Ваков дел на форумов немаме бидејќи досега се нема покажано поголема заинтересираност освен Гарфилд на неколку наврати има покажаност пасија кон мотоцикли. Да видиме дали воопшто има ентузијасти кои навистина се разбираат во мотори и љубители на олд тајмери, луѓе кои се зависни за реставрација на стари автомобили и слично. Моментално собирам одредени делови за една моја стара љубов, Fiat 124 1964 и ме интересира дали некој е повеќе запознат со конзервација на мотор, реставрирање на делови, отстранување на рѓа од хромирани делови и слично. Исто дали некој слично како Гарфилд знае како да трансформира мотор и слично.