Реставрација на автомобили и моторцикли, расклопување мотори и слично?

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.577
Поени од реакции
7.515
Читам и не ми се верува. Ова е сето тоа што го имав замислено кога го започнав овој топик, вакви богати дискусии!

За мерцедесот, доколку денес би бил од категорија 5, би вредел преку 200,000 евра. Нормално еден куп пари треба да се доведе до петка, ама вреди тоа милениче. Јас да би имал време и финансии, никогаш не би го продал. Ама пак тоа е ако имав. Инаку, за тие постари мерцедеси, ако се сеќавате на мерцедесот од Лазар Колишевски (беше W110 200D) еден мој комшија го имаше автентичниот кој Лазар го поседувал, во возна состојба и го користеше за лични потреби (до на пазар и слично). Е сега за секои 4 дена возење по улици следеа 8 дена поправки под него, ама не е битно. Го поправаше за да го склопи добро и да го донесе до петка категорија, ама после наеднаш исчезна тој мерцедес од позади зграда. Најверојатно го продаде некому. Исто, едни други луѓе кои ги познавам, пред 5 или повеќе години имаа еден потполно ист мерцедес како што опиша Мандрак, но да речеме во двојка состојба, и случајно најдоа еден потполно исти кој не беше во возна состојба. Го купија за 200-300 марки (џабе, неам зборови, џабе) и од двата склопија еден, ама не 5, 6 категорија. Ако добро се сеќавам дури го извозија до Штутгард, фабриката на Мерцедес. Дали добија 100 или 200 илјади марки, ама ич не ми текнува.

Инаку вака изгледаше мерџото на Колишевски, само што беше црн. (кликни за поголема слика во нов прозор)


А за алатот, треба алат и е потребен. Ако имате пријател кој е механичар или е исто ентузијаст и има услови (простор, алатки, канал) обавезно ако сте во можност таму да ги средите овие работи.

А за хромирање и слични зафрканции, веројатно има локално да се направат, барем порано имаше во Застава АГП, Алатница, требаше да чекаш по 1 месец ама го правеа. Сега како што е времево Македонија не произведува штрафчиња за слики на зид, не знам.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Моделот 170-s КАБРИО не постои во Македонија. Оној што јас го поседував беше единствен! Има неколку (чинам 3 или4) „хард топ боди” од истиот модел но нема кабриолет ниту еден!
-Инагу вакви „опашкар” или „репаш” модел на Мерцедес има сеуште низ Скопје и ги возат, кој во подобра, кој во полоша состојба но ги има. Имаше летоска во Чаир, пред Јаја Паша џамијата на улица изложен еден бел, ист таков како на сликиве што ги имаш ставено, за продажба и тоа во ептен добра состојба, каросериски беше „кукла”.-Ако ти кажам цена ќе се скинеш од смеење :pos:! Дури пред месец-два се продаде. Колку што разбрав, моторот му бил од 115/200-D, во ептен добра состојба, траповите му ги погледнав, беа одлични, не знам само менувачот во каква состојба бил бидејки не седнав да го пробам. Го продадоа за 650 евра!!!
-Што се однесува до никлување на украсните делови, не е некој проблем, во Скопје ина 2 помали работилници во кои може тоа да се заврши, а за стариот мерцедес кога никлував делови како што се браницитем маската, некои лајсни и кваки тогаш сеуште немаше кај нас па ги носев во Кикинда, во некогашната фабрика што склопуваше Опел во СФРЈ:). Најбитно е предходно да бидат одлично изчистени деловите од се што има на нив, буквално да биде гол и чист метал пред да се пристапи кон никлување. Мене овде ми ги изчистија во ИГМ-Типо, не ми беше проблем зашто татко ми порано таму работеше, а имаа една од најдобрите комори за пескарење во која чистеа цели вагончиња со кои ги внесуваа циглите на печење во печка. Беа беспрекорно изчистени, ги завиткав во најлонска фолија, ги намотав со леплива лента и ги однесов на никлување. Кога видоа во Кикинда не веруваа дека може така добро да бидат изчистени стари делови:). После никлувањето изгледаа прекрасно, онолку колку може се разбира, зашто забот на времето сепак остава траги на површините кои се гледаат и преку слојот на никел кој е нанесен.
Сакав да кажам дека сега веќе не е проблем да се никлуваат делови поготово ако се помали. Ако се поголеми како на пример маска, браник и слично не сум сигурен, но можам да се обидам да се распрашам ако има некој што стасал до фаза на никлување.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Инаку, еве како изгледа во 5-ка моделот на Mercedes 170-s cabrio произведен 1950, инаку моделот датира од 1936:

