СП 2018 - Елиминациона фаза (1/8, 1/4 и 1/2 финале)

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
6.023
Поени од реакции
11.669
Ова е тоа што ви збореше @Mondonico (мислам дека он беше) дека 1/2 финалето на Англија е среќа + сплет на околности (лесен ждреб). Буквално ништо не покажаа, победи имаат против Панама, Тунис и Шведска. Два пати се сретнаа со посериозна репрезентација, два пати беа целосно надиграни и размонтирани. Ништо спектакуларно не направија, ниту па оставија впечаток дека оваа генерација би имала основа во следните првенства да направи нешто повеќе.
 

Goofy

Обичен смртник
Член од
11 август 2016
Мислења
93
Поени од реакции
27
Утеха се бара во пивото
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.137
Поени од реакции
9.063
Белгија има супер основа за Еуро 2020, поготово ако Тилманс и Дендонкер го исполнат потенцијалот и на Јанузај му штракне да игра фудбал, таман и Компани ќе биде мотивиран да го игра веројатно последниот голем турнир. Уште дупка две да ги решат со формацијата и со Франција ќе се фаворити.
Како да не имал Компани уште едно првенство во него.. Ме чуди шо го издржа светсково некако.. Прашање е дали Веронген и Тоби ќе бидат уште јаки за 2 години.. Веќе им старее одбраната а немаат некои замени.. Лев бек немат никаков затоа неможат ни формацијата да ја променат.. Ова им беше шансата и ја пропуштија.. Германија и Шпанија каде каде појјаки генерации имат.. Како и да е Франција треба да доминира наредни 2-3 првенства со Варан-Канте-Погба-Гризман-Мбапе.. Е то ти е основа
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.963
Поени од реакции
168.084
Како да не имал Компани уште едно првенство во него.. Ме чуди шо го издржа светсково некако.. Прашање е дали Веронген и Тоби ќе бидат уште јаки за 2 години.. Веќе им старее одбраната а немаат некои замени.. Лев бек немат никаков затоа неможат ни формацијата да ја променат.. Ова им беше шансата и ја пропуштија.. Германија и Шпанија каде каде појјаки генерации имат.. Како и да е Франција треба да доминира наредни 2-3 првенства со Варан-Канте-Погба-Гризман-Мбапе.. Е то ти е основа
Ги тргнав настрана повредите, јасно е дека му е стропано телото. Алудирав да успее некако да се одржи здрав како последниот напор на РвП 2014.
 

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
30.189
Поени од реакции
41.919
Се осети на првенствово поголема зрелост кај Белгија, нешто што им фалеше претходно. Штета што налетаа на Франција во полуфинале, ќе беше тоа одлично финале. На Европско со дополнителни две години искуство сигурно ќе бидат едни од главните фворити.

Хазард треба сериозно да се разгледа како играч на првенството, во зависност од утрешните настапи.
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
744
Поени од реакции
321
Жалосно е за белгија.Многу спремни се уиграни ама тоа е мора да има прв втор и трет..
Се очекува хазард во Реал
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.669
Компани пред 3 години изјави дека веќе рекреативно игра фудбал, ќе додржи до европско, мало морген!
95%од сезоната е повреден, го играат од психолошки аспект. Демек, дедо додека е дома никој ништо не ни може:D.
Франција, Германија и Шпанија очекувам реално да доминираат во Европа следниов период и евентуално Англија, ако најдат селектор што нема да подлегне на притисок на нивната глупа традиција и сфаќање на фудбал.
Сличен проблем со нив си имаат и овие белгијците.[DOUBLEPOST=1531585203][/DOUBLEPOST]
Се осети на првенствово поголема зрелост кај Белгија, нешто што им фалеше претходно. Штета што налетаа на Франција во полуфинале, ќе беше тоа одлично финале. На Европско со дополнителни две години искуство сигурно ќе бидат едни од главните фворити.

Хазард треба сериозно да се разгледа како играч на првенството, во зависност од утрешните настапи.
Белгија играше поубаво со Вилмоц ама беа банда без команда.
Тешко за Азар, 99,9% ќе биде фудбалер на шампионот на првенството.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.053
Поени од реакции
52.307
Се осети на првенствово поголема зрелост кај Белгија, нешто што им фалеше претходно. Штета што налетаа на Франција во полуфинале, ќе беше тоа одлично финале. На Европско со дополнителни две години искуство сигурно ќе бидат едни од главните фворити.

Хазард треба сериозно да се разгледа како играч на првенството, во зависност од утрешните настапи.
Хазард ако го прогласат за ирач на првенството ќе биде поголема брука од Меси коа го прогласија на прошлото.

За Канте да пишеше како можен MVP кој не се спомнува, ќе те поддржев без двоумење. :D

Но пред Хазард на ова првенство се без сумња Мбапе и Гризман од офанзивците, Модриќ, Ракитиќ и Канте од средњаците, а субјективно јас би ставил и други пред него.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
3.736
Поени од реакции
2.045
Или Лука или Гризман ќе биде играч на првенството, мислам дека во зависност исходот во финлето ќе се одлучи кој ќе ја земи нагрдата, мада шо се однесва до мене Субашич го бирам без око да ми трепне


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.137
Поени од реакции
9.063
Каков Гризман бе шо првенство гледате? Освен Жиру и Лукас 8 првотимци на Франција играт појјако првенство од него

Ќе биди или Модрич или Мбапе играч на првенство
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.292
Поени од реакции
19.644
Мбапе една добра утакмица имаше на светсково, али ајде да не ви кршам филм :icon_mrgr:

Модриќ треба да земе, без дилеми.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
754
Поени од реакции
1.032
Ова е тоа што ви збореше @Mondonico (мислам дека он беше) дека 1/2 финалето на Англија е среќа + сплет на околности (лесен ждреб). Буквално ништо не покажаа, победи имаат против Панама, Тунис и Шведска. Два пати се сретнаа со посериозна репрезентација, два пати беа целосно надиграни и размонтирани. Ништо спектакуларно не направија, ниту па оставија впечаток дека оваа генерација би имала основа во следните првенства да направи нешто повеќе.
Еве уште едно стручно лице кое ќе ни обајсни што мислел стручњакот мондонико, пораз од 1-2 во продолженија било размонтирање.
Не постоеше Хрватска добри 60 минути, беа надиграни, после тоа презедоа иницијатива и ја надиграа Англија и тоа е тоа. Кејн беше трагичар и причина за таквиот развој на мечот ради ова :



Имаш право до некаде, пласман во полуфинале на СП треба да ги загрижи сериозно, да си стават прст на чело што прават и каде тераат а заедно со титулите на СП У-20 и У-17 и ЕП У-19 тоа е уште еден индикатор за брзата пропаст која ги очекува.
Којзнае што ќе направеа да беа во група со Иран и Мароко или да им требаше минимална победа против мртвата и испадната Кореја, имаше да се обрукаат. Или пак да играа бараж со несериозна екипа ко Шведска за пласман на СП, тоа ќе беа трагедии.

За Хрватска ќе ни објасниш и за нивниот солиден пласман нешто? :)[DOUBLEPOST=1531592901][/DOUBLEPOST]
Нема полош играч у свет од Лукаку со приемот на топка, ко од ѕид се одбија топката од него.:facepalm:
Ништо од тоа, имаше слаб ден човекот, му се случува и на најдобрите.
Добро бе, имате старатели, надзор нешто, знам дека е анонимен форум ова и со тоа луѓето се чуствуваат послободни да лупепаат глупости ама за Лукаку да напише некој вакво нешто треба да е имбецил.
 
Последно уредено:
На врв Bottom