме у бришење акаунти дека нема :D
Цмиздриш цел живот како не живееме по принципи и не знаеме да почитуваме правила со што носиме заклучок дека поради тоа не мрдаме од мртва точка како држава.

*не почитува правила и се буни

П.С. Темите се вратени.
Бриши акаунт бро :X3:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom