Пред повеќе од 20 години ,,после разговорот со директорот на мојата банка,, увидов дека немам доволно пари да купам кола, и се одлучив да го реставрирам мојот ФИАТ 1300-тристаќ.
Малку партизански тогаш се работеше....позајмив боци со ЦО2 од пријател и решив да ја закрпам каросеријата. утепав едно лето и верувале или не преку 10 кг кит!!!!!! бидејќи неможи да се пегла тоа што е варено со јак пламен.
Ставив оригинална ,,банана,, боја која ја имав на првиот тристаќ од татко ми во 1975(прв со таква боја во цела Југославија...лично првземен во Крагуевац), сменив све што можеше да се смени.
За моторот се одлучив малку поозбилно да поработам.
најдов супер очуван блок од ПЗ 1500 со се радилица, а главата од мојот тристаќ ја скратив до вентили(негде околу 3-4 мм..можеби и повеќе). Но бидејќи така ивиците од комората го чепкаа клипот, тоа го средив со тап нож(алуминиум).
замаецот го однесов во РЕК Осломеј и го олеснив за 2600 грама. Ставив поголем карбуратор, свеќици со 4 пипци и со челична сајла ги исполирав усисите. Го ифрлив филтерот за воздух-нормално. 185 назад, 175 напред и како шлаг на тортата ги исфрлив двата лонци и ставив цевка наместо нив.
На ниски обртаи бучеше како V8 а на додавање на туража пукаше асфалтот
Поради лесниот замаец моторот стартуваше како луд, и ништо не беше побрзо на старт од мене. Форд капри од мој другар не беше достоен ни како спаринг партнер за вежбање
И сето тоа траеше додека моторот не експлодираше бетер него моторите во Ф1
ееее...тоа беа времиња