Ајде јас да дадам две примерчиња
Имам пријателка од Источна Македонија. Девојката дипломираше на Правен, одбрани правосуден, сега работи на мн. добра работна позиција.
За време на студирањето имаше дечко, кој не беше Скопјанец. Ја финансираа нејзините, не работеше ништо во тој период.
Сега пак живее сама, сама се издржува и не е во врска со никого.
Сака (и пробува) да си отиде од Скопје, но никој до сега не и понудил работа и плата како оваа што ја има.
Не и се свиѓа Скопје, но нема услови на друго место да биде соодветно платена за нејзиното знаење.
Втор пример - познавам една (и срам ми е што ја познавам) неписмена, не би знаела точно да ви кажам од кое село е од Централна Македонија. 10 години е студентка, приватно работи самомалцесепроституирам. Дома лаже дека и е многу тешко на факс (а нема пола испити положено). Работи редовно, за некои си 200 евра. Со неа муабет нема, проста е, до невидени граници.
И затоа мразам да генерализирам. Ако тргнам од фактот дека прво моите најблиски другарки, сите се родени во Скопје, но само една е Скопјанка ,,со генерации,,. Сите други имаат баби, дедовци, стрини низ ,,провинција,,. И тие луѓе не се ништо помалку вредни од ,,домородните,,.
И како што ,,домородните,, се искомплексирани до некаде, а тоа се оние кои не се способни 2 реда да научат и се жалат дека ,,провинцијалците,, им земале работа (а демек него ќе му ја дадеа работата, само зашто е Скопјанец), така и ,,провинцијалците,, се искомплексирани (а тоа се оние кои не можат да се снајдат во Скопје, затоа што длабоко во себе веруваат во ,,моје село лепше од Париза) генерализираат, па Скопјаните стануваат глупави татини синчиња, а Скопјанките скапи проститутки.
Не учевте ли, дека стереотипите се најлош критериум кога проценуваш некого?
Очигледно сте бегале од часови. И едните, и другите.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 20:10 ---
Епа ти не направи како во Авганистан да сме.Основни услови неаме кое потценување.
Работа нема. Toa e проблемот.
Зависи каде живееш. Има места (села најчесто) кои немаат ни канализација. Има градови, кои немаат 2 кафичи. Има места кои немаат ни средно школо, а не повеќе.
А работата е посебна приказна. Работа нема никаде. Во Скопје што мислиш дека работат повеќето? Келнери, шанкери, чистачи, мерчандајзерки, редачи по маркети.......