Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.609
Поени од реакции
109
Проблемот со опаѓање на косата

Губењето на косата не го загрозува човечкиот живот, ниту неговите витални функции, но човечкиот род е мошне заинтересиран за изгледот, обемот и за квалитетот на косата. Косата отсекогаш имала симболично значење: кај жените претставувала симбол на женственост, кај мажите традиционална асоцијација на мажественост.

Губењето на косата кај многу мажи е тежок удар за нивната личност, а за жените е еднакво на катастрофа, особено во некои социокултурни средини. Затоа и не зачудува фактот дека косата била објект и култ на почитување уште од најстарите времиња. Првите анатомски податоци за косата датираат од пред 4.000 години. Уште од таа епоха ќелавоста била проблем што загрижувал и поттикнувал на верски обреди за да се истера лошиот дух. Ваквите религиозни обреди продолжуваат кај старите Грци, кај Римјаните и не го поштедуваат средниот век до ренесансата. Почнувајќи од ренесансата, интересот за проблемот со опаѓањето на косата е во постојан подем.

Денес косата го загуби своето мистично и религиозно значење, но затоа зазема многу значајно место во психата на човекот. Стравот дека може да се загуби косата често е извор на вистински неврози. Загрозените постојано се наоѓаат притеснети помеѓу оскудните или слабо разбирливите информации и различните медицински и немедицински написи за спречување на ќелавоста. Проблемот се комплицира уште повеќе поради фактот што современата медицинска наука до денес не располага со средства за ефикасно лекување на најчестите видови алопеции кај човекот.

Во последниве децении сме сведоци на многу брзиот развој на сите гранки на медицината. Меѓутоа зачудува малиот интерес за проучување на косата и покрај тоа што постојат голем број загатки. Во последниве години дојде до силен развој на трихологијата, како посебна дерматолошка дисциплина. Со воведување нови методи во испитувањето на структурата и на функцијата на влакното се постигнати многубројни резултати што овозможуваат подобро да се разберат разни појави како во нормалната така и во патолошки променетата коса.

Опаѓањето на косата е чест проблем во секојдневната лекарска практика. Андрогенетската алопеција или обичната ќелавост е најчеста форма на дифузно опаѓање на косата, индуцирана од андрогена стимулација на влакнените фоликули, кои се генетички предиспонирани за ваков одговор. Се јавува кај двата пола на возраст помеѓу 17 и 25 години. Кај жените поретко се сретнува и е со полесна клиничка слика. Кај жените обично почнува помеѓу 25-та и 30-та година од животот, со засилено прогредирање (напредување) кон средината на четвртата деценија. Жените со андрогенетска алопеција обично имаат, како придружна појава, засилена влакнатост над горната усна и на екстремитетите. Ендокринолошко-гинеколошките наоди обично се нормални.

Кај мажите клиничката слика е многу карактеристична, се препознава како прогресивно проретчување на косата. Опаѓањето на косата почнува главно во третата декада од животот и е посилно изразено доколку почне порано и постои фамилијарна историја за опаѓање на косата. Дијагнозата се поставува врз основа на фамилијарната анамнеза, клиничката слика и наодот на трихограмот и најновата метод на трихоскен-дијагностика. Трихоскен-дијагностиката е неагресивен метод на компјутерско броење на корените на влакната во избрана регија. Прогнозата кај алопециа андрогенетица (обична ќелавост), како кај мажите така и кај жените, за жал е се уште лоша. Терапијата во повеќе случаи се покажала како неефикасна, а болеста го следи генетички детерминираниот (одредениот) курс.

Психичките аспекти се многу значајни, затоа што губењето на косата кај многу мажи може да влијае врз нивната психа. Кога почнува да се развива ќелавоста, често се повлекуваат во себе, избегнуваат друштво и страдаат од комплекс на пониска вредност. За среќа, оваа психичка потиштеност не е трајна, лицето се навикнува на ќелавоста и подоцна не му прави особен впечаток. Затоа целосна смисла има изреката „не е тешко да бидеш ќелав, меѓутоа ужасно е тешко да ќелавиш”.

Кај жените ваквото губење коса е неприфатливо, крајно вознемирувачки и многу силно психички ги оптоварува, без разлика дали се на 30- или на 60-годишна возраст.

Преземено од време.


Ме интересира дали некој од вас има проблеми со опаѓање на косата? Еден другар има таков проблем а нема ни 18 години, и користи некој шампон кој наводно ќе му помогнел со опаѓањето.:lud:

 
Член од
14 декември 2005
Мислења
130
Поени од реакции
2
Nikakov shampon, nikakov preparat sto go reklamiraat, TV-topshop ili bilo kade nema da pomogne protiv toa. Bi pomognal samo vo slucaevi dokolku opaganjeto na kosata e predizvikano od nekoi faktori kako sto se, nedostatok na opredelena grupa na vitamini (najcesto B), losha ishrana, nervoza i slicno. Ali toa se slucuva poretko, pa zatoa togas najcesto se javuva gubenje na kvalitetot na vlaknoto. No, dokolku toa e genetski kaj samata licnost (dokolku bratot, tatkoto ili najcesto nekoj blizok od strana na majkata) ima opaganje na kosata, togas vo 99% e sigurno deka toa e genetski nasledeno.
Naucno e dokazano deka kosata se gubi poradi maskite hormoni, odnosno poradi DHT-dehidrotestosteron kade sto najvisok procent ima vo temeto na glavata i na predniot del na glavata. Zatoa kosata paga vo tie predeli, a ne paga na tilot i okolu toj predel. Zatoa i maskite imaat pogolem problem okolu toa, otkolku zenite. Vo aptekite (za kaj nas vo MKD ne sum siguren) ima apcinja po imeto Propecia koi sto uspevale da go namalat visokiot procent na DHT-dehidrotestesteron ili mislam deka imase nekoi alfa-dehidrotestesteron (imam samo citano ednas i ne sum zapametil tocno se), ali sepak mislam deka so ovie apcinja postoi i rizik da istata licnost stane impotentna so tek na vreme. Zatoa se vrshat posebni testovi za da se utvrdi dali licnosta moze bez problem da gi konzumira istite.
Edinstven lek, potocno alternativa koj sto postoi za maskata kelavost e plasticnata operacija, odnosno transplantacijata na kosa. Imam i za toa citano, ali dokolku nekoj go interesira moze da procita na internet ima dosta primeri ili vo nekoja sledna prilika bi kazal nesto i okolu toa sto go imam citano i slushano.
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
38
Eve eden recept koj e mnogu lesno i evtino da se prigotvi i so nego da se tretira korenot na kosata,a koj dava rezultati dokolku ste uporni i disciplinirani:

1. edna supena lazica ricinusovo maslo (go ima vo sekoja apoteka-5-60 den.)
2. edna supena lazica bedemovo maslo (isto taka)
3. edna supena lazica pantenol rastvor (isto taka)
4. edna zholchka
5. nekolku kapki svez limon

Seto ova se mati kratko,da se voednaci masata i se nanesuva na korenot na kosata,pramen po pramen,kako pri farbanje.
Neka postoi barem 1 cas,ke se stvrdne od zholckata i limonot,no ne se sekirajte.
Se ispira ubavo so topla (ne zeska) voda.

Potoa kosata se mie voobicaeno,se samponira,se plakne ubavo,se frotira,fenira...
Po nekolkukratna upotreba ke voocite deka kosata vi e sjajna,ne pagja neprirodno mnogu,cvrsto e vlaknoto i pocnuva da raste,osobeno e vidno na mestata kade bila najslaba ili opadnala.
Probajte,ne ve cini nisto,a srecata na obnovuvanje i zacvrstuvanje na kosata e neizmerna.
 

Птичји Грип

Без влакна на јазикот!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
770
Поени од реакции
7
Се фрустрирате ли од косопадот?
Косопадот најчесто е на генетска основа.
Дали тоа го доживувате како комплекс?
Купувате капа или се примате себеси такви какви што сте?
Правите фризури за да го прикриете тоа?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.924
Поени од реакции
527
Некои викаат дека ќелавоста (кај мажите) е знак за зрелост и машкост. :)

Мене лично не ме привлекува многу, ама па не ми ни смета којзнае колку. Не би требало да претставува комплекс, нормална работа е, што се случува кај најголем дел од машката популација, само на различна возраст. Ништо страшно, во секој случај. Плус денес постојат разни креми и третмани кои можат да го спречат оќелавувањето.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Нах...кај мене е јавено веќе некое време...си го имам прифатено како нормална ствар..мада ја бричам главата со надеж дека ако ја порастам пак нема да биди толку испадната...ама и да биде...таа што треба да и се допаднам толку многу нема тоа да и смета нели?

А и е знак на машкост. Ќелавоста е предизвикана од преголемо количество тестостерон (машки хормон). Така што ќелавите мажи се посексуално „наелектризирани”. За тоа се знае уште од грчката митологија. Сатирите се насликани како мали ќелави полу човек полу коза кои сакаа да ти „легнат“ музите :)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
Volkswagen напиша:
Нах...кај мене е јавено веќе некое време...си го имам прифатено како нормална ствар..мада ја бричам главата со надеж дека ако ја порастам пак нема да биди толку испадната...ама и да биде...таа што треба да и се допаднам толку многу нема тоа да и смета нели?

А и е знак на машкост. Ќелавоста е предизвикана од преголемо количество тестостерон (машки хормон). Така што ќелавите мажи се посексуално „наелектризирани”. За тоа се знае уште од грчката митологија. Сатирите се насликани како мали ќелави полу човек полу коза кои сакаа да ти „легнат“ музите :)
Значи Јул Бринер бил најпотентниот глумец во историјата на глумата?
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Bacillus gagous напиша:
Значи Јул Бринер бил најпотентниот глумец во историјата на глумата?
А Колина бе,у тој случај е секс машина :pos2::pos2:
Шала на страна татко ми и дедо ми се проќелавени и плус и други од фамилија од таа страна што не ми дава баш многу надежи ама па затоа од страна на мајка ми никој во фамилија не е ќелав.Е сеа ако и кај мене се појави не знам што ќе правам.Сигурно нема да бидам радосен ама што може да се прави?Ќе морам да се навикнам и ќе видам може ќе се шишам кратко а може и не.Се надевам деека нема да мора да дознавам.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
The Mummy Returns напиша:
.Сигурно нема да бидам радосен ама што може да се прави?Ќе морам да се навикнам и ќе видам може ќе се шишам кратко а може и не.Се надевам деека нема да мора да дознавам.
А...зошто? Прифати се и готово.

Него проблемот со Колина е друго...ова е друго :)
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
62
А зошто да се фрустрирате воопшто?Демек девојките помалку ќе ве сакаат ако имате помалку коса на главата отколку порано?:)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
Прва разлика помеѓу маж и жена: Главата на мажот се користи исклучиво за мислење, кај жената за мислење и за носење убава фризура.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Bacillus gagous напиша:
Прва разлика помеѓу маж и жена: Главата на мажот се користи исклучиво за мислење, кај жената за мислење и за носење убава фризура.
I agree with you. POTPOLNO:)

Mene silno mi opagja vo posledno vreme, se nadevam deka nema da stanam kako Ugro:), mislam deka opagja radi stresni situacii vo zivotot, i kaj ljuge koi se slabi so vitamini.
 

Птичји Грип

Без влакна на јазикот!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
770
Поени од реакции
7
Човек не треба да бега од реалноста.Треба да се соочува.Косата освен што има фунција да штити од сонце и прашина,е еден украс.
Е,сеа ја имало или не,ние мажите би требало да посветиме поише време на битните работи.
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
abe i ja se nadevam deka nema da mi padne... gleajki go tatko mi i cickomi.. :) :) keljavici...
bar da si zacuvam po malce.. kako mreza za komarci da mi sluzi.. :)
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.219
Поени од реакции
31
Мене ме интересира нешто друго овде. Сум читала дека белеењето на косата го исклучува паѓањето, односно кај оние на кои косата им белее на помлада возраст, не им паѓала? :raz:

Инаку, воопшто не ми смета ќелавоста кај спротивниот пол...таман работа ако некого ценам по бројот на влакната на глава :helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom