СДСМ - Политичка партија

Дали ви се допаѓаат пратеничките листи со кои ќе настапува партијата на следниве избори?

  • Да.

    Гласови: 7 11,1%
  • Не.

    Гласови: 42 66,7%
  • Можеле да стават и многу подобри кандидати.

    Гласови: 14 22,2%

  • Вкупно гласачи
    63
  • Гласањето е завршено на .
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.720
Поени од реакции
4.253
Мислев ќе се распаднат, али ништо. Предвидувам дебелата за претседател ќе ја одберат.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.020
Поени од реакции
1.137
Мислев ќе се распаднат, али ништо. Предвидувам дебелата за претседател ќе ја одберат.

Веројатно докторот ќе биде избран.
Сеедно кој и да биде избран од тие 4 кандидати, некои процеси и работи се незапирливи и не можат да се спречат.
Овде е само работата кој ќе ја доврши работата со стечајот на финансиските средства и парите на партијата, изминатите 7 години многу тендери имаше и се стекнаа големи капитали и пари и провизии. И сега треба тие пари да се трошат и префрлаат кај што треба кон одредени субјекти.

Партијата ќе тоне се повеќе и повеќе, после локалните избори наредна година ( а очекувам со локалните да има и предвремени парламентарни избори со 6 изборни единици со по 15 пратеници и вкупно 90 пратеници наместо досегашните 120 пратеници) и партијата ќе има и уште послаб резултат наредна година.
Прашање е дали и воопшто ќе освојат градоначалнички мандат во некоја општина следна година, можно е и компир да имаат 0 општини.
А со парламент од 90 пратеници, од сегашните 18 пратеници од парламент од 120 пратеници, во парламент од 90 пратеници дали ќе имаат и 15 пратеници е прашање.
Со вакви бројки, овие од новата власт ќе почнат да забегуваат и аздисуваат во владеењето тоа е факт. Ќе имаат преголема моќ насекаде и ќе бидат забегани.
Мицкоски и неговата партија во програмата дадоа понуда од 90 пратеници во следниот парламентарен состав, а 90 се дели со 6, со 6 изборни единици. Секако дека 1 изборна единица на Мицкоски и партијата не им одговара да има, исто и на сите Албански партии не им одговара, тоа само на Левица и помалите партии им одговара една изборна единица а тоа нема да се оствари, ќе останат 6 изборни единици и вкупно 90 пратеници, и тоа ќе се правда со намалување на бројот на населението....
Автоматски споено мислење:

za da se vrabotat vo javni institucii, na drzavno ili lokalno nivo, mora prvin da ima oglas na strana na agencija za administracija, pa vo zavisnost od pozicija se polaga administrativen ispit, prakticen i teoretski del, stran jazik, a za rakovodna i administrativno upravuvanje.
site postapki za vrabotuvanje se vo miruvanje od denot na raspishuvanje na izborite, moze da se proveri na web stranata na agencijata za administracija, bidejki tamu ke se pravi novoministerstvoza indijanecon od znam mincev, tesko dekake vrabotat nekoj voovoj period, taka da toa shto nema potreba od soglasnost od finansii ne igra uloga, isto taka za vrabotuvanje na drzavno nivo e potrebna soglasnost i ona ministerstvo kade sto se praktikuvashe sport, na grubi, koe isto taka ke pretrpi promeni, taka da tesko vrabotuvanja.

Не знам. Можеби донекаде имате издржани аргументи во напишаното.
Не сум сигурен дека за вработување на државно ниво би требало да има согласност од тоа министерството каде досега бил Груби министер, мислам дека мислите на министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, отсега таму ќе биде министер од Српската партија од коалицијата на Мисцкоски ако не сум грешка.
Досега не беше потребна согласност од тоа министерство, друго е тоа за балансер и проценти за етничка застапеност.
И убеден сум дека од СДСМ во овој период додека уште имаат директори по одредени установи и институции ќе го користат тоа да пикнат таму свои на работа, и ДУИ тоа ќе го прави. Впрочем, тоа го правеше и ВМРО и после 11 Декември 2016 и тие избори, додека имаа свои директори на институции и началници на МВР-СВР во полиција си вработуваа свои партиски кадри, тоа е реалноста.

