СП 2018 - Елиминациона фаза (1/8, 1/4 и 1/2 финале)

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
6.022
Поени од реакции
11.650
FB_IMG_1530229757074.jpg

После завршената групна фаза, стигнавме до средината на овој Мундијал и до според мене најинтересниот дел од првенството, а тоа е елиминационата фаза. Фаза во која конечно би требало да видиме поквалитетен фудбал каде што екипите ќе мора да го подигнат нивото на фудбал бидејќи еден натпревар одлучува дали ќе се иде понатака или ќе се иде дома.

Сабота, 16:00 часот - Франција vs. Аргентина
Отварање какво што можевме да посакуваме на елиминационата фаза. Во поглед на резултат сосема спротивни, Франција бодовно успеа да ја издоминира групата додека Аргентина едвај се протна во последното коло, но кога станува збор за играта што ја прикажаа во групната фаза би рекол дека се израмнети репрезентации. Иако Франција усепа да влезе како победник во групата, не импресионираше баш со игрите, како да фали нешто во нивната игра. Аргентина колку што прикажува лоши игри на терен, толку проблеми имаат и во соблекувалната, но и покрај сево ова мислам дека Аргентина, поготово Меси, сеуште го немаат кажано последниот збор на првенствово.

Сабота, 20:00 часот - Уругвај vs. Португалија
Исто така еден од поинтересните дуели во елиминационата фаза. Уругвај делуваат страшно, многу организирано, поготово во одбраната. Единствена репрезентација која може да се пофали со тоа што немаат примено ниту еден гол во групната фаза. Суарез и Кавани го подигнаа нивото на игра и како прави лидери успеаа да ја однесат Уругвај како победник во групата. Потсетуваат доста во играта на Атлетико Мадрид, цврста одбрана и опасни по прекините. Португалија од друга страна иако на хартија има доста поквалитетен состав од тој на ЕП 2016 кога станаа шампиони, на терен делуваат доста слабо и неорганизирано. Одбраната и контра нападите кои им беа главното оружје на ЕП сега им се доста ослабнети. Единствената светла точка во тимот е Роналдо, прашање е колку тој може да ги однесе португалците до некаква слава.

Недела, 16:00 часот - Шпанија vs. Русија
После глупостите кои им се случија пред почетокот на првенството со отпуштањето на тренерот некако шпанската репрезентација како да не си го оправдува епитетот фаворит кој што ја следеше. Иако прикажуваат доста слаби партии, поготово во одбраната, како за чудо медиумски некако во сенка се. Никој не ги збори, ниту ги фалат, ниту ги критикуваат, а во таква ситуација шпанците се најопасни. Од другата страна ја имаат Русија, која мене целосно ме изненади на првенствово. Очекував да ја поминат групата но очекував со доста мачење да поминат. Домашната публика ќе им биде голем мотив да ја измачат оваа раштимана репрезентација на Шпанија која мака мачи поготово во одбрана.

Недела, 20:00 часот - Хрватска vs. Данска
Данците според мене се една од послабите европски репрезентации на првенствово. Со доста среќа, поготово во натпреварот со Перу успеаа некако да ја поминат групата. Буквално, на ниту еден од трите натпревари не покажаа ништо. Против Перу само чудо е како не успеаа да примат гол, не успеаа да ја победат Австралија која се сметаше за аутсајдер во групава и изиграа едно "срамно" нерешено со Франција. Искрено единствена репрезентација за која не можам да оформам никакво мислење бидејќи буквално ништо не покажа во групната фаза. Мислам дека лесен плен ќе бидат за Хрватска, репрезентацијата со најдобриот среден ред на првенствово. Единственото нешто што може да им биде проблем на Хрватите е улогата фаворит и балканскиот менталитет, но имаат доста искусни играчи во репрезентацијата кои имаат доста победнички менталитет. Модрич со освоените титули во ЛШ, Ракитич со освоените титули во Ла Лига, Манџукич со освоените титули во Сериа А, играчи што сами решавале големи утакмици.

Понеделник, 16:00 часот - Бразил vs. Мексико
Според мене, најинтересниот дуел од оваа фаза. Бразил како главен фаворит на ова првенство воопшто до сега не си ја оправда фаворитската улога. Некој можеби ќе каже дека тактизирале, но реалноста е дека Бразил ни малку не ја покажува играта од квалификациите на ова првенство. Можеби малце ги уништија повреди, поготово на Нејмар кој е доста отсутен на ова првенство, играчот кој се очекуваше да ги носи на грб до сега освен форсирање не покажа ништо друго. На негово место се појави лидер од сенка, Кутињо, кој буквално ја изгази групната фаза и ги однесе Бразил до последните 16 екипи. Од друга страна Мексико е доста незгоден противник, ако против некој може да играат тоа е Бразил. Видовме против Германија дека Мексико знаат да играат против подобар противник. Си имаат свој стил на игра, стрпливи се и мислам дека ќе го имаат истиот пристап како против Германија. Ќе им ја остават топката на бразилците и ќе гледаат да ги казнат преку контри.

Понеделник, 20:00 часот - Белгија vs. Јапонија
Искрено нема што да се лажеме и да мислиме дека колку толку Јапонија ќе пружи некаков отпор, мислам дека ќе бидат размонтирани од страна на белгијците. Едноставно во секој сегмент од играта Белгија е поквалитетна репрезентација од Јапонија, иако тоа не мора ништо да значи, поготово за тоа е доказ ова првенство, мислам дека на овој натпревар нема да има некаков простор за изненадување.

Вторник, 16:00 часот - Шведска vs. Швајцарија
Дуел на две европски репрезентации, слободно можам да кажам дека ова ќе биде еден од најизрамнетите дуели во оваа фаза. Шведска покажаа одлични партии во групната фаза. Иако сите ги отпишувавме и мислевме дека нема да поминат група, на крајот на денот они завршија како победници во нивната група, дури и на натпреварот против Германија изгубија со несреќен гол во последната минута. Сепак не било случајност тоа што ја елиминираа Италија во баражот на првенствово. Имаат одлична одбрана, цврсти се во дуели и мислам дека нема да се предадат толку лесно против Швајцарија. Од друга страна Швајцарија е репрезентација со доста искуство на овие натпреварувања. Видовме дека можат да играат против секого, стпрливи се, не потпаѓаат под притисок, знаат што сакаат, на два пати во првите два натпревари се вратија од негатива. Против Бразил успеаа да израмнат, а против Србија нивниот директен конкурент за тоа второ место успеаа да победат.

Вторник, 20:00 часот - Колумбија vs. Англија
Иако ова не е истата Колумбија од претходните првенства и е доста ослабена што од повреди, што од играчи кои се надвор од форма, сепак е Колумбија и тоа што им фали во фудбалско знаење они го надополнуваат со жар и борба за победа. После дуелот со Јапонија сите некако ги отпишавме, но мора да се признае дека да не беше тој црвен картон + пенал во втората минута тој натпревар можеше да има скроз различен пристап. Една од најпотценетите репрезентации на првенствово според мене, мислам дека имаат квалитет да и направат доста проблеми на Англија. На Англија ќе видиме дали ќе и се исплати тоа тактизирање во групата и намерното завршување на втората позиција. Искрено после кој знае колку време гледаме една малце поразлична Англија која не е пумпана од медиумската јавност, поготово од медиумите во Англија. Имаат доста квалитетни играчи и најважно ослободени се од притисокот на освојување на секое првенство во кое што учествуваат.



Темава ја направив општо за елиминационата фаза бидејќи не знаев дали да правам посебна за 1/8 финалните дуели или една за се. @Ilumious и @Peja989 нека одлучат како ќе биде, дали ќе биде една тема или ќе имаме посебно за секоја елиминациона фаза.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.939
Поени од реакции
168.040
Браво оби (y) за секој натпревар тема ако сакате отворете, не чекајте на друг ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

THE-Boss

The Winter is coming
Член од
5 јануари 2014
Мислења
490
Поени од реакции
581
Мислам сега ќе освои некоја од фаворитите, кои досега изиграа релативно слабо.
Тука мислам на репрезентаци од типот на Шпанија, Аргентина, Франција, Бразил итн.

