денешниот натпревар беше вистинско разочарување! со тоа дека биле уморни и не знам што, тоа не пали повеќе кај никого. никој не го интересира зошто изгубиле сите ќе го паметат само резултатот. почнаа одлично, борко растураше, но, сепак во напад немаа никаква идеја, шутираа без потреба, избрзано (најмногу филип лазаров) и се што добивме од одличните одбрани на борко беа само 6 гола разлика, иако требаше да направиме најмалку 12! тие 6 не беа ништо. Борко, не е семоќен па да одбрани се, и почнаа да погодуваат и србите. и не стигнаа. и сепак имавме гол предност на полувреме.
и потоа, што се случува, српскиот тренер прави неколку измени, различен напад, различна одбрана - и готово, ние се збунивме целосно! продолжуваме да си играме на истиот начин иако тоа не функционира и србите си добиваат се поголема предност. и ние продолжуваме пак исто. па добро бе мајка му стара, смени нешто, стави фластер, стави индијанец, било што, поремети го малку ритамот на противникот. кажи им да не брзаат во напад, да шутираат од изградени акции, а не само да му го дигаат егото на голманот!
имаа 8 минути играч помалку србите, а ние примивме 8 гола токму во тие 8 минути! и ете ти ја разликата на крај, значи ќе победевме да знаевме лек како да играме кога противникот има играч помалку! па добро бе, темелковски нели гледа ракомет??? ако ништо повеќе нели ги гледа натпреварите на нашата репрезентација??? па кога ние бевме со 5 играчи имаше по најмалку 1 фластер, а многу често и 2!! но ние не, си играме со 6-0 одбрана, па нека играат луѓето, нека дадат гол што има врска...
значи заклучокот од досегашниот настап на светското би бил дека, имаме играчи кои знаат да играат, голмани кои бранат ко луди, можеби судиите многу често се против нас, но тоа не е нашиот најголем проблем! најголемиот проблем е во неколку нешта. прво, одиме на светско со 14 играчи од кои 7 се спремни комплетно и играат по речиси 60 минути. другите 7, или играат само одбрана, па кога има потреба од нив во напад не знаат ништо, или пак воопшто не играат. им дозволуваме на играчите да грешат по неколку пати без ништо да се случи (филип лазаров смее да промашува колку сака, темелков и покрај добрата реализација многу пати влезе на шут од никаква позиција, кире лазаров не беше ништо подобар, иако гледаше дека не може сепак шутира!) потоа, поставуваме правилни одбрани, но кога противникот ќе смени во нападот ние не менуваме ништо, па без проблем не полнат! не учиме од грешките, како што е примерот со исклучувањата, тоа ни се повторуваше неколку пати.
кога се ќе се сумира, сметам дека стручниот штаб треба под итно да биде сменет! играчите знаеја да промашат и контри и најчисти ситуации, но тоа секому се случува! тоа што не се случува секому е да игра убедливо по зацртаната шема иако гледа дека не е добра! а за тоа никој друг освен селекторот не е крив! по тоа што го слушав од коментарите на ристо магдинчев, кој за секој натпревар ги кажуваше јаките страни на противникот, и нашите јаки против нив, па и знаеше што кога да се направи, сметам дека тој е можеби вистинскиот човек за кормилото на македонската машка ракометна репрезентација! сепак, ќе видиме што ќе се случи.
што се однесува до успехот, односно 11/12 место во светот, тој си е добар сам по себе, меѓутоа, можеше да биде многу подобар со многу мали измени!