СП 2018- Финале: Франција Хрватска

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.457
Поени од реакции
10.154
^Бреј ама форсирање.:place:
Не е за чудење овде ништо.Франција нула изиграла на светсково,ама затоа се дрка на Италија и нивните игри низ неколку големи турнири.Тоа е тоа,субјективност,испреплетено со непознавање...или накратко,кајгана експертиза.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.205
Поени од реакции
7.990

Реално Италија кога била тиња си испаѓала во групи и не се провлекувала додека кога освоија 2006, трите финалиња од 1994, 2000 и 2012 и третото место од 1990 им беа потполно заслужени. Тоа со провлекувањето е останат муабет од татковци и дедовци. Инаку ова на Франција е најзаслужено освоено првенство заедно со тие на Бразил 2002, Италија 2006 и Германија 2014.
 
Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
Како бре Италија 2006 заслужено :LOL:
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.205
Поени од реакции
7.990
Како бре Италија 2006 заслужено :LOL:
Што беше незаслужено? Гол разлика 12-2, два гола примени преку автогол и пенал, елиминиран домаќинот во полуфинале, победена Франција со Зидан и Анри. Па вие да освоеше Хрватска годинава ќе тврдевте дека е презаслужено со провлекување на пенали и продолженија со полупрофесионални екипи ко Данска и Русија, а не па она на Италија, која ги елиминира една Чешка, Германија и Франција.
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Ко шо се сеќавам Франција имаше многу тежок пат до финалето на СП 2006та, а на Италија патот до финале им беше скоро ко Англија сезонава, дури им требаше Гросо во 90 +10мин да одглуми пенал против Австралија за да победат.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663

Си се збунил нешто, Англија не играше финале, него Хрватска. :P
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Си се збунил нешто, Англија не играше финале, него Хрватска. :P
зборувам за пат до финале после групна фаза, шо има веза кој играл финале.На едната страна имаше многу јаки екипи, на другата ништо посебно.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
зборувам за пат до финале после групна фаза, шо има веза кој играл финале.На едната страна имаше многу јаки екипи, на другата ништо посебно.
Па тоа ти викам и јас де, што ја мешаш Англија кога хрватите кои и играа во финалето имаа исто прелесен пат? :D
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Па тоа ти викам и јас де, што ја мешаш Англија кога хрватите кои и играа во финалето имаа исто прелесен пат? :D
не ги задевај Хрватска да не си имаме проблеми, разбра?:icon_mrgr:
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.737
Ко шо се сеќавам Франција имаше многу тежок пат до финалето на СП 2006та, а на Италија патот до финале им беше скоро ко Англија сезонава, дури им требаше Гросо во 90 +10мин да одглуми пенал против Австралија за да победат.
Исто треба да се сетиш дека Франција заврши втора во групата и сама си го направи патот потежок. Италија заврши прва за разлика од нив.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.457
Поени од реакции
10.154
Ова светско Франција заврши прва и сама си го направи патот потежок.:icon_lol:
Контра аргумент,Хрватска заврши прва.:eek:
На крај се доаѓа до лесен заклучок.Без врска аргумент.

Реално Италија кога била тиња си испаѓала во групи и не се провлекувала додека кога освоија 2006, трите финалиња од 1994, 2000 и 2012 и третото место од 1990 им беа потполно заслужени. Тоа со провлекувањето е останат муабет од татковци и дедовци. Инаку ова на Франција е најзаслужено освоено првенство заедно со тие на Бразил 2002, Италија 2006 и Германија 2014.
Ти врзувам паралела со сегашниве муабети за Франција,како изиграла нула на првенството и како во финалето Хрватска била подобра.А истиве што навиваат пример за Италија,освојувајќи Италија(ќе ти текне 100 нерешени у првенство) ќе ти кажат све је то део процеса бајо мој.Докторски :D Двојни аршини,зависи како одговара. :D A да не навлегуваме уште подлабоко како си нема никаква допирна точка начинот на игра на двеве репрезентации,компаративно овој тим со х од минатото на жабариве.
А за дебилноста на муабетот заслужено-незаслужено нема потреба од коментари.
@Peja989 ставај клуч,да се серам у темата.Доста беше. :D
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.306
Ja не знам за еден освојувач на Светско, Европско или ЛШ за таа работа, да се кажало генерално, заслужено. Мислам дека и за Реал би се нашле замерки што како од шала направија хет трик од титули.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
Вие што пишувате дека Жиру играл добро и имал битна улога на првенствово,НЕМАТЕ ПОЈМА.
Можеби е подобра опција од Жињак,Лаказет и такви други камења,но тоа не го сменува фактот дека е труп и дека играше лошо.Топкиве се одбиваа од него.Еден тон акции еба.Класичен камен.Туѓ срам ме јадеше кога го гледав.Посебно па со Белгија.Спуштил неколку топки и пресекол некоја и ајде,добро изигра.Во групата се влечеа во сите три утакмици.Во 1/8 изиграа топ и потоа последните 3 утакмици поВедуваа со голови од прекин.Ама за ова влечење и победување со сила нема улога Жиру,а?Да беше тој пола од она што го форсирате,ќе победеа лагано со 2-3 разлика против Белгија и Перу на пример.
Уште пред почетокот на првенството се контрашев со кој стигнам дека Франција не се фаворити само поради тоа што немаат јак шпиц.И се виде дека тоа им е голем заостаток.Среќа што и другите репрезентации беа слаби а и французиве се мн доминантни во одбраната и средината.

Доколку му оди на некој тим,ги скапувате фалење сите.Дури и тенџерковците.Па како тоа знаел да прими топка,да одигра дупли пас.Па имал 85% прецизност на пасови итн.Ако тие 85% се сите до најблискиот играч.Битно ќе најдете некој статистички детал и ќе го правите како нешто wow.И готово, си го одработи своето.Доколку не оди на тимот,итиот играч ќе биде камен,чутук и што ли уште не.Иако повторно ќе ги има истите 85%.
Да беше Џеко на местото на Жиру,ќе имаше минимум 4-5 гола при онакви играчи на Франција.Ама нема врска,битно 2 метрашот спуштил неколку топки до Погба.Топ.

Да не бидам погрешно сфатен,заслужено освои Франција.Иако беа ограничено во напад,сепак беа прејаки и за класа погоре од останатите репрезентации.
И на првенството потфрлија Нејмар,Меси,Лукаку па дури и Кејн.Иако даде 6 голови не мрдна братот во нокаут фаза.Спрема хајпот што го има најдобар шпиц бил ова она,се загина во нокаут.Нема да ви е популарно ова мислење и нема да се сложите али тоа е тоа.Со сила ум не турам :D
Имаше и играчи како ЦР,Кавани,Головин,Черишев итн што си изиграа добро,али поголем број од тие главните играчи на репрезентациите си потфрлија поштено.
Се на се,првенството беше многу возбудливо и неизвесно,ама СЛАБО со квалитет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom