Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
Анчо, со сета почит и од мене ама неСкопјаните не се криви за невработувањето на Скопјани., туку начинот на работа на државата уште од време на Југославија, па до сега.Тогаш бил форсиран еден центар - Белград, сега е истото со Скопје.Плус, додаваме уште еден фактор - партиска книшка или врска.Директорот на МЖ на пример е Прилепчанец, бивши пратеник.Сигурно тој не е толку финансиски мизерен за таква позиција, ама ајде.bas tuka e problemot,sto ovde ne e ama bas ic so znaenje i sposobnosti,
znaci mislam za Skopje,
Zosto pak i da ima vrski,koga ke se zaposlat tie bez vrski ovdeka ili bilo kade.
Pa i primer,sum go dal i dosega. I po 10 godini cekanje da neme rabota za
proglaseniot najdobar student pri UKIM ( vo meguvreme i magister) ispravno li e.
A sekoja godina navasuvaat novi, koi odma od klupa se zaposluvat, so samo eden uslov narecen # vrski # ,t.s.megu koi i ninakvi ama necii.
Go nemas iskuseno ovoj problem,zatoa taka razmisluvas.
Stavi se vo koza na gore spomnatiot graganin na ovaa drzava.
izvinete za latinica, se zakoci nesto pisalovo.
И во толку вработени ќе се најдат дел Скопјани и дел странци.И јас можам да се жалам дека во Охрид добар дел вработени по туристичките капацитети се од Источна Македонија, Прилеп, Битола, Кичево, Ресен, Струга и добар дел ќе останат/остануваат ама не се жалам.Секој со својата среќа.По ваква логика градоначалникот на Охрид не би требало да е на таа позиција поради местото на раѓање, иако скоро цел живот го поминал во Охрид...
За ова не се криви фаците шо дошле во Скопје во потрага по некаков си 'подобар живот' (во наводници бидејќи поголема плата / поголеми трошоци = не е многу разлика според мене.Ама поголем дел од дојденците се водат по девизата - подобро било каква работа во Скопје отколку без работа во својот град и печат за неработник од другите неработници.)
За жал ова е почнато уште во почетокот на 90-те, со пропаѓање на огромни комплекси фабрики надвор од Скопје, а за споредба истите такви фабрики од време на Југославија работат турбо во Словенија (само Горење е со вредност од 1,4 милијарди евра, 11.500 вработени во град од 35.000 жители!).
Ајде не ги спасија на некој начин тие капацитети, а понатака огромен дел од инвестиции во инфраструктурна смисла се слеваа само во главниот град.Ако едно Пехчево е ~ 6.000 жители или Радовиш ~ 28.000 жители, не се понебитни од Скопје.Потребно е да добијат инфраструктурни инвестиции и даночни олеснувања за домашни или странски инвеститори тие општини за на подолг рок да добијат подобри услови за вработување.Па и субвенции за вработување во други општини нека се, битно да се вратат луѓето од Скопје, барем дел од нив.
Зошто после 10-15 години, со правилна економско - социјална политика да немаме случаи кога нема да е проблем Скопјанец на работа во Куманово / Велес / Тетово и обратно со дневна миграција, поради ефикасен ЛРТ железнички систем меѓу овие места, поголем (и поеднаков) стандард и задоволителна понуда на работни места?
Странците преферираат да градат во Скопје и околината поради автопатските врски, железница, аеродром и слично.Колку работа би завршило еден автопат Велес - Штип - Радовиш - Струмица - Ново Село за камионите полни со земјоделски п-води или руда од Бучим или Иловица.Ама Радовиш - Струмица (35 км.) го градат неверојатни 16 години, а во исто време Скопска Обиколница(22 км.) се изгради за 3-4 години со моментален процент на искористеност помал од 20%.Од друга страна уште толку се форсирани огромни непродуктивни и одложни расходи како проектот Скопје 2014, кој во голем дел го изгрди градот наместо обратно.Кога би бирале Скопје 2014 или 200 - 300 км. автопат, мислам дека е јасен ставот на мнозинството.
Моменталната инфраструктура во Скопје е планирана за некој си 300-400 илјади жители, а не за двојно поголем број.Дури и дозволи за населување во Скопје поддржувам, ама под услов да се развијат сите региони подеднакво, а не за една посериозна хируршка интервенција да трчаме до Скопје, поради расипаниот рентген апарат во нашиот град.
И на крај, во 2007 е донесен Закон за рамномерен регионален развој, ама не сме ни чуле за вакво нешто, а средствата се мизерни.
http://www.rdc.mk/eastregion/media/download/zakon_ramn_reg_razvoj.pdf