Луѓе, Рокфест сепак не е организација со натпреварувачки карактер. Поради самиот концепт на гласањето и организацијата, нормално е на рокфест да тепаат луѓето што ќе си донесат најмногу публика. По автоматизам на нештата, реално е дека никој нема да гласа за бендот кој најмногу му се допаднал, бидејќи, сепак, тој дошол како публика на веќе избран бенд. Доколку постои некакво жири кое би ималу удел во одлучувањето на победникот тогаш тоа е сигурно исто така изманипулирано колку што се може. Кој на кого пријател, вујна, стрина, мајстор за плочки и бела техника, забар.... сепак се некои пропратни луѓе во животот со кои не сакаш да се заамериш за било што, посебно не за некое фест-че на кое учествуваат некои си таму "копиљаци со излижани инструменти за кои никого уво не го боли". И, со оглед на поставеноста на работите, секакви коментари од типот на тоа кој кого донел и кој тепал и не знам кој бил добар се излишни бидејќи сакале или не, морате да прифатите дека таму се оди само за да се презентира некоја нова работа, некое ново доусовршување итн. и воедно уживање во самата музика, а не се оди за да се докаже кој е кој и кој од кого е подобар... За такво нешто, ќе мора да се организира нешто мноооогу посериозно... Поздра(Ф)