Меси заслужи Златна Топка, колку шо Погба заслужи најдобар млад играч...
Во право си. Ама таму конкуренцијата од номинираните, не беше таква ко за најдобар играч. Кој да освоеше од Погба или Депај, исти кур, незаслужено ќе беше Варан пошто имаше неколку кикса, голот со Германија го примија по негова вина.
Пази, овде ги имаш кој било играч од Германија, па Ромеро, Гарај, Забалета, Маскерано, Ди Марија... Робен... итн...
Не знам шо им требаше на ФИФА ваква бламажа. Претераа со давањето на Балон д’Ор у 2010, уште тогаш ја сјебаа поентата на наградата. Шлаг на се беше изјавата на Блатер лани дека „Меси заслужува оти е добро момче.“ Па и тоа не беше доволно, па еве сеа ја сјебаа и уште наградата која им остана да ја сјебат, најдобар играч на СП.
Убаво вика Мурињо, овие награди кои се доделуваат вака се ебиветар. Вистински индивидуални награди се оние статистичките, кај шо нема простор за замерки. Вака ова го направија тотално фијаско.
За ова викав кога ме прашувавте зошто не го сакам Меси. Му се гради вештачки култ, кој може да го заслужи и без вакви патетични глупости, ама овие упорно и упорно го форсираат истото. Али сега мислам дека толку се избламираа што ниту еден освен хардкор фановите на Меси не се согласува со одлуката.