Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.062
Поени од реакции
36.626
Па ако е работата за со минох и пропециа и така ке добиеш некој резултати само со нив :) Иначе има турски доктор кој шо сигурно не муе прв пат да пресадва коса и ако не е успешно не ни почнуваја :)


Така пишеше на сител околу 3000 евра :)

Точно сигурно има ефект , али во никој случај неможе да се рамни со светските естетски хирурзи во Канада и Белгија. Се зависи од перспективата како ги гледаш работите , и какви очекувања имаш. Иначе знам за турскиот доктор , мислам дека е некој вид на презентација и запознавање на неговата работа во Турција , затоа презентира такви ниски цени во Македонија , што нормално е плус , убаво е да има заинтересирано и доктори и пациенти , се што се развива во медицинската гранка е плус за нашата држава.

Иначе еден познаник на татко ми со видно проретчена коса во зоната 1 , односно баш тоа највидливото од челото па 6-7 цм наназад , имаше трансплантација кај Бисанга во Белгија , моментално доктор во топ 3 ФУЕ во цел свет. Пресади околу 2500 графти , го кошташе 9500 евра и сеа има коса буквално како Роберт Патинсон.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
622
Поени од реакции
361
на понежнот пол и е важна само една работа (можеби ајде, две). Пари во џебот. Искочи у град па ќе видиш.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Статистички гледано во Битола најјаките женски ги имаат ќељајци до даска, и по некоја случајност дали ако си ќелав имаш субвенции за Мерцедес и БМВ да возиш? па сите таквите вакви возат и само некои плавуши, овие другите со косите џабе. Прашајте битолчанчани ќе ви кажат :D
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Статистички гледано во Битола најјаките женски ги имаат ќељајци до даска, и по некоја случајност дали ако си ќелав имаш субвенции за Мерцедес и БМВ да возиш? па сите таквите вакви возат и само некои плавуши, овие другите со косите џабе. Прашајте битолчанчани ќе ви кажат :D
Абе на некој му седи ќелав да биди, на некој не му седи :)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.062
Поени од реакции
36.626
Океј , можда некои ќе ме сметаат за луд али јас решив да се борам со косопадот до крајни граници. Пред 2 часа контактирав со доктор Рахал во Канада , моментално број 1 доктор за трансплантација на коса во светот заедно со Бисанга во Белгија. Му пратив слики од мојата коса и случајот ми е документиран , и здравје од Јуни одам да возам камион низ Америката да соберам пари. Некаде Октомври - Ноември треба да биде операцијата. Се одлучив за ФУЕ процедура бидејки сум млад и несакам никакви лузни на главата , и докторот ми кажа дека со 1500-1600 графти ќе имам "full head of hair", бидејки сум сеуште во почетен стадиум. Денес за прв пат во животот се истрижав кратко , и буквално доживеав шок во првите 10 минути , но потоа дури и почна да ми се свиѓа и шо е најбитно обликот на главата ми е фантастичен , барем мене ептен ми се свиѓа и во најлошо сценарио да не успее трансплантацијата ( што шансите за тоа се 0.0001 % ) ќе личам на Виктор Валдез. :D Ми препорачаа да користам Миноксидил 5 % , така да од утре го порачувам и стартува мојата борба со косопадот. :) Пропециа не ми е на репертоарот , со хормони не планирам да си играм.

Иначе за сите заинтересирани еве како изгледа трансформација на Рахал со 2200 графти , апсолутно фантастично. Извршена е на човек кој има 42 години.


Иначе еве колку кратко се истрижав денес, буквално кога го гледам Валдез како да се гледам самиот себе. :pos:

 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Ми препорачаа да користам Миноксидил 5 % , така да од утре го порачувам и стартува мојата борба со косопадот.

Си прогуглал за негативните ефекти од Миноксидил што се јавуваат ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom