СДСМ - Политичка партија

Дали ви се допаѓаат пратеничките листи со кои ќе настапува партијата на следниве избори?

  • Да.

    Гласови: 7 11,1%
  • Не.

    Гласови: 42 66,7%
  • Можеле да стават и многу подобри кандидати.

    Гласови: 14 22,2%

  • Вкупно гласачи
    63
  • Гласањето е завршено на .

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Кратка политичко-историска ретроспектива:

Социјал демократската унија на Македонија, односно Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е најголемата лево ориентирана политичка структура во државава.
Формирана е на 20 Април, 1991 година на 11 конгрес на тогашниот СКМ-ПДП, (партија за демократски просперитет) и како прв нејзин лидер е избран Бранко Црвенковски.
Денес со партијата раководи Зоран Заев, и СДСМ е дел од Европската прогресивна алијанса и Партијата на европските социјалисти.
Денешниот претседател и тогашен премиер е познат по создавањето и потпишувањето на Преспанскиот договор со кој се стави крај на деценискиот спор за името Македонија, а на Бившата Југословенска република Македонија, и беше додадена географска одредница - Северна Македонија.
Како дојде на власт Заев? На сите ни е јасно.
* Мора да се напомене дека државата претходно организира консултативен референдум за да го добие мислењето на народот во врска со Преспанскиот договор, и референдумот заврши со недоволен концензус, односно народот се изјасни дека е против таков договор.
Сепак, тоа му остави одврзани раце на законодавнот дом (Собранието) и по иницијатива на СДСМ, ДУИ и 10тина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ беше променат Уставот и беше дадено зелено светло за реализација на договорот од Преспа.

- Можеби стануваме 30та полноправна членка на НАТО и ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ, но се тоа е надворешна политика која нема директен и брз импакт врз економската мизерна ситуација на земјава.
- Правдата која беше тесно поврзана со мирот во душата на луѓето испадна тотално расипана од глава до пети. СЈО како институција влеа толку многу надеж, а скоро во иста мера но во негативен контекст ја одзеде надежта за зептосекунда.
- Ај двојазичноста можеби беше запечатена уште со Охридскиот фамозен (рамковен) договор, и после ~20години сеуште се базира на некој фиктивен попис на население, кој од непознати и добро познати причини - сеуште не е спроведен.
- Грција побара "прст".. а останатите хиени околу нас ни ја менуваат историјата и културното наследство...

Значи критики на адреса од СДСМ...колку ви душа сака... но сепак.. не знам зошто, ама личнава интуиција ми вели дека Заев повторно ќе биде премиер.

Па повелете на дискусија...
 
Последно уредено:

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.928
Поени од реакции
4.402
Партијата наследник на комуњарите треба со декрет да биде забранета да постои. Досега низ историјата не ништеле туѓинци, овие за само година дена успеаа да сотрат цел еден народ и да го сведат на заедница.
Да не набројувам понатаму, мислам дека сите ги знаеме нивните „успеси“.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.954
Поени од реакции
84.368
Партијата што додека била на власт променила:
-Знаме
-Име на држава
-Територијална поделба (2004)
-Устав
-Повторно името на државата
-Целосна двојазичност на ниво на цела земја

Тоа е се што треба да знаете за "левичарите" од Бихачка... нормално овде не ги вклучив транзицијата, продавањето фабрики за 1 евро, ТАТ, СЈО, Шарените и сите други канцери произлезени од ова дувло на идиоти.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.293
Поени од реакции
21.743
Во политиката има само едно поголемо зло од ДПНЕ, тоа е СДС. Доказ: Последните 30 години како власт и опозиција. @Scirea веќе напиша нивните најголеми дела. Да додадам само криминалната приватизација.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.915
Поени од реакции
15.902
Koja e taa korisnata?
Началникот на организиран криминал САБОТИРА акција против дилери на хероин

За назначувањето на Газменд Бериша за началник на организиран криминал ис екторот за дрога ВЕЧЕР пишуваше повеќе пати и објави податоци за негова можна соработка со организираниот криминал вод елот на дрога заради што и долго време се одложуваше неговото именување од страна на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасови но, непосредно пред напуштањето ан функцијата Спасовски го назначи ан началничко место.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.249
Поени од реакции
16.246
А у шеста изборна единица кој им е носител?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
СДСМ: Ќе имаме по двајца носители во секоја ИЕ - еден маж и една жена

Исто СДСМ:
Прегледај го приврзокот 237242 Прегледај го приврзокот 237245
Граѓаните во изборната единица 1, очекуваат правда и правичност, интеграција во ЕУ, повисоки плати и пензии и чиста животна средина. Пред граѓаните во изборна единица 1 настапуваме со 20 имиња на личности кои уживаат голема доверба во општеството. Нивната листа ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовска.

Економски раст и развој, модерна инфраструктура и грижа за најранливите, сигурност и безбедност се очекувањата во изборната единица 2, затоа чест да ја предводат листата ќе имаат Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.

Силно и конкуретно земјоделство, повисоки плати и можности за младите, подобро здравство ова го нудиме пред граѓаните во изборната единица 3, 20-те кандидати во оваа избрна единица ќе бидат предводени од Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.

Во изборната единица 4 влегуваме со силни инвестиции во инфрастурктирата, со уште посилна поддршка за земјоделците и уште повеќе можности за младите, тоа ќе треба да го испорачаат пратениците од оваа изборна единица а предводени од мене, Зоран Заев и Соња Миракоска.

Во изборната единица 5 носиме стабилност, безбедност, странски инвестиции, обезбедуваме раст на платите и силна поддршка на туризмот. Овде честа ќе ја имаат да ја предводат пратеничката листа Радмила Шекеринска и Јован Митрески.

Концептот едно општество и концептот повеќе пари кај граѓаните уште еднаш ќе ги потврдиме и тоа најмногу во 6-та изборна единица. Најразнолика изборна листа е токму овде и таа ќе биде предводена од претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами и Фаница Николовска.

Ова се носители на листи.
Која глупост е потенцирање на „целите“ по изборни единици... дека здравство е слабо само во ИЕ 3
 

Kajgana Shop

На врв Bottom