СП 2018- Финале: Франција Хрватска

Член од
23 ноември 2011
Мислења
12.273
Поени од реакции
25.730



Светско првенство во фудбал- Финале

15 јули 2018, Москва, стадион Лужники, 17.00 ч. (по македонско време)

Судија: Нестор Питана (Аргентина)

Пред нас е зенитот на најважниот спортски настан оваа година, Светското првенство во фудбал. Во финалето се соочуват репрезентациите на Франција и Хрватска.

Од една страна ја имаме Франција, еден од главните фаворити уште пред почетокот на првенството, со еден ненормално силен тим, предводен од тинејџерската сензација Мбапе, моторот на тимот Канте, етаблираните ѕвзеди во тимот Погба и Гризман, одличното одбрамбено дуо Умтити и Варан и високиот напаѓач Жиру кој не успеа на првенството да даде ниеден гол и со тоа не успеа да се искачи погоре во листата на најдобри стрелци на репрезентацијата и остана четврти откако претходно годинава се израмни со Зинедин Зидан. Селекцијата на Франција, која има можности за комбинации и ротации за да произлезат два силни состави, сепак селектрот Дидие Дешамп речиси на сите натпревари одеше со проверена варијанта на стандардни 11-мина кои и во оваа финале нема да ги менува. На патот до финалето Франција дојде убедливо без пораз и со само едно реми во групната фаза (во најдосадната утакмица на првенството против Данска), во нокаут фазата беа уште подобри, со три заслужени победи во регуларните 90 минути против силните противници Аргентина, Уругвај и Белгија. Ова финале е историска шанса за Франција, шампионот од 98-та да ја освои својата втора титула светски шампион и да го прекине лошиот низ на порази во големи финалиња кои ги доживеаа двапати по ред во финалето на светското 2006 од Италија и пред две години од Португалија во финалето на европското првенство. Во натпреварот влегуваат како големи фаворити, а составот не би требало да им се разликува од оној што го извадија на претходните утакмици:​

Лорис

Павард Варан Умтити Ернандез

Канте Погба

Мбапе Гризман Матуиди


Жиру


Од друга страна, нив ќе им се спротистави селекцијата на Хрватска, големата сензација, која по трнлив пат успеа да се избори за своето прво финале, воедно стигнувајќи, без оглед дали ќе го добие финалето или не, до својот најдобар пласман на светските првенства, по освоеното трето место на првенството во Франција од 1998 година, на кое првенство беа спречена од пласман во финалето токму од домаќинот и шампион. Хрватите, со својата втора златна генерација по онаа од 1998 на ова првенство до финалето стигнаа без пораз, убедливо минувајќи ги групите со три победи, и помиувајќи истоштувачки пат во нокаут фазата со три утакмици каде изиграа по 120 и кусур минути, поминуваќи двапати на пенали против Данска и домаќинот Русија и конечно победувајќи без изведување на удари од белата точка против Англија во полуфиналето. Овој зрел тим на Хрватска предводен од релативно анонимниот (барем пред првенството) селектор Златко Далиќ можеби не се очекуваше да дојде баш до финалето, но со својот квалитет и те како беа репрезентација со можност за големи дострели, впрочем во својот состав го имаат маестрото на фудбалската игра, најдобриот играч (според мене) за оваа 2018 година, четирикратниот освојувач на ЛШ, Лука Модриќ, пропратен со уште една голема ѕвезда од средниот ред Иван Ракитиќ, со карпата во одбраната Дејан Ловрен, со фантастичниот голман Даниел Субашиќ, со неуморниот орач по десната страна Шиме Врсаљко, со упорната и жилава тројка Перишиќ, Ребиќ и Манџукиќ. Хрватска влегува во дуелот со нефаворитска улога, но нивната упорност, неуморност, менталитет, психичка стабилност и пред се желба за победа досега се покажаа како клуч за победа дури и кога не играа најдобро, дури и кога први првимаа гол и успеваа успешно да се вратат, така да што и да се случи оваа генерација ќе остане запаметена по овој историски пласман кој ќе остане запишан како легендарно достигнување на хрватскиот репрезентативен фудбал. Пред натпреварот имаше вести и шпекулации за тоа дека поради повреда можно е финалето да го пропушти Перишиќ, но засега нема потврда за тоа и веројатно Перишиќ ќе може да игра, со што составот би требало да биде ист како на претходните натпревари:


Субашиќ

Врсаљко Ловрен Вида Стриниќ

Модриќ Брозовиќ Ракетиќ

Ребиќ Манџукиќ Перишиќ


Клише е да се напише да победи подобриот, па нека победи оној на кој му се поклопиле ѕвездите, на кој му било судбина да стане светски шампион во фудбал на првенството во Русија 2018.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.814
Поени од реакции
33.172
Стриниќ е несреќа која чека да се случи. Пивариќ за него е Роберто Карлос. Не знам што мислат кога го играат.

Се надевам на сензација, триумф на бахатите Хрвати. :)
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.669
Доколку победи Рватска, треба здрава редефиниција на поимањето на фудбалската игра на денешно време.
Без никакво омаловажување на хрватите, порано се знаеше кој пие кој плаќа. Не дека и во случај на победа на Франција, не е за човек да се запраша, кај отиде фудбалот:confused:?
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
8.684
Поени од реакции
13.007
Секоја чест за хрватите, али мислам дека нема што да бараат во финалево.
Ако не се деси некоја глупост (црвен у 5та минута од телето Умтити), Франција би требало да го добие ова во регуларен дел.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
288
Поени од реакции
439
Доколку победи Рватска, треба здрава редефиниција на поимањето на фудбалската игра на денешно време.
Без никакво омаловажување на хрватите, порано се знаеше кој пие кој плаќа. Не дека и во случај на победа на Франција, не е за човек да се запраша, кај отиде фудбалот:confused:?
Боже,боже, каков Serbtard...
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
8.847
Поени од реакции
13.598
Доколку победи Рватска, треба здрава редефиниција на поимањето на фудбалската игра на денешно време.
Без никакво омаловажување на хрватите, порано се знаеше кој пие кој плаќа. Не дека и во случај на победа на Франција, не е за човек да се запраша, кај отиде фудбалот:confused:?
?
 

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
490
Поени од реакции
581
Се надевам на победа на Хрватска, за која за мене пласманот во финале и не е толку чуден, зошто очекувам да направат нешто позначајно на големите првенства уште од СП 2014.

Реално, Франција се големи фаворити и би било чудо да изгубат, ама ова првенство е полно со изненадувања па се е можно, плус Франција чоукна на европското против Португалија која беше далеку понеквалитетна од сегашна Хрватска.

Се на се, одлично првенство и одлично финале, реално заслужија и едните и другите да стигнат до овде.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.149
Поени од реакции
3.053
Хрватска all the way. Ама, реално шансите не се на нивна страна. Французите се поодморени, помлади и најбитно поквалитетни. За мене на ова Светско најкомплетни состави извадија Бразил, Шпанија и Франција. На Шпанците им се деси тоа што им се деси со тренерот, Бразилците немаа баш среќа со Белгија, а Французите за разлика од нив, имаа дури рутински пат до финале.
Неверојатно стабилна селекција се. Тешко дозволуваат шанси за гол, ја контролираат играта лесно, силни се, атлетски се доминантни. Нивниот пат многу личи на патот кој Шпанија во 2010 и Германија во 2014, го имаа до титула. Варан, Павард, Канте, Матуиди и Погба играат одлично првенство, плус го имаат Мбапе, кој е следната глобална суперѕвезда. Ја очекувам, во иднина, да го достигне прагот на доминантност, кој Роналдо и Меси го поставија.

Хрватска од друга страна е поезија, филмска приказна. :)
Ама го заслужија ова финале. И оваа генерација и хрватскиот фудбал генерално. Нивото на квалитет кој го имаат во тимот, за така мала држава, е неверојатно, уникатно во фудбалската историја. Какви само таленти имаат вадено низ години, секоја чест за нив.
Сакам да освојат. Сакам да видам што ќе стане со егото на Ловрен ако се случи тоа, каде подалеку може да иде од ова. Дали ќе се прогласи следно за месија. И сакам да видам како космосот ќе се однесува ако Брозович стане светски шампион пред Меси и Роналдо. :)
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.669
Боже,боже, каков Serbtard...
Лечи фрустрации на друго место, мавни ми се и не го спомнувај името божјо за да ја прикриеш.........
Мирен, не мислев ништо радикално, као да пропагираме протестантизам наспроти демек вистинската вера:D.
Факт е дека во финале влезе екипа која нема две саглам измени! Ок турнир е, па кому како му се склопат коцките.
Победата на Франција исто би била ревизија на теоријата на Линекер и воошто на поимот репрезентација.
П.С. Личен впечаток ми е као утре ќе биде борба меѓу Легија на странци и Трета личка бригада;).
П.С.С. Не е озбилна анализа, онака обична реакција на кој се' може да дојде во финале на СП.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
6.016
Поени од реакции
4.739
Голем успех е за една млада и мала Балканска држава од 3-4 милиони жители воопшто да стигне до финале на Светски Фудбалски Куп, а уште поголем успех е да го освои купот, затоа сум за Хрватска !
И покрај тоа што Англичаните беа далеку поголеми фаворити од малата Хрватска сепак изедоа ќотек од коцкестите како магариња во полуфиналето !
Хрватска и во 1998 год. на тогашното фудбалско светско првенство освои трето место (бронза) што секако е огромен успех !
Напред коцкести... искршете ги утре Французите (y):)
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
2.429
Поени од реакции
1.820
Стриниќ е несреќа која чека да се случи. Пивариќ за него е Роберто Карлос. Не знам што мислат кога го играат.

Се надевам на сензација, триумф на бахатите Хрвати. :)
Во еден хрватски медиум пишуваше дека Пивариќ ќе бил стартер...
 
Член од
18 март 2015
Мислења
388
Поени од реакции
529
од СП 2002 хрватска нема лев бек,последен беше Јарни,,
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.173
Поени од реакции
8.119
Единствено нешто што треба да пробаат Хрватите е да не примат први гол, во трите натпревари во нокаут фазата бркаат негатива, но Франција е нешто друго, имаат квалитет и што е најважно, многу добро чуваат предност. На последните три СП, финалето се одлучуваше после продолженија, еднаш имаше и пенали, а знаеме како завршија пеналите за Франција.

Ајмо Ватрени!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
750
Поени од реакции
1.027
Каков и да биде исходот, едно е сигурно, Ловрен решава неколку дилеми :

https://www.theguardian.com/football/2018/jul/12/dejan-lovren-croatia-world-cup-best-defender

Dejan Lovren: Croatia’s World Cup run proves I’m one of world’s best defenders

“We went through a lot of shit: war, all these things, and even now the situation is not the best. But it is unbelievable how many talents we have in sport. At basketball, at handball, at water polo, at tennis especially. We have good mothers and fathers, making good love.”

:)
 
На врв Bottom