Знам дека никој освен евентуално Морисонка нема да ме разбере, ама: ТОМЕ!!
Значи од толку добри бендови победи единствениот бенд што не го заслужи тоа (според мојот вкус).
Warnament ми се свиѓаат, прават добра атмосфера, а и морам да ги сакам пошто братучед ми е у бендот

се зезам, ама стварно ми се океј децата...
Overtime се највише по мој вкус, мада ич не ги видов, пошо кај и да идев имаше по некој повисок од мене, али нејсе, арно отсвиреа..
Vandal не ги слушав со големо внимание, а уште помалце ги глеав, но сепак, ги имам слушано и порано, момците растураат..
Некст Џенерејшн... ма они се ѕвезди.. така и се однесуваат.. на моменти се прашував дали сум на концерт на Ролинг Стоунс или на свирка на размазени копиљаци. Ајдеее раце горе.. ајде сега сите заедно да скокаме.. и да ви ја претставам поставата на бендот.. прво ќе почнеме од новите членови јеееее („томе“ аген..)
.. децава стварно треба да го послушаат Боки од Warnament за: "да не зборимо многу, туку да свирамо“ затоа што затоа што тоа е основната намена на Рок Фестот.. и изгледа дека тоа некои не го сфаќаат..
Нејсе.. убаво си пројдов..