Оној што јас го имав беше црн, ваков:
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Mandark, ме влечеш за тастатура сеа ... вакво нешто сакам...

само без тие грдите налепници .... бојата би се сменила, со две линии на средина... и некоја фелничка поасална, али сеуште во muscle-car стил
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Здравје, утре планирам да го растурам моторот. да видам внатре што и како е. Стои цел уште од лани летото. за школката сега немам време. Инаку, ако излезе се како што мислам, нема да има многу работа по моторот. Ако стасам утре, се надевам дека ке успеам и да го исчистам(во нафта). А после ке земам да исфарбам ладник, картер, филтерот за воздух, такви работи кои се под хаубата, па да се дојде до некоја пара и да се поработи на каросеријата. Деловите за преден трап се ефтини и се наоѓаат и горе-доле ги собрав. треба да ги репарирам амортизерите(оригиналните стојат), федерите се добри, и ми фалат некои ситници како топката на врвот од менувачот на пр. уште на времето, татко ми ја скршил. Треба и седишта да тапацирам, и да се направат нови облоги на вратите по теркот на оригиналните(има некоја влага на две).
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Vnuce, Fiat 128 ако побараш и ќе најдеш. Читај редовно огласи, минатава есен имаше 2 комада такви кои се продадоа за не многу пари и беа доста ок. Инаку бандашите на овој што си го ставил на слика се баш ок, онакви како што треба за модел од тоа годиште, јас воопшто не би ги менувал, можеби само убаво би ги исполирал, а боја или би оставил иста или би префарбал во "pearl-mute", имам видено една 128-ка со таква боја, ненормално добро изгледа. Се наоѓаат такви 128-ки сеуште во различна состојба ги има и за различна цена, зависи колку си подготвен да потрошиш за да ја набавиш и за да ја средиш. Најбитно да е ок каросериски, се останато се решва лесно зашто одоздола и под хауба е скоро иста како 101, а ако успееш да најдеш машина од 101-comfort со 1300 ccm и малце да ја „прочачкаш”:) више нема да биде спортско ауто туку ќе стане болид! Инаку во еден период од беќарлакот за курташак купив ваква, само што мојата беше жоло-зелена. Најмногу ми праеше ќеиф тоа што доста добро се понашаше во кривини и седиштата кои многу наликуваа на Ricaro:), инаку во оваа која си ја изложил седиштата не се оригинални.
-Ѕtrumics, немој да го растураш моторот ако предходно е конзервиран, сипи само бензин низ отворите за свеќички и со клуч на ремен шајбна од радилицата изврти го малку, или пак ако е анласерот ок тогаш разверглај го. Извади го картерот, испери го со нафта, земи четка и одоздола со нејзе убаво натопена во нафта испери ја радилицата и остави да се изцеди, па истата постапка повтори ја со бензин и готов си!
Симни го капакот од вентилите на главата и исто со четка натопена во бензин(никако со нафта на главата) испери ги клацкалиците од вентилите и главата одозгора. Врати се на место, свеќочките немој сеуште да ги ставаш туку побарај мерач за компресија и провери ја компресијата на сите цилиндри. Ако е добра (над 7,5 Kg/cm2) и уедначена, тогаш поарно не го чепкај моторот. Нареден ти е карбураторот кој сигурно ќе бара интервенција после толку долг период на некористење. Ако мислиш дека ќе можеш да го решиш