А тоа за огласи на страна на агенција за администрација.
Па досега имало илјадници огласи за вработувања и мислите дека за сите тие огласи, ама за сите 100 % вработувања имало огласи на страната на агенција за администрација?
За некои работни места се појавуваат огласите на агенцијата за администрација, а за некои и ги немаше огласите на страницата на агенцијата, тоа е факт.
Се вработија што по општини, што по министерства за фиинансии, за мвр еден куп ликови, и самите ликови зборуваат низ град дека се вработени без огласи во агенцијата за администрација.
Едноставно, кога се има вујко владика, тие процедури кои вие ги напишавте не важат за некои тоа е реалноста.
Автоматски споено мислење:

Сметаш дека распаѓањето на сдсСС е заради некакви директорски места, а не заради до сега невиденото ВЕЛЕПРЕДАВТСТВО ? ?
Ако и овие од ДПсНЕ имааат ист ментален склоп очекуваш на нередни избори кога и да се да завршат како сдсСС ама и тие ќе тресат зелени дека тоа е заради директорски позиции :yid:

Не, не сметам дека потопот на СДСМ е само исклучиво поради директорските места, но факт е дека поставуваа несоодветни директори и раководители по установи / институции, а тие директори работеа против партијата. Дури и оставаа на многу места да продолжат кадри од ВМРО да раководат, а тие кадри ниту беа професионалци па да имаше корист народот и државата, и секако тие ВМРО кадри работеа против СДСМ каде и да можеа, а членството на СДСМ беше огорчено поради сето тоа и цехот скапо го плати партијата на овие избори, и ќе продолжи да тоне уште повеќе на следните избори.
Имаа од СДСМ директори и министри кои од една страна вработуваа се живо од фамилија и од швалерки ( да ова е жално но буквално роспиетини и швалерки беа вработувани а за возврат тие роспиетини одеа по хотели со тие директори да одработат за работните места), од друга страна вработуваа ликови кои беа про ВМРО настроени, од трета страна тие директори и министри го омаловажуваа партиското членство и беа недостапни на телефон, а од четврта страна тие директори енормно беа корумпирани и крадеа и се правеа богаташи со тендери и корупција. Така да, од сите четири можни страни на светот се што можеа упрскаа до крај. Ова се проверени факти....

Ете, од тие сегашни 4 кандидати за нов партиски лидер, абе ниту еден збор не кажува за борба со корупција.
И небитно е кој ќе биде партиски лидер по 30 Јуни, падот на партијата продолжува.

Тешко ВМРО да заврши со резултат како СДСМ, не дека се миризливи цвеќиња, туку едноставно нема да имаат никаква политичка конкуренција во блиска иднина во догледно време, до крај на оваа деценија и цела наредна деценија до 20240 година очекувајте ВМРО да владее и ќе забегаат од толкава власт и моќ, но тоа е реалноста. Единствено прашање на секои парламентарни избори ќе биде дали ВМРО ќе имаат 61 од 120 пратеници, или 46-50 од 90 пратеници, очекувам до наредни парламентарни да има 90 пратеници, од 6 изборни единици по 15 пратеници.
Еве кој би им бил политички конкурент?
Системот со 6 изборни единици каде што помалите партии губат илјадници гласови е погубен за појава на политичка конкуренција. Помалите партии немаат шанси со ваков изборен систем, да имаше цела држава да беше во една изборна единица можеби и ќе се појавеше политички конкурент.
Пример ти е Хрватска, таму за парламентарни избори во повеќе изборни единици е поделена Хрватска и тоа им одговара на ХДЗ ( Крадезе) партијата и тие редовно победуваат, ама кога се претседателски избори во Хрватска тогаш цела држава е една изборна единица и затоа Милановиќ ги доби претседателските избори пред 5 години. Еве годинава Зоран Милановиќ и СДП изгубија на парламентарни избори од ХДЗ во Хрватска, ама наесен ќе има само претседателски избори во Хрватска со една изборна единица и пак Милановиќ и СДП ќе ги добијат претседателските избори токму поради фактот што за тие претседателски избори Хрватска ќе биде една изборна единица.
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.321
Поени од реакции
6.765
Веројатно докторот ќе биде избран.
Сеедно кој и да биде избран од тие 4 кандидати, некои процеси и работи се незапирливи и не можат да се спречат.
Овде е само работата кој ќе ја доврши работата со стечајот на финансиските средства и парите на партијата, изминатите 7 години многу тендери имаше и се стекнаа големи капитали и пари и провизии. И сега треба тие пари да се трошат и префрлаат кај што треба кон одредени субјекти.

Партијата ќе тоне се повеќе и повеќе, после локалните избори наредна година ( а очекувам со локалните да има и предвремени парламентарни избори со 6 изборни единици со по 15 пратеници и вкупно 90 пратеници наместо досегашните 120 пратеници) и партијата ќе има и уште послаб резултат наредна година.
Прашање е дали и воопшто ќе освојат градоначалнички мандат во некоја општина следна година, можно е и компир да имаат 0 општини.
А со парламент од 90 пратеници, од сегашните 18 пратеници од парламент од 120 пратеници, во парламент од 90 пратеници дали ќе имаат и 15 пратеници е прашање.
Со вакви бројки, овие од новата власт ќе почнат да забегуваат и аздисуваат во владеењето тоа е факт. Ќе имаат преголема моќ насекаде и ќе бидат забегани.
Мицкоски и неговата партија во програмата дадоа понуда од 90 пратеници во следниот парламентарен состав, а 90 се дели со 6, со 6 изборни единици. Секако дека 1 изборна единица на Мицкоски и партијата не им одговара да има, исто и на сите Албански партии не им одговара, тоа само на Левица и помалите партии им одговара една изборна единица а тоа нема да се оствари, ќе останат 6 изборни единици и вкупно 90 пратеници, и тоа ќе се правда со намалување на бројот на населението....
Автоматски споено мислење:




Не знам. Можеби донекаде имате издржани аргументи во напишаното.
Не сум сигурен дека за вработување на државно ниво би требало да има согласност од тоа министерството каде досега бил Груби министер, мислам дека мислите на министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, отсега таму ќе биде министер од Српската партија од коалицијата на Мисцкоски ако не сум грешка.
Досега не беше потребна согласност од тоа министерство, друго е тоа за балансер и проценти за етничка застапеност.
И убеден сум дека од СДСМ во овој период додека уште имаат директори по одредени установи и институции ќе го користат тоа да пикнат таму свои на работа, и ДУИ тоа ќе го прави. Впрочем, тоа го правеше и ВМРО и после 11 Декември 2016 и тие избори, додека имаа свои директори на институции и началници на МВР-СВР во полиција си вработуваа свои партиски кадри, тоа е реалноста.

А тоа за огласи на страна на агенција за администрација.
Па досега имало илјадници огласи за вработувања и мислите дека за сите тие огласи, ама за сите 100 % вработувања имало огласи на страната на агенција за администрација?
За некои работни места се појавуваат огласите на агенцијата за администрација, а за некои и ги немаше огласите на страницата на агенцијата, тоа е факт.
Се вработија што по општини, што по министерства за фиинансии, за мвр еден куп ликови, и самите ликови зборуваат низ град дека се вработени без огласи во агенцијата за администрација.
Едноставно, кога се има вујко владика, тие процедури кои вие ги напишавте не важат за некои тоа е реалноста.
Автоматски споено мислење:




Не, не сметам дека потопот на СДСМ е само исклучиво поради директорските места, но факт е дека поставуваа несоодветни директори и раководители по установи / институции, а тие директори работеа против партијата. Дури и оставаа на многу места да продолжат кадри од ВМРО да раководат, а тие кадри ниту беа професионалци па да имаше корист народот и државата, и секако тие ВМРО кадри работеа против СДСМ каде и да можеа, а членството на СДСМ беше огорчено поради сето тоа и цехот скапо го плати партијата на овие избори, и ќе продолжи да тоне уште повеќе на следните избори.
Имаа од СДСМ директори и министри кои од една страна вработуваа се живо од фамилија и од швалерки ( да ова е жално но буквално роспиетини и швалерки беа вработувани а за возврат тие роспиетини одеа по хотели со тие директори да одработат за работните места), од друга страна вработуваа ликови кои беа про ВМРО настроени, од трета страна тие директори и министри го омаловажуваа партиското членство и беа недостапни на телефон, а од четврта страна тие директори енормно беа корумпирани и крадеа и се правеа богаташи со тендери и корупција. Така да, од сите четири можни страни на светот се што можеа упрскаа до крај. Ова се проверени факти....

Ете, од тие сегашни 4 кандидати за нов партиски лидер, абе ниту еден збор не кажува за борба со корупција.
И небитно е кој ќе биде партиски лидер по 30 Јуни, падот на партијата продолжува.

Тешко ВМРО да заврши со резултат како СДСМ, не дека се миризливи цвеќиња, туку едноставно нема да имаат никаква политичка конкуренција во блиска иднина во догледно време, до крај на оваа деценија и цела наредна деценија до 20240 година очекувајте ВМРО да владее и ќе забегаат од толкава власт и моќ, но тоа е реалноста. Единствено прашање на секои парламентарни избори ќе биде дали ВМРО ќе имаат 61 од 120 пратеници, или 46-50 од 90 пратеници, очекувам до наредни парламентарни да има 90 пратеници, од 6 изборни единици по 15 пратеници.
Еве кој би им бил политички конкурент?
Системот со 6 изборни единици каде што помалите партии губат илјадници гласови е погубен за појава на политичка конкуренција. Помалите партии немаат шанси со ваков изборен систем, да имаше цела држава да беше во една изборна единица можеби и ќе се појавеше политички конкурент.
Пример ти е Хрватска, таму за парламентарни избори во повеќе изборни единици е поделена Хрватска и тоа им одговара на ХДЗ ( Крадезе) партијата и тие редовно победуваат, ама кога се претседателски избори во Хрватска тогаш цела држава е една изборна единица и затоа Милановиќ ги доби претседателските избори пред 5 години. Еве годинава Зоран Милановиќ и СДП изгубија на парламентарни избори од ХДЗ во Хрватска, ама наесен ќе има само претседателски избори во Хрватска со една изборна единица и пак Милановиќ и СДП ќе ги добијат претседателските избори токму поради фактот што за тие претседателски избори Хрватска ќе биде една изборна единица.
Wow!
Ne te mrzeshe olku daleku da si gi pushtish tvoite fantazii?
Ce imalo v godina novi predvremeni parlamentarni.
Po koja logika prijatele ?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.076
Поени од реакции
4.853
Не, не сметам дека потопот на СДСМ е само исклучиво поради директорските места, но факт е дека поставуваа несоодветни директори и раководители по установи / институции, а тие директори работеа против партијата. Дури и оставаа на многу места да продолжат кадри од ВМРО да раководат, а тие кадри ниту беа професионалци па да имаше корист народот и државата, и секако тие ВМРО кадри работеа против СДСМ каде и да можеа, а членството на СДСМ беше огорчено поради сето тоа и цехот скапо го плати партијата на овие избори, и ќе продолжи да тоне уште повеќе на следните избори.
Имаа од СДСМ директори и министри кои од една страна вработуваа се живо од фамилија и од швалерки ( да ова е жално но буквално роспиетини и швалерки беа вработувани а за возврат тие роспиетини одеа по хотели со тие директори да одработат за работните места), од друга страна вработуваа ликови кои беа про ВМРО настроени, од трета страна тие директори и министри го омаловажуваа партиското членство и беа недостапни на телефон, а од четврта страна тие директори енормно беа корумпирани и крадеа и се правеа богаташи со тендери и корупција. Така да, од сите четири можни страни на светот се што можеа упрскаа до крај. Ова се проверени факти....
Сакаш да речеш дека имале квалитетни кадри ама не ги поставувале на дадени позиции и наместо квалитетни поставувале копитари?
Ако Црпе и Тачка се репер на квалитетни кадри јебај-га ама нешто не е во ред со планетата Земја.
Тоа што поставувале швалерки или други свои блиски е најмалку важно затоа што тие и онака не се поставувани на позиции каде се носат одлуки туку се позиција “клати врата земај плата“. Особено што само будала не би сакал да има швалерка а швалерка не се наоѓа туку така туку треба да се покажеш.
Корупцијата е од системски карактер, секаде во светот каде постои некаков систем постои и корупција кај нас проблемот е што системот го владеат и управуваат странци за да им биде полесно тие корупцијата уште повеќе ја шираат.

