Хммм, па, уште нешто да додадам:
за Џиш:
Егзотичните примероци што постари вредат многу повеќе. За масовните сериски возила, цените не скокаат драстично. Што сум гледал по нетов, за 1300 во состојба „како од фабрика” цената е од 9000-12000 евра...Зборувам за целосно и грижливо реставриран примерок, до детал! Тоа се веќе возила кои се стари од 46 год. (најстарите ) до 40 год. (најмладите). Заставите не се бројат, тие се произведувани до 1979.
Е, за филингот и уникатноста... Секогаш предизвикуваат погледи... И, имаат душа...Возиш историја, дел од времето, се враќаш назад во времето... Мојот план на пр. е да му ставам и оригиналното Филипс радио, кое татко ми го купил тогаш, никлувано, без FM, само на средни и долги бранови...И, ќе фаќаш само Радио Скопје
, и ќе ти се чини дека си некаде заглавен во 68-69 год...И, секако ти ги враќа спомените на некои времиња, на детството, на незанам што... Тоа е она магичното кај олдтајмерите, кој барем за мене, ќе биде кола која ќе се вози по градот само во недела поручек, и тоа по сончево време, и можеби на некој олдтајмер рели, а остатокот од времето ќе си седи во гаражата, каде љубоморно ќе ја чувам и ќе ја гланцам...