сам, тогаш отвори го, расклопи го внимателно на една страна стави ги сите метални делови заедно со телото и капакот, на друга страна се што не е од метал вклучувајќи ги и дихтунзите. Оди во аптека и купи 2-3 литри ацетон, најди една поголема тегла за која имаш капак и во нејзе стави ги сите метални делови заедно со телото и капакот, сипи ацетон за да биде се потопено и затвори ја теглата. Нека остане така 2 дена, сосема е доволно. После 2 дена извади ги деловите од теглата и стави ги во едно тенџере во кое ќе ставиш вода, течен детерѓент и малку варекина и сето тоа (по можност со некое плинско решо и надвор во двор или балкон) нека врие 2-3 саати. После вриењето остави се полека и постепено да се олади, никако не го лади со вода зашто може да дојде до пукање на шпијалтерот од кој е лиено телото на карбураторот! Одкако ќе се олади, исплакни ги убаво деловите со силен млаз вода, истреси ги, исуши ги и состави го карбураторот. Останува само подесување на смесата од воздух и бензин, а тоа ќе го направиш на лице место одкако ќе го монтираш и ќе му ставиш нов филтер за воздух.
Толку од мене:)
P.S. Не заборавај да смениш филтер за масло и масло!!!
Пробај да го запалиш моторот одкакп ќе му ставиш нови свеќички и платинки, подеси му ја смешата на карбураторот и аголот на предпалење на разводникот (некаде помеѓу 10 и 15 степени мислам дека требаше да биде за тие мотори). Пред да го палиш обавезно провери ја затегнатоста на шрафовите што ги држат клацкалиците и зазорот на вентилите(мислам дека требаше да биде 0,20 за усисните вентили и 0,25мм за издувните, но провери, не сум сигурен). Запали го и слушај како работи, подеси го карбураторот и ако тропа ланчето од брегастата оска набави нови ланчаници и ланче и смени ги, не ги затегај затегачите зашто не си сигурен точно колку е самото ланче во добра состојба!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Фала за советот, мандрак. Инаку моторот е надвор од колата, конзервиран. Имам набавено нов ланец и сет дихтунзи и семеринзи(Застава). Утре само ке го исчистам убаво и ке ја направам процедурата со карбураторот(како што кажа ти), а зазорот е тој (браво!). за палење, планирав да дојде и другар ми механичарот, а тоа ке е другата недела. Ке се обидеме да видиме што ке каже. Инаку, при расклопувањето на колата, беше во возна состојба и возејки ја однесов во гаражата каде е оставена и расклопена. Татко ми рече- прави и што сакаш ( а и нему му е кеиф), оти тој воопшто и не ја возеше. Само еднаш неделно, во недела. Од летото, завршив само некои ситни работи, како сечење на изгниените делови (посебно околу праговите оддолу), и се сконцентрирав на набавка на некои дотраени делови, од кои некои пронајдов(повекето), а некои сеуште барам.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Денес од сабјле ја завршив работата околу моторот и карбураторот, според Мандрак.(фала многу шефе) Не го составив пак, а го извадив и ланецот(имам нов, стариот тропаше уште лани). Наредната недела ке се измери компресијата и ке видам на што сум механички, и се ако е во ред, да завршам со механиката.
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Цитроен Ајкула(Деголка) ако може да се најде кажувајте одма колку пари и во каква состојба.Леле ама е закон таа кола еј!!!

 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
2003 летото, кога одев на серис со Xsara-та, во Скопје, еден донесе ајкула, тегет исфарбана, состојба 5 (по мене). Рече дека фрлил огромна пара по неа, а доаѓаше во сервисот да му ја средат хидрауликата. Рече дека колата ја купил за смешни 500 евра, и ја средувал, и купувал само оригинални делови. Мислам дека за тие пари до 1200 еур. може да се најде добра ајкула, солидна основа за почеток.
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Па тоа не е скапо воопшто,само треба време да се има за да се среди све комплет.Јас знам дека низ Скопјево има 5/6 ајкули во возна состојба! Фала за информацијата
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Citroen DS или „Деголка” или уште наречена „Ајкула” е модел кој е доста популарен по својот изглед. Како сопственик на Citroen-ов модел кој не е многу понов од ајкулата ќе кажам само дека е „изгор” за делови! Ненормално се скапи и дека за 1.500 евра ќе успееш да купиш делови за репарација не ми се верува баш. Една полуосовина заедно со зглоб чини преку 200 евра, една топка за хидрауличната амортизација чини 120 евра, ги има најмалку 5, ако не и 6 кај поновите, хидрауличната пумпа е нешто повеќе од 400 евра...ако треба да се средува моторот ем тешко ќе најдеш делови ем ненормално се скапи...-Се на се едно многу „солено” задоволство ќе испадне без оглед на тоа за која цена ќе го купиш возилото. Да не спомнувам што на постарите модели на Citroen се е буквално различно склопено и целиот концепт е тотално поинаков одколку кај било кој друг модел или производител така што сакал-не сакал ќе мораш да побараш услуга од механичар кој има познавање од овој вид возила, а и тоа ќе те чини екстра пари!
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
strumics напиша:
Денес од сабјле ја завршив работата околу моторот и карбураторот, според Мандрак.(фала многу шефе) Не го составив пак, а го извадив и ланецот(имам нов, стариот тропаше уште лани). Наредната недела ке се измери компресијата и ке видам на што сум механички, и се ако е во ред, да завршам со механиката.
Браво, ако ти било од корист она што го напишав мило ми е. Инаку јас кога чистам карбуратор и и го полирам со „Пурол” посебно од внатре, а и од надвор заради „артистички впечаток”:)-Ова помага да се намали таложењето на материи кои бензинот сам си ги содржи или пак резервоарот кај сите постари возила ги има. Обично користам парче арматура ш 8мм долго околу 8 цм чиј врв го имам разсечено по вертикала со бонсек во должина од 1,5-2 цм, во тој отвор ставам парче филц или подебел волнен штоф. Површината што ќе ја полирам ја мачкам тенко со паста (ако немаш пурол и паста за миење заби ќе заврши работа:) ), парчето арматура го ставам на бор-машина и со најмала брзина полирам. На местата каде неможеш да фатиш убаво со бор-машината како што се ќошињата ќе си помогнеш рачно со крпче и шрафцигер. После оваа операција ќе биде како огледало доколку материјалот(најчесто шпијалтер) не е од епетен најлош квалитет.
TIP: Кога ќе го монтираш карбураторот обавезно замени ги цревата за гориво од резервоарот од пумпата и од пумпата за гориво до карбураторот. Бробај да ја исчистиш и пумпата на истиот начин, но внимавај да не ја оштетиш мембраната во нејзе. Пожелно е да ја смениш зашто од самото стоење нејзинака еластичност е сигурна дрстично намалена а нее е речиси никаков издаток. И задолжително купи 2 филтерчиња за гориво од кои едно ќе ставиш пред пумпата на цревото а другото ќе го сместиш на цревото пред карбураторот и обавезно ќе ги зацврстиш со стеги!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Денес ги исчистив истругав и исфарбав ладникот и куќиштето на филтерот за воздух во нивните оригинални бои. Ладникот црн а, куќиштето сивкасто. Инаку, планирам моторот да го ставам во колата на крај. Сега пак ке го конзервирам. Потполно е чист и однадвор и одвнатре. за филтерите и нови црева знам, а имам и оригинална мембрана за карбураторот( Инаку, Weber е карбураторот, со 2 грла). Татко ми купувал на времето делови „за да се најдат„. Алал да му е. Потрошен материјал има нов, колку сакаш.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
BTW, барам во добра каросериска состојба FIAT 125, 125p или 125 Pz, и VW 1303s или 1302s, може и со лош мотор. Ако некој разбере да има нешто вакво некаде нека кажува или нека пушта ПП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom