Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Долу пред зградата има еден 125, петобрзински оригинален кој е каросериски солиден, 1600 специал модел, и во возна состојба, ама не се вози. Стои долу околу две год.веке. Ке се распрашам и ке ти кажам дали се продава.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
strumics напиша:
Долу пред зградата има еден 125, петобрзински оригинален кој е каросериски солиден, 1600 специал модел, и во возна состојба, ама не се вози. Стои долу околу две год.веке. Ке се распрашам и ке ти кажам дали се продава.
-Ми треба едеб таков, да го средам и дотерам, можеби и плин ќе му вградам за да можам да си ја влечам камперската приколка со него. Имам огромна „Адриа-Караван“, постар модел, тешка е ужасно а уште и кога ќе ставам во нејзе ствари...скоро 2 тона:).
-VW 1303ѕ барам за еден „проект“ за кој насобрав доста литература а и запален сум доста за да го направам тоа. Идејата ми е да правам "off road" возило со погон на една оска. Ако успеам да го направам супер ќе биде, ако не тогаш имам и план „Б“, а тоа е "Airboat" :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Мандрак, мислиш баги да правиш на шасијата од бубата со пластична каросерија, и со нејзиниот мотор? Навистина јака идеја.

btw: Ми текна нешто, гледајки ги деловите на фиатот: Се мислам место добош кочниците позади да ставам диск кочници од Застава 1300. Мислам дека ке биде таква работа.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
strumics напиша:
Мандрак, мислиш баги да правиш на шасијата од бубата со пластична каросерија, и со нејзиниот мотор? Навистина јака идеја.

btw: Ми текна нешто, гледајки ги деловите на фиатот: Се мислам место добош кочниците позади да ставам диск кочници од Застава 1300. Мислам дека ке биде таква работа.
Од 125-ка да ставиш, ама и главниот цилиндер за кочење да го замениш со тој од 125-ка. Ќе добиеш ептен подобрено кочење. Кај Fiat1300 проблем беше да пипнеш кочница во кривина баш заради добошите позади. Ако добие дискови до некаде се подобрува таа состојба.
Инаку баги мислам да правам само не од пластика туку од лим. Делумно ќе биде задржан некој оригинален елемент од школката, некои ќе се модифицираат а некои ќе бидат направени нови, поинакви. Кровот во секој случај ќе претрпи најголеми промени како и предната хауба и крила. Вратите ќе бидат преправени сосема, задната шофршајбна се вади, стаклото се уфрлува во подвижен оквир со подвижниот кров...да не ти опишувам сега се, ако го направам, кога ќе го направам ќе видиш:).
P.S. Инаку од старата „Буба” се прави и многу успешен чопер на 3 тркала :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Денес видов интересна Нива оставена кај еден автолимар(бев да залепам точачето на керката). Нивата е доведена до гол лим и се работи на неа.

Лада Нива од 1977 (првите некаде). Се распрашав, кој што ке прави, и ме одведе патот кај „мојот„ мајстор. Веке од Бугарија ги набавил сите делови за неа. Би требало да излезе интересно нешто. сопственикот е ентузијаст иначе, сака коли.
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
Каде може да се хромираат делови во МК? На постарите модели вообичаено раткапните и браниците се хромирани и со текот на годините се оштетуваат.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Harko напиша:
Каде може да се хромираат делови во МК? На постарите модели вообичаено раткапните и браниците се хромирани и со текот на годините се оштетуваат.
Не се хромираат, се никлуваат! Во Скопје има некои работилници кои можат да хромираат, не сум сигурен во квалитетот на услугата зашто не сум користел таква услуга овде. Имам слушнато дека и во Прилеп можело да се хромира ама незнам точно каде. А за во Скопје ќе прашам деновиве ако ти е битно и мислам дека можам да дознаам ако ти е битно.
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Ima edno tipce od kaj mene....Zare se vika. So old tajmeri raboti gi poprava pa g i vozi...ako sakas mozam da te svrzam.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
имаше едем комшија стар триумф од 60-70тите го зеде по некоја трампа за смешна цена го продаде во еден бутик одново за смешна цена каросериски беше одржан само моторот ну беше дфект го скапав молење да го рестарвира само типов немаше слух,а дома пак немав право на глас за да располагам со финасиите како ќе се арчат па остана само пуста желба уште ми е мака ако е случкава пред 10 години
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Има некој да му треба случајно делови комплет се освен лимарија (зашто не чини) од стар CITROEN GS Pallas? Ако има таков нека ми пушти ПП. Имам еден цел за растурање со релативно добар мотор, фарови, електрика...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Денеска имав голема преселба на деловите од Фиатот. Имено, гаражата каде стоеше расклопен, е во куќата која е во изградба, а работите продолжуваат за некој ден, па мораше да се сели колата. Отиде школката кај мајсторот каде ке се работи на неа, моторот и остатокот од механиката се префрли кај баба ми во подрум, кај ке ми е крајот, којзнае...
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Струмикс напиша:
Денеска имав голема преселба на деловите од Фиатот. Имено, гаражата каде стоеше расклопен, е во куќата која е во изградба, а работите продолжуваат за некој ден, па мораше да се сели колата. Отиде школката кај мајсторот каде ке се работи на неа, моторот и остатокот од механиката се префрли кај баба ми во подрум, кај ке ми е крајот, којзнае...
Ич да не се секираш, ќе биде се и тоа многу полесно и побрзо од што ти се чини дека ќе биде :)! Кога лимарот ќе ја заврши работата на каросеријата ќе се запрепастиш за колку кратко време ќе завршиш со се друго зашто фактички тогаш ќе ти остане многу помалку, помалку од половина од целата потребна работа. Моторот и подвозјето се решаваат за 3 дена ако му се посветиш на тоа. Јас, иако не сум по професија механичар, на Fiat 132 GLS за едно поладене и половина вечер, во услови на отворен пат, паркиран покрај патот направив комплетен ремонт со помош на другар ми кој ми помогна за вадење на моторот и враќање назад. :)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Нов проект!

Ок дечки...ја продадов Бубата.
Имам некој динар настрана. Планирам да го остварам мојот сон. Да си направам САМ возило, мислам да купам да го средам самиот и да го возам.
Сакам да одам на Застава. Зошто? Па бидејки имаат евтини делови, совети од постари мајстори, многу делови можете да најдете и во најблиската трафика итн итн.

Планирам да потрошам ДО 1000 евра со регистрација, значи ...750 евра како иди...800 еве нека бидат.

На листата се:

Zastava 750/850 (850 се во предност)
Fiat 850 (иако со лимарија се потешки ама барем механика има)
Zastava 101 (по можност Mediteran ама и обична 5 вратна може)
Zastava 128
Fiat 1300/1500 (едноставно имам мерак и затоа знам дека со делови се слаби освен со порачка од Крагуевац)
Размислувам за Волга, велат дека во Бугарија носеле делови нови и евтини.
Yugo може,ама високата почетна цена ме одбива.


Сега за сега најмногу имам истражувано за Zastava 750 (Фичо).
Денеска видов едно средено во Битола и навистина ми се допадна.

Планирам на Фичото.
(нормално ќе видам во каква состојба е прво).
-Фарба (внатре, надвор, мотор)
-Интериер (+ставање на 5cm изолационен сунѓер назад за звучна изолација!)
-Битуменирање
-хромирани бандаши од „длабоките”.

Ако е во ред со фарбата (мада повеќе сакам од „невините” т.е прва фарба) само бандаши, малце интериер, моторот некаква надградба.
Нешто вака...


Може и затемнети стакла, некои додатни фарови на браниците...

Ајде да прочитам ваш совет!
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
немој само кичерај бои, и спуштање на фичото ко демек на трки ке го носиш. Прај го со стил, класика нека биде :)
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Па се знае дека ќе одам на класика. Како што го гледаш ова погоре. Само хромирани бандаши. Хром и акрилна боја.
Сепак сакам и да е малце up-to-date, па нешто ќе ставам системче, покомотни седишта (after all I am 195cm)...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom