РЕВОЛУЦИОНЕРНА МЕТОДА ЗА ИЗЛЕКУВАЊЕ НА ЌЕЛАВОСТ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
На прес конференцијата која се одржа денеска (13/02/2014) се зборуваше за револуционерната FUE метода и нејзините предности и во неа присуствуваа (од лево кон десно): Д-р Yakup Sensoy - Ласерски центар Acibadem Д-р Илија Мостров - Специјалист по пластична и реконструктивна хирургија Д-р Андреј Петров - Специјалист дерматовенеролог.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за прв пат во земјава e направена револуционерна интервенција за излекување на ќелавост со помош на FUEметода. Оваа минимално инванзивна микрохируршка процедура претставува најсовремено решение за проблемот со губење на коса. Интервенцијата е безболна и се изведува со локална анестезија, со голема хируршка прецизност, не остава лузни и има минимална постоперативна болка, а за многу кратко време се постигнува природен изглед.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“, како врвна здравствена установа во регионот, во континуитет ги воведува најсовремените медицински процедури во третман на различни болести и состојби. Последната иновација е во третманот на ќелавост. Револуционерната FUE метода, од денеска за прв пат единствено се изведува и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Првата интервенција, која траеше околу четири часа, беше успешно направена од врвен тим на лекари кај 45 годишен пациент. По изведувањето на постапката пациентот веднаш се врати на своите секојдневни активности и обврски. Предноста на FUE методата, во споредба со досегашните методи, е тоа што се изведува многу брзо и нема потреба од скалпер, шиење, носење завои, а по интервенцијата не остануваат лузни.
FUE (Follicular Unit Extraction) методата се изведува со поединечно земање на фоликули од влакното, најчесто од областа на тилот, и пренесување на места каде што недостасува коса. Постапката се изведува со помош на посебен апарат кој овозможува најпрецизно земање на влакната, без лузни и без оштетување на околните корени, што е од голема предност во однос на другите техники.
Крајниот резултат од интервенцијата е изедначена прераспределба на косата, како и природен изглед и волумен. Новата коса расте во период од 16 недели, и не се забележува разлика помеѓу старата и новата коса, што не можеше да се постигне со досегашните методи на третман.