Хрватска, Белгија и слични мислам ќе испаднат во 1/4 финале, иако би сакал некој од овие да освои.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
2.043
Поени од реакции
1.502
Зашо бе да има посебна тема, баш си е добро вака... нрма повеќе утакмици во еден термин па да се мешаат коментари. Супер си е.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.512
Поени од реакции
1.932
Зашо бе да има посебна тема, баш си е добро вака... нрма повеќе утакмици во еден термин па да се мешаат коментари. Супер си е.
Pa da ama mozhat dosta lesno da se meshaat postovite, primer da se diskutira za Francija a vo isto vreme drugi da komentiraat za Urugvaj vecherta.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
3.369
Поени од реакции
2.102
Многу поубаво би било да има посебно за 1/4 финале и посебно за 1/2..
 
Член од
3 март 2010
Мислења
619
Поени од реакции
226
јас мислам полуфинале одат аусајдерите, Уругвај, Шведска, Белгија, и последна Хрватска или Мексико
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.773
Поени од реакции
9.132
Мои типови за пролаз даље:

Уругвај
реално ако се занемари квалитетот на Роналдо, Уругвај има многу подобар тим. Поопасно делуваат напад и средина, дури и одбраната им е подобра од на Португалија.

Аргентина
и Франција и Аргентина не ги оправдаа очекувањата досега, ама нешто ми кажува дека Аргентина би се радувала на крај во еден тесен натпревар на продужетци после 1:1 резултат, иако искрено сакам Франција да победи повеќе.

Мексико
Кај сите овие подобри репрезентации од латино Америка, мислам дека секоја може да победи секого. Не е дека Мексико не го плескал Бразил, имаат убиствени контри, добар тим, кој нема страв од никого, од друга страна Бразил е тим полн со ѕвезди, сличен стил, многу зависи и од пристапот на двата тима, ама мислам дека Мексико ќе знае како да се справи со Бразил

Белгија
Белгија се направи парче досега, добри се Јапанциве, но ова е нивниот максимум. Сајонара.
Шпанија
Дури и во најмизерно издание би имало реми и продолженија по кои шпанците ќе знаат со цел квалитет и искуство во тим како да се носат со притисокот и да дадат гол, не гледам како Русија би минала понатаму.

Хрватска
Сега е мајката, сега или никогаш, последно светско најверојатно со Модриќ како лидер. Ако тргнат самоуверено без калкулации, но со многу концентрација како со Аргентина, веќе се четвртфиналисти.

Шведска
Тука ќе има продужетци дури и мрсни пенали, ќе водат швеѓаниве цел натпревар и во 80+ ќе дадат некој мртов гол швајцарциве после одбиена топка од корнер.

Колумбија
Уште еднаш ќе им ги скршат очекувањата на енглезите. Иако и колумбијциве не се тоа што беа пред 4 години оган и пламен, ама очекувам да ги исплескат англичаниве.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.364
Поени од реакции
5.213
Би сакал:
Франција, Уругвај, Мексико, Јапонија, Русија, Хрватска, Шведска, Колумбија.
Ќе биде:
Франција, Уругвај, Бразил, Белгија, Шпанија, Хрватска, Шведска, Англија. :)

Мислам дека Францизуте ќе дотуркаат до финале. Аргентина има шанса да ме демантира денес. :)
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.486
Поени од реакции
3.458
Модераторите да го преправат насловот - Елиминациска фаза, не елиминациона!
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
9.469
Поени од реакции
10.160
Финале Белгија-Хрватска/Англија. :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.939
Поени од реакции
168.040
отворете бе дечки теми за која утакмица и да сакате, ќе коментираме таму, ништо не боли :)
 
На врв Bottom