На пример: се додека САД не зедоа да “инвестираат“ во су(д)ството тое не беше кој знае какво ама имаше доверба од над 30, а може и 50% проценти по преземањето од страна на САД (менуваат судии даваат согласност за именување ... и други потребни операции) доверабата во су(д)ството е -3%

Да бидам искрен директорите на сдсСС или ДПсНЕ воопшто не ме интересира ме занима само ПОЛИТИКАТА која ја практицираат.

Тешко ВМРО да заврши со резултат како СДСМ, не дека се миризливи цвеќиња, туку едноставно нема да имаат никаква политичка конкуренција во блиска иднина во догледно време, до крај на оваа деценија и цела наредна деценија до 20240 година очекувајте ВМРО да владее и ќе забегаат од толкава власт и моќ, но тоа е реалноста. Единствено прашање на секои парламентарни избори ќе биде дали ВМРО ќе имаат 61 од 120 пратеници, или 46-50 од 90 пратеници, очекувам до наредни парламентарни да има 90 пратеници, од 6 изборни единици по 15 пратеници.
Еве кој би им бил политички конкурент?
Велиш 90 пратеници ќе имаат?
Зарем Вљеди (ДУИ-2) и Знаеш (сдсСС-2) ќе се претопат во ДПсНЕ?

А јас пак ТВРДАМ дека: ако ДПсНЕ продолжи да води антимакедонска политика (нека продолжи да промовира северџгански пасоши ... нека ни наметнува водење на собраниски седници на странски јазик ... ни ја навредува интелегенцијата ... и при тоа се обие да ги внесе и Бугарите (преку некаква игра) во Устав тогаш::: ЌЕ ЗАВРШИ УШТЕ ПОЛОШО ОД сдсСС...
И така во само 2 изборни циклуси ќе се ослободиме од крлежи!

Системот со 6 изборни единици каде што помалите партии губат илјадници гласови е погубен за појава на политичка конкуренција. Помалите партии немаат шанси со ваков изборен систем, да имаше цела држава да беше во една изборна единица можеби и ќе се појавеше политички конкурент.
Пример ти е Хрватска, таму за парламентарни избори во повеќе изборни единици е поделена Хрватска и тоа им одговара на ХДЗ ( Крадезе) партијата и тие редовно победуваат, ама кога се претседателски избори во Хрватска тогаш цела држава е една изборна единица и затоа Милановиќ ги доби претседателските избори пред 5 години. Еве годинава Зоран Милановиќ и СДП изгубија на парламентарни избори од ХДЗ во Хрватска, ама наесен ќе има само претседателски избори во Хрватска со една изборна единица и пак Милановиќ и СДП ќе ги добијат претседателските избори токму поради фактот што за тие претседателски избори Хрватска ќе биде една изборна единица.
Моделот на 6 изборни единици и колку е тој добар или лош зависи пред се од други “работи“...
На пример и ако има само една ИЕ, а има медиумска цензура за нови и помали повторно нема да добиеш нови актери во полтичкиот театар.

Молба до администарацијата!
Мислам дека е време да се затвори темата СДСМ - Политичка партија а да се отвори нова со наслов:
Како сдсСС замина на Буниште :свиркам:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.461
Поени од реакции
36.027

...тренд фирма не е шала, во црно T-shirt Tommy Hilfiger New York, дополнително како оние од обезбедување, покажува бицепс :D
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
4.321
Поени од реакции
6.765

...тренд фирма не е шала, во црно T-shirt Tommy Hilfiger New York, дополнително како оние од обезбедување, покажува бицепс :D
Da ne mu frli okce? :shok2:
Ako treba da prefrlime porakava vo
"Со кој од познатите фаци би сакале да имате секс?" :pos: :pos: :pos:
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.378
Поени од реакции
5.173
Пошто ВМРО ги видовме овие 3 дена не ги бива за ништо, ред е да ги вратиме овие назад за наредни 7-8 години

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.461
Поени од реакции
36.027
Пошто ВМРО ги видовме овие 3 дена не ги бива за ништо, ред е да ги вратиме овие назад за наредни 7-8 години
...а за време не панадемија со коронавирус, донации и набавки под вонредни пандемиски услови, ако се буричка таму што милиони се злоупотребени, еден Господ знае!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.461
Поени од реакции
36.027
...па не се распаднати зошто не знаат колку се на број, односно колку се префлиле во ЗНАМ, но ако не сакаат да се распаднат треба да дозволат со поинакви критериум да може и други членови да конкурираат за Претседател на СДСМ, овие понудените се веќе истрошени од претхдно владеење со што СДСМ доби невиден пораз, не знам со кој памет ќе го назначат д-р В.Филипче за претседател, тој има позади себе одговорноста и кривицата за изгорени пациенти во модуларната болница, не знам како никој тоа не го спомнува во самата партија, заробени се меѓусебно внатре.


pozar-vo-modularna-bolnica-tetovo-2.jpg

...тој воопшто ниту искоментира за трагедијата, ниту не се чувствува за одговорен очигледно, не дал ниту веднаш оставка од министер ако имал воопшто совест и морал, па сега претседател ќе тера на СДСМ, тоа значи боза опозиција!

 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.046
Поени од реакции
84.858
20240630_215930.jpg

Честитки, Заев со гласовите на ромите, починатите и чат-пат по некој уценет си го стави Филипче на чело на партијата...и тие најтврдокорните ќе си заминат сега, наредни избори под 10 пратеници сигурно идат. :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.461
Поени од реакции
36.027
...на списоците фигурирале многу починати членови, а извесен број членови вратиле или не им дозволиле да гласаат кога дошле на избирачко место,

...првиот З.З., вториот Д.К. и сега третиот В.Филипче двајцата поставени од ЗЗ и двајцата лика прилика според работењето како предлагачот, поарно самиот ЗЗ да конкурирал, вака го наместил В.Филипче кој допрва ќе одговара за модуларната болница и изгорените пациенти поради враќање на предметот од почеток поради жалбите на роднините на изгорените пациенти.
...штета, ја уништија скроз СДСМ ќе биде цирксуз од партија, срам за претците комунисти!
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.001
Поени од реакции
4.177
Прегледај го приврзокот 422053

Честитки, Заев со гласовите на ромите, починатите и чат-пат по некој уценет си го стави Филипче на чело на партијата...и тие најтврдокорните ќе си заминат сега, наредни избори под 10 пратеници сигурно идат. :D
А на Филипчета, некој че му стегнит кривична или попут секоја добра комуњара, ќе помине неказнето, па дури и ќе биде награден сос уште една политичка позиција?...
Автоматски споено мислење:

Абе, овие не се распаднаа?

:kluc:
Се‘ уште не, ама работат на „случајот„...и на добар пат се да го остварат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom