Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

G

garthok

Гостин
Океј , можда некои ќе ме сметаат за луд али јас решив да се борам со косопадот до крајни граници. Пред 2 часа контактирав со доктор Рахал во Канада , моментално број 1 доктор за трансплантација на коса во светот заедно со Бисанга во Белгија. Му пратив слики од мојата коса и случајот ми е документиран , и здравје од Јуни одам да возам камион низ Америката да соберам пари. Некаде Октомври - Ноември треба да биде операцијата. Се одлучив за ФУЕ процедура бидејки сум млад и несакам никакви лузни на главата , и докторот ми кажа дека со 1500-1600 графти ќе имам "full head of hair", бидејки сум сеуште во почетен стадиум. Денес за прв пат во животот се истрижав кратко , и буквално доживеав шок во првите 10 минути , но потоа дури и почна да ми се свиѓа и шо е најбитно обликот на главата ми е фантастичен , барем мене ептен ми се свиѓа и во најлошо сценарио да не успее трансплантацијата ( што шансите за тоа се 0.0001 % ) ќе личам на Виктор Валдез. :D Ми препорачаа да користам Миноксидил 5 % , така да од утре го порачувам и стартува мојата борба со косопадот. :) Пропециа не ми е на репертоарот , со хормони не планирам да си играм.

Иначе за сите заинтересирани еве како изгледа трансформација на Рахал со 2200 графти , апсолутно фантастично. Извршена е на човек кој има 42 години.

Иначе еве колку кратко се истрижав денес, буквално кога го гледам Валдез како да се гледам самиот себе. :pos:

Па ако имаш волку коса и си баш ваков што ќе ти е трансплантација, на сите нормални им е ваква на кец/двојка.
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Дали некој знај дали можи да се меша минохидил од 5 % и од 2% и да се добие 3.5 % ?
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Дечки прашував на темава и пред некој месец али веќе ме заплашува ова. Во последно време ми оретчи косава, имав пребујна, а веќе се плашам дека со вакво темпо за брзо ќе дојдам со проблеми. Во фамилијата немам ќелави луѓе (она малку машко прокелавување залистоците на дедо ми, татко ми и вујко ми, но кај сите се појави после 30та). Пробав читав низ темава али сум слаб со време и се изгубив доста, чаре некој да препорачате? да пробам да видам дали ќе се смени нешто. Ви благодарам.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
аииии ова многу гадно бре :facepalm: а за saw palmetovo друже си нашол нешто лошо вака ?
Нели е слично нешто како пропециата? Мислам дека го намалува тестостеронот.

http://altmedicine.about.com/od/qalibrary/f/sawpalmetto.htm

Saw palmetto has also been found to affect the levels of sex hormones such as testosterone and estrogen in other ways.

Коцка е се у пм , прашање е кој ќе биде доволно храбар да ризикува. Сите организми различно реагираат на ваквите лекови. Познавам луѓе што се на пропециа и минох со долги години и немаат никакви негативни ефекти , али штета што има некои кои имаат лоши последици.
 
aleksandarreal

Sport fanatic
Член од
15 мај 2009
Мислења
905
Поени од реакции
276

абе тука како што читам и нема некои ептен сајд ефектс ја ги пијам и ме јаде вака совест од време на време у пм:unsure: А во врска со видеово па ми изглеа ептен фантастично и иновативно ова со трансплантацијата али којзнае колку ке те кошта плус некако големо чело ми изглеа дека има типот пак или ке треба да му се доправи уште една тура изглеа.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
абе тука како што читам и нема некои ептен сајд ефектс ја ги пијам и ме јаде вака совест од време на време у пм:unsure:
И како колку време ги пиеш? Има ефекти? И јас се двоумам у пм , незнам дали да почнам со нешто да пијам.
 
aleksandarreal

Sport fanatic
Член од
15 мај 2009
Мислења
905
Поени од реакции
276
И како колку време ги пиеш? Има ефекти? И јас се двоумам у пм , незнам дали да почнам со нешто да пијам.
више 2 ипол години стално а позитивни ефекти има бајаги пошо почнав уште рано да ги пијам у почетен стадиум на опаѓање ама од друга страна имам грижа на совест ако сакаш адни ме на фб ќе видиш поконкретно резултати.
 
Член од
30 декември 2008
Мислења
131
Поени од реакции
20
Да го споделам и моето искуство околу паѓањето на косата...Почна интензивно да ми паѓа и верувајте се изборив да го спречам и да направам нов раст на загубената коса.Лекот не е само во парите што ќе ги фрлиш залудно на 300 хемикалии туку во природните препарати.Почнав со користење на чај од свежа коприва од половина литар измешано со 200мл вински оцет.Го ставав лосионот навечер преку еден ден и сабајлето ја миев со брезов шампон во кој ставав 6 ампули б6 и неколку капки маслиново масло.На крајот ја плакнев понекогаш и со чај од лист од орев(кога не ме мрзеше) но бев упорен.Сега после 8 месеци имам многу погуста коса и речиси воопшто немам залистоци.а резултатот се забележува уште по еден месец,само треба упорност.Иако знаев дека жена ми ќе ме сака и прифати секаков јас едноставно се осеќам по згоден со коса.а верувам и поголемиот дел од мажите го имаат истото мислење.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
161
Поени од реакции
176
Дечки прашував на темава и пред некој месец али веќе ме заплашува ова. Во последно време ми оретчи косава, имав пребујна, а веќе се плашам дека со вакво темпо за брзо ќе дојдам со проблеми. Во фамилијата немам ќелави луѓе (она малку машко прокелавување залистоците на дедо ми, татко ми и вујко ми, но кај сите се појави после 30та). Пробав читав низ темава али сум слаб со време и се изгубив доста, чаре некој да препорачате? да пробам да видам дали ќе се смени нешто. Ви благодарам.
Пробај со лук, да го масираш скалпот каде што си забележал опаѓање на косата (знаеме лукот мириса, но за да го спречиш тоа може да си земеш и ореово масло) така намачкан скалпот остави го подолго време од 1час, пожелно и цела ноќ..
Друго што помага е маслиново масло и цимет (канела). Во некој сад или мала туба, стави 50мл маслиново масло и 1 кесичка цимет, расмешај и стави на скалпот да отстои најмалку 1 час.
+ јади бадеми, лешници, ореви и варени белки од јајца
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Пробај со лук, да го масираш скалпот каде што си забележал опаѓање на косата (знаеме лукот мириса, но за да го спречиш тоа може да си земеш и ореово масло) така намачкан скалпот остави го подолго време од 1час, пожелно и цела ноќ..
Друго што помага е маслиново масло и цимет (канела). Во некој сад или мала туба, стави 50мл маслиново масло и 1 кесичка цимет, расмешај и стави на скалпот да отстои најмалку 1 час.
+ јади бадеми, лешници, ореви и варени белки од јајца
Ај ќе пробам ова со лукот или со циметот, за бадеми, лешници, ореви, белки варени ми е секојдневна исхрана...
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
Каков цар е овој Спенсер , на мал милион луѓе им има помогнато со неговото искуство. Секоја му чест , скоро 15 години од животот има посветено во индустријата и е еден од најголемите ментори за губењето на коса кај машките.

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Прашање чиј одговор хитно ми треба, а неможем да барам у 101 страна на темава :Д

Вака, дали користењето на лак за коса (конкретно Интеза) има влијание врз паѓањето на косата, и истото прашање за восокот/гелот за коса.. Фала однапред :)
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.672
Прашање чиј одговор хитно ми треба, а неможем да барам у 101 страна на темава :Д

Вака, дали користењето на лак за коса (конкретно Интеза) има влијание врз паѓањето на косата, и истото прашање за восокот/гелот за коса.. Фала однапред :)
За опаѓање незнам не сум сигурен , али се појавуват многу бели влакна. Братми користи секој ден и има бели влакна а тек е 19 години , му викам секој ден али џабе , незнае низ каква депресија може да поминува ако почне да му паѓа.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
пол кило шампон од алкалоид(коприва) во него 2 пресечени на пола главици лук, нека стои така 2 недели и мијте се така, преку 1 ден.. за 1 месец ќе има резултати од искуство кажувам, ми паѓаше косата да не претерам 100 120 влакна дневно, сега не повеќе од 20...

Инаку тие приказни као мириса... да додека се миеш мириса малце, но од кога ке се исушиш вооошто не мириса...

Шампонов бидејки е благ и ја мрси косата побрзо, после бањање ви препорачувам пудра бекутан.. !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom