СП 2014 - ФИНАЛЕ | Германија - Аргентина | 13.07.2014 (21:00) Маракана -Рио де Жанеиро

  • Креатор на темата Rigel Kent
  • Време на започнување

Кој ќе победи во финалето ?


  • Вкупно гласачи
    183
  • Гласањето е завршено на .
R

Rigel Kent

Гостин
Финале – Светско првенство во фудбал 2014

Првенството започна на 12 јуни, а финалето ќе се одигра на 13 јули 2014 година на Маракана во Рио де Жанеиро .

ger-arg.png


Патот на Германија до финалето

Германија на првиот натпревар на првенството извојува убедлива победа над Португалија од 4:0 , потоа следуваше нерешениот натпревар со Гана , за со победа над селекцијата на САД да го завери својот пласман во осминафиналето и прво место во групата. Во осминафиналето во тежок меч Германија успеа да издвојува победа над Алжир дури по продолженија што беше вистинско изненадување , но забележливо на мечевите во група и на осминафиналниот меч беше погрешната формација на селекторот Лев која не дозволуваше составот на Германија да го покаже сиот свој потенцијал. Во четвртфиналето неизвесен меч со Франција кој го одлучи еден гол на Хумелс . Вистинска експлозија се случи во полуфиналниот меч со домаќинот Бразил каде уште во прво полувреме го демолираа противникот и имаа водство од 5:0 кое на крајот на мечот беше зголемено на 7:1 за историски најголема победа на Германија над Бразил и предизвика воодушевување на целата спортска јавност , а и потсмев за дебаклот на Бразилците.


Патот на Аргентина до финалето

Аргентина играше доста претпазливо во натпреварите по групи , иако покажуваше не толку убедлива игра сепак тимскиот дух на репрезентацијата предводена од Меси беше главен двигател за успехот на Аргентинците . Аргентина во тежок меч успеа да ја совлада Босна и Херцеговина , а потоа следеа победите над Иран и Нигерија . Во осминафиналето тешко издвојувана победа над Швајцарија во продолжение со одличниот гол на Ди Марија , а во четврфиналето одлучувачки беше извонредниот гол на Игуаин . Во полуфиналето Аргентина и Холандија изиграа внимателно со тактизирање на двата селектори , со неискористени шанси на двете екипи а пенал рулетот го реши патникот во финале . На голот блескаше Ромеро а прецизниот шут на Меси во првата серија им даде дополнителна сигурност на останатите во тимот.

Можен стартен состав на Германија

Нојер

Лам-Боатенг –Хумелс-Ховедес

Кедира-Швајнстајгер

Милер –Крос –Озил

Клосе

Можен стартен состав на Аргентина

Ромеро

Забалета –Демикелис-Гарај-Рохо

Биглиа-Маскерано-Перез

Меси

Игуаин-Лавеци​



Досегашен скор помеѓу овие две репрезентации

skor.png

Претходен финален меч на Светските првенства

Финале 1986

Во финалето на Светското првенство 1986 во Мексико Сити , Аргентина стана Светски шампион предводена од Марадона . Аргентина имала водство од 2 :0 со погодоците на Хозе Луис и Хорхе Валдано , но потоа германската упорност настапува со два погодоци на Карл-Хајнц Румениге и Руди Фелер . Во тие тешки моменти на Аргентина,Марадона го поведува тимот кон успех со извонредната асистенција за Буручага за водство на Аргентина од 3:2 и втора шампионска титула на Аргентина.
maradona .png


Клучни играчи на двете екипи

Меси е предводникот на Аргентина и од него се очекува да го води тимот кон освојување на третата шампионска титула . Ова е титулата што му недостига на Меси за да биде најуспешен во историјата.

Милер е извонреден на првенството а посебно се истакнува со неговата способност да постигне погодок во клучни натпревари .
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Германците некако се трудат да ја потиснат фаворитската улога но не им оди. Така да врз основа на очекувањата врз нив ќе има многу поголем притисок. За Аргентина јас лично не очекував дека ќе стигнат толку далеку и денес тврдам дека имаше многу подобри репрезентации кои повеќе ќе ги личеше да играт во финале. Но тоа од друга страна е и предност на Аргентина. Сепак ако не се случат некој непредвидени работи Германија треба рутински да ја совлада Аргентина.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Гласав анти-малерски. Hail Klose!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.895
Поени од реакции
84.267
Аргентина освојува и компарациите помеѓу Меси и Марадона започнуваат и покрај тоа што до сега Меси даде голови само на велесилите Иран,БиХ и Нигерија.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Фан на Бразил ќе навива за Аргентина.
Јебеш га време е најдобриот и официјално да стане најдобар, само против овакви Германци ќе треба 5 пати подобро од полуфиналето со Холандија да изиграат.
Типувам дека ќе земе Германија, сакам да земе Аргентина.
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Чекам да се јави некој со коментар:"Хахаха обично испаѓа обратно од очекувањата на сите,така да слободно играјте си вие за Германија јас ќе си играм за Аргентина и ќе добијам хахаха"-а вакви ги има колку сакаш.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Хахаха обично испаѓа обратно од очекувањата на сите,така да слободно играјте си вие за Германија јас ќе си играм за Аргентина и ќе добијам хахаха
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Хахаха обично испаѓа обратно од очекувањата на сите,така да слободно играјте си вие за Германија јас ќе си играм за Аргентина и ќе добијам хахаха
Не се сеќирај ти си само еден од многуте во таа категорија,но само ти се изјасна.Реков јас ве има колку сакаш.[DOUBLEPOST=1405207650][/DOUBLEPOST]А ако ме тролаше мене не ме истрола,туку самиот си се направи смешен оти немаш појма како ќе губи Аргентина
 
Последно уредено:
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Тешко дека Аргентина ќе направи нешто утре, многу тешко.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Јас мислам дека кој ке постигне прв гол тој ке биде шампион,сакам да казам дека некоја екипа ке победи со 1-0,не верувам да има голови,сепак ова е само мое размислуванје,кој даде гол тој освојува:)
 
H

HoT IcE

Гостин
Гласав, и очекувам рутинска победа на Германија. Машина се, видовме сите за каква репрезентација се работи. За разлика од Германија, Аргентина е тоталната спротивност, чудни ми се, не одиграа ама баш ништо посебно за да стигнат у финале, ама океј, ќе видиме, можда и ја не се разбирам у фудбал. Ама до сеа што изиграа? Колумбија повеќе заслужи финале. Така да Германија all the way.(y)
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Аргентина утре ке паркира два аутобуси пред гол и ке иде на пенали. Ако Германија не погоди во првите 15-20 мин. не очекувам многу голови. Реално треба Германија да земе титула, најдобра игра покажаа на првенството.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom