Сплет на околности го донесе жиру ко стартер за Франција, со години, не дека е квалитетен, тоа што он го праи сеа, Крауч пример го има докторирано, а и секој друг висок напаѓач или играч што е добар во воздушни дуели.
Во нормални околности бензема у било која варијанта пред овој би играл, ама фактот што франција е очајна со класични 9ки напред плус бензема и фрките негови со националниот тим, си го направи своето, плус имаат тренер што има фетиш за вакви играчи, така беше и во Марсеј, со оној Брандао, Жињак со цел памет потоа го зема на европското а од дома не го знаеа кај игра, така да реално и немаше кој друг да игра, освен овој, во ваква ситуација.
Да не беше дешамп тренер, и да тераше некој со лажни 9ки или миџети напред, можеби и немаше да игра жиру, или мбапе ке го стаеше класичен напаѓач а бочно со некои 2 крила, гризман и уште некој.
Начекав статистика за Жиру, не шутнал кон гол на првенствово, односно у рамки на гол, тоа е поразителна статистика за еден напаѓач, ама дешамп не може без ваков профил на напаѓач и тоа е тоа, му врши работа у тие негови замисли.
Мене лично Дешамп ич не ми се свиѓа ко тренер, финалето на ЕП дома најмногу го изгубија ради него, и ради овој фудбал што го форсира, али ете тука му запали, би рекол и рутински станаа прваци ама па од друга страна уште месеци уназад зборам на форумов дека Франција ја има (убедливо) најдобрата генерација од сите моментални во фудбалот, и што е многу битно, ова е генерација на долг рок, а не потрошена роба после светското. Голем дел од овие фудбалери ќе бидат во својот прајм и на наредното ЕП и на наредното Светско, така да уште од сега сум прилично убеден дека ќе бидат главни фаворити и на следните големи натпреварувања.
Не е многу тешко да менаџираш ваков тим, ко Сколари со роналдињо, ривалдо и роналдо, а не е ништо посебно ко тренер, и многу други вакви има.