Не следев многу вести од Бразил како и колку време им треба за организација на СП. Знам дека се доцна, корумпирани до немајкаде и дека имаат општествени нереди. Ама стварно се зачудив кога видов каде се се стадионите. Тој што е во Манаус ги чинел 250 милиони долари, а се наоѓа во град длабоко во Амазон каде тешко се доаѓа со превоз, градот нема фудбалски тим да го искористи стадионот и целата градба ќе виде еден прескап споменик на крајот. Сето ова за 4 натпревари само. Ќе те натера да помислиш кои морони се ФИФА и организаторите...
Како шлаг на тортата беа протестите на работниците во јавниот сообраќај во Сао Паоло. Имам професор што е од таму и ми покажуваше видеа од хаосот што се случувал таму...мегалополис од 20 милиони без метро. Катастрофа.