СП 2018 - Елиминациона фаза (1/8, 1/4 и 1/2 финале)

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.425
Поени од реакции
42.691
За Хрватска ќе ни објасниш и за нивниот солиден пласман нешто? :)
Лесна група со една распадната Аргентина, се извадија со слаби репрезентации како Данска и Русија на пенали и едвај ја тепаа просечната Англија. Ништо посебно не направија, џабе им е финалето. :D
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.755
Ова е тоа што ви збореше @Mondonico (мислам дека он беше) дека 1/2 финалето на Англија е среќа + сплет на околности (лесен ждреб). Буквално ништо не покажаа, победи имаат против Панама, Тунис и Шведска. Два пати се сретнаа со посериозна репрезентација, два пати беа целосно надиграни и размонтирани. Ништо спектакуларно не направија, ниту па оставија впечаток дека оваа генерација би имала основа во следните првенства да направи нешто повеќе.
Остај ги брат гледаш во еуфорија се, Англија имала успешно првенство :pos:

Колку е плиток човечкиот мозок, особено се гледа на вакви работи. Англија стигнала до 1/2 финале и готово е, успешни се, одлична генерација, настап на векот не ти знам што. А во реалноста кутрите појма немаат, едноставно имаа малку повеќе среќа за да ги засенат :notworthy: резултатите на нивните претходни генерации кои испаѓаа од групите или евентуално во 1/8 финале од Исланд :pipi:

@callejón de la muerte се губиш целосно, не знаеш ни самиот што сакаш да кажеш. Прво склопи една логична реченица, биди малку попрецизен во ставовите па после тоа можеби ќе разговараме. Вака изгледаш како полуписмен старец кој се докопал до интернет, ништо повеќе.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.151
Поени од реакции
16.672
Каков Гризман бе шо првенство гледате? Освен Жиру и Лукас 8 првотимци на Франција играт појјако првенство од него

Ќе биди или Модрич или Мбапе играч на првенство
Шо гледаш ти јас не знам, Гризман го игра ова првенство на ниво, напред назад сегде го има, се гледа дека научил нешто од Чоло, Мбапе исто можи да се замеша за наградата.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.605
Поени од реакции
10.272
Шо гледаш ти јас не знам, Гризман го игра ова првенство на ниво, напред назад сегде го има, се гледа дека научил нешто од Чоло, Мбапе исто можи да се замеша за наградата.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Никаков импакт нема цело првенство само Жиру беше послаб играч досеа.. За копање копа да, сите до еден копат затоа и во финале се.. Но само затоа не се станва играч на турнир освен ако си Грчка 2004.. Гризман не е суперстар? Треба да доминира утакмици а не да биди патник во нив и да чека Погба и Мбапе да ги решат.. Значи Гризман ти е Бентанкур а овие двајцата се Кавани-Суарез.. Незнам колку посимболично да ви објаснам
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Лука Модриќ треба да биде прогласен за најдобар играч на првенството без разлика на резултатот во финалето. Гризман ако придонесе во финалето со гол или асистенција може да биде сериозен кандидат за Златната топка за 2018. Со освоено СП и Лига Европа ќе биде сосема фер.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.570
Поени од реакции
62.592
Остај ги брат гледаш во еуфорија се, Англија имала успешно првенство :pos:

Колку е плиток човечкиот мозок, особено се гледа на вакви работи. Англија стигнала до 1/2 финале и готово е, успешни се, одлична генерација, настап на векот не ти знам што. А во реалноста кутрите појма немаат, едноставно имаа малку повеќе среќа за да ги засенат :notworthy: резултатите на нивните претходни генерации кои испаѓаа од групите или евентуално во 1/8 финале од Исланд :pipi:

@callejón de la muerte се губиш целосно, не знаеш ни самиот што сакаш да кажеш. Прво склопи една логична реченица, биди малку попрецизен во ставовите па после тоа можеби ќе разговараме. Вака изгледаш како полуписмен старец кој се докопал до интернет, ништо повеќе.
Aко ги пратиш малку од малку Англиските новинари, кои ја кројат сликата и ја креираат истата,1 самите си кажуваат дека достигнувањево им е повеќе од каде што реално би требале да бидат.

Настрана што 90% од светот, не разбраа што е It's coming home ...
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.846
Поени од реакции
24.283
Еве уште едно стручно лице кое ќе ни обајсни што мислел стручњакот мондонико, пораз од 1-2 во продолженија било размонтирање.
Не постоеше Хрватска добри 60 минути, беа надиграни, после тоа презедоа иницијатива и ја надиграа Англија и тоа е тоа. Кејн беше трагичар и причина за таквиот развој на мечот ради ова :

Имаш право до некаде, пласман во полуфинале на СП треба да ги загрижи сериозно, да си стават прст на чело што прават и каде тераат а заедно со титулите на СП У-20 и У-17 и ЕП У-19 тоа е уште еден индикатор за брзата пропаст која ги очекува.
Којзнае што ќе направеа да беа во група со Иран и Мароко или да им требаше минимална победа против мртвата и испадната Кореја, имаше да се обрукаат. Или пак да играа бараж со несериозна екипа ко Шведска за пласман на СП, тоа ќе беа трагедии.

За Хрватска ќе ни објасниш и за нивниот солиден пласман нешто? :)
Пополека малце, земи воздух, и пробај да напишеш пост каде што нема да ги скриеш глупостите што ги тресеш со арогантноста во начинот на пишување. Не правиш муабет со кретени кои не те разбираат, за вакви работи да ти проаѓаат незабележително.

Буквално освен првото полувреме, во останатиот дел од натпреварот со се дополнителните 30 минути Англија беше тотално РАЗМОНТИРАНА од страна на Хрватска. Кејн дали бил трагичар или не, ама баш никого тоа не го интересира. Во 1/2 финале велесилата Англија успеа само ЕДНАШ да шутне во рамките на голот на Хрватска.

За земјите што ги ругаш, кои испаднаа во групна фаза или во 1/8 финале со што сакаш да им го омаловажиш успехот во споредба со Англија која стигнала во 1/2 финале ти нема никаква врска. Шпанија како репрезентација самата си се саботираше на ова првенство со тоа што одлучи на два дена пред истото да го отпушти селекторот, на Германија им се одби од глава егото и тоа што се шампиони каде во секој натпревар од групата влегоа со помисла дека веќе им е добиен натпреварот.

Иако ова не е оправдување, ниту тема на муабет, не знам зашто доби причина да ги споредуваш кога муабетот беше Англија. Ова 1/2 финале на Англија е илузија, "успех" кој се заснова на среќа и добивање на полесниот пат од ждребот, отколку успех кој се засновал на играчкиот кадар или игрите што ги прикажале во ова натпреварување.
 
А што ќе кажеш за успехот на Хрватска? Не се провлекоа со Данска и Русија кои со Шведска се најслабите европски репрезентации на првенствово? Немаа исто така лесен пат до финале? Не беа надиграни од Англија цело прво полувреме додека не паднат физички енглезите? Еве денеска ако го кркнат 3-0 шо прајме и нивниот "успех" ќе биде илузија?
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.074
Поени од реакции
11.059
Гризман не треба да биде ни во потесниот круг за играч на првенството,а не па да освои.Не знам што гледате вие.Си трчкари со топката,ништо не изигра.Од играч на првенството се очекува да прави потези со кој што ќе решава утакмици.Мбапе е 100 пати подобра опција за играч на првенството од Гризман.
Јас да се прашувам би му ја дал на Модрич уште пред финалето.
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Незнам што 10 страни уназад зборите за Англија како успех им бил 1/2 како не им бил и незнам што уште.Најбитен е шампионот дали си испаднал во 1/8 , во групи или во 1/2 исто маде е сите без титула си одат, а само еден е шампион после 10-15 години секој ќе го памтит шампионот, а не кој успеал да стигне до 1/2 или слично.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
855
Поени од реакции
453
За Белгија vs Англија...

Белгија - со стандарден состав.
Англија - со половина "rookies", можност да заиграат на СП.

Дури се расонија, примија гол англичаните.
Потоа белгијанците олабавија малку.

Англија имаше неколку солидни шанси, двојно повеќе удари во или околу гол, но за жал без реализација (нешто слично на Рашфорд и Марсијал во Јунајтед, или горе-долу Стерлинг во Сити - во последната ПЛ сезона).

Филот на тортата го ставија белгијците, од контра напад, откако англичанците се отворија.

Честитки трето место за Белгија!
Се надевам на посјајни настапи на Англија на следните фудбалски првенства.

А, сега... скок кон темата за финалето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom