Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
bas tuka e problemot,sto ovde ne e ama bas ic so znaenje i sposobnosti,
znaci mislam za Skopje,
Zosto pak i da ima vrski,koga ke se zaposlat tie bez vrski ovdeka ili bilo kade.
Pa i primer,sum go dal i dosega. I po 10 godini cekanje da neme rabota za
proglaseniot najdobar student pri UKIM ( vo meguvreme i magister) ispravno li e.
A sekoja godina navasuvaat novi, koi odma od klupa se zaposluvat, so samo eden uslov narecen # vrski # ,t.s.megu koi i ninakvi ama necii.
Go nemas iskuseno ovoj problem,zatoa taka razmisluvas.
Stavi se vo koza na gore spomnatiot graganin na ovaa drzava.
izvinete za latinica, se zakoci nesto pisalovo.
Анчо, со сета почит и од мене ама неСкопјаните не се криви за невработувањето на Скопјани., туку начинот на работа на државата уште од време на Југославија, па до сега.Тогаш бил форсиран еден центар - Белград, сега е истото со Скопје.Плус, додаваме уште еден фактор - партиска книшка или врска.Директорот на МЖ на пример е Прилепчанец, бивши пратеник.Сигурно тој не е толку финансиски мизерен за таква позиција, ама ајде.
И во толку вработени ќе се најдат дел Скопјани и дел странци.И јас можам да се жалам дека во Охрид добар дел вработени по туристичките капацитети се од Источна Македонија, Прилеп, Битола, Кичево, Ресен, Струга и добар дел ќе останат/остануваат ама не се жалам.Секој со својата среќа.По ваква логика градоначалникот на Охрид не би требало да е на таа позиција поради местото на раѓање, иако скоро цел живот го поминал во Охрид...

За ова не се криви фаците шо дошле во Скопје во потрага по некаков си 'подобар живот' (во наводници бидејќи поголема плата / поголеми трошоци = не е многу разлика според мене.Ама поголем дел од дојденците се водат по девизата - подобро било каква работа во Скопје отколку без работа во својот град и печат за неработник од другите неработници.)

За жал ова е почнато уште во почетокот на 90-те, со пропаѓање на огромни комплекси фабрики надвор од Скопје, а за споредба истите такви фабрики од време на Југославија работат турбо во Словенија (само Горење е со вредност од 1,4 милијарди евра, 11.500 вработени во град од 35.000 жители!).
Ајде не ги спасија на некој начин тие капацитети, а понатака огромен дел од инвестиции во инфраструктурна смисла се слеваа само во главниот град.Ако едно Пехчево е ~ 6.000 жители или Радовиш ~ 28.000 жители, не се понебитни од Скопје.Потребно е да добијат инфраструктурни инвестиции и даночни олеснувања за домашни или странски инвеститори тие општини за на подолг рок да добијат подобри услови за вработување.Па и субвенции за вработување во други општини нека се, битно да се вратат луѓето од Скопје, барем дел од нив.
Зошто после 10-15 години, со правилна економско - социјална политика да немаме случаи кога нема да е проблем Скопјанец на работа во Куманово / Велес / Тетово и обратно со дневна миграција, поради ефикасен ЛРТ железнички систем меѓу овие места, поголем (и поеднаков) стандард и задоволителна понуда на работни места?

Странците преферираат да градат во Скопје и околината поради автопатските врски, железница, аеродром и слично.Колку работа би завршило еден автопат Велес - Штип - Радовиш - Струмица - Ново Село за камионите полни со земјоделски п-води или руда од Бучим или Иловица.Ама Радовиш - Струмица (35 км.) го градат неверојатни 16 години, а во исто време Скопска Обиколница(22 км.) се изгради за 3-4 години со моментален процент на искористеност помал од 20%.Од друга страна уште толку се форсирани огромни непродуктивни и одложни расходи како проектот Скопје 2014, кој во голем дел го изгрди градот наместо обратно.Кога би бирале Скопје 2014 или 200 - 300 км. автопат, мислам дека е јасен ставот на мнозинството.

Моменталната инфраструктура во Скопје е планирана за некој си 300-400 илјади жители, а не за двојно поголем број.Дури и дозволи за населување во Скопје поддржувам, ама под услов да се развијат сите региони подеднакво, а не за една посериозна хируршка интервенција да трчаме до Скопје, поради расипаниот рентген апарат во нашиот град.
И на крај, во 2007 е донесен Закон за рамномерен регионален развој, ама не сме ни чуле за вакво нешто, а средствата се мизерни.
http://www.rdc.mk/eastregion/media/download/zakon_ramn_reg_razvoj.pdf
 
V

Vollstandig

Гостин
Како се храни провинцијалецот? Скромно. Како студент стандрардно со туршија, ајвар, паштети 6 за 100... Кога ќе пркне малце од малце со работа може и некој чекор да рипне нагоре. Животното мото на провинцијалецот-По секоја цена да не се вратам во родното место каде што ме чека само сиромаштија. Оние малце посреќните со повеќе пари или врски или дирекно одат од Латинска Македонија во Европа, Канада, Штатите или Австралија или градуално го користат Скопје како попатна станица до Београд, Беч и даље на запад где их судбина понесе. Скопјанките се разгалени пиќиња, некогаш треба да се окозиш за оралка, а треба да си со размислувања на овчар ако мислиш дека е она способна со своите 20-сантиметарски нокти да фати пегла, ако ти не си способен да платиш чистачка госпожата ќе си фати некој што има. Провинцијалките тука умешно знаат да ќарат на таа скопска женска суета. Соочена со дилемата опстанок, провинцијалката ќе те тинтра како што бил Тито тинтран кога ги посетувал неврзаните. Она нема воопшто срам од никакви домаќински работи, знае да готви, знае да си преќути кога сте во друштво, да не те брука и да си седи на страна и притоа не се штеди воопшто брзо и ефикасно во секое време да ти удоволи како сакаш сексуално (скопска фуфица ти го дудла само по заслуга и имање пари спаѓа во заслуга). Девојка која не и битно како стоиш финанскиски или статусно во општеството, која се грижи по дома, која никогаш не ја боли глава, која во град не ти прави екцеси и проблеми, не се кара со тебе, гледа да си задоволен, најаден, напиен, наебан која од рука ти јаде? За рандом машко кое со сама визуелизација на женско меѓуножје во Вардарските канализации ги праќа и паметот и мозокот, оваа комбинација му доаѓа како Дандарот да го ставиш во Шипковица да седи меѓу Хашим Тачи и Сали Бериша додека горе во небото јато двоглави орли од канџите фрлаат ред калашникови ред муниција а Гента Исмаили му пее на увце и му игра лап-денс. Needles to say, матично е неизбежно а госпоѓицата, станува госпожа, нормално тука прифаќајки го безусловно твоето презиме без некои додавања моминкси, пумински и останати претставки поради која нејзиното претставување ќе звучи како од шпанските серии. Наредниот ден ти стига цехот од превземената концесија. Ти стига и затезната камата. И акцизата и ДДВ-то. Без паника, балансот на позиции и моќ брзо ќе се смени а со тоа и условите. Ќе се прашуваш дали си бил во кома у меѓупериодот на before and after моментите. Што мислеше ти, ако не е скопјанка дека е поидеална? На крајот од денот, ти си само скопјанец што она треба да го жени. Твоето име и презиме, идентитет и индивидуалност како единка имаат процентуално значење колку што има бруто домашниот производ на Пехчево во севкупниот европски БДП. А да, негде на втората нејзина бременост ќе и го дознаеш прекарот од студенскиот дом. Саша Греј. :)

Незнам од каде го имаш набиено комплексот провинцијалка скопјанка, али сигурно ти е добиен од неколкуте “провинцијалски“ корпи што си ги добил по студентски домови:)
Да бидам искрен, тоа со ноктите делот и фаќање пегла ме насмеа, али не важи за скопјанки.Гледај објективно, мислиш во битолата, мислиш прилеп, пехчево,берово кавадарци не се наоѓаат такви дефективни “госпожи“ што не им е во приоритет да фатат пегла, тавче да зготват јадење, и да вршат други куќни работи? Правилото важи секаде, ако не ја завршиш ти, друг ќе ти ја заврши строго за пари. Е сеа тука иди делот кога некој ужива во наследство создадено од дедо прадедо, па викнал/а куќна помошница да му готви пере чисти, али колку се такви???
Сигурно не повеќе од бројот на цицки што моментално престојуваат на триумфалната порта во скопје.И не ги генеразлизирај работите како “Затуцаново“ и други села, кривицата е самиот треба да знаеш во државата што централизира се во СКОПЈЕ. Скопје, би бил преубав град доколку не би бил натрупан толку. Има природа има клима, ама сето тоа паѓа во вода кога е една голема бетонска џунгла последниве 10 години.Кога ти си слушнал во (рандом македонски град) за некоја позната дискотека? Валјда, ретко или скоро никогаш а и да си слушнал истото би рекол дека ќе го најдеш во скопје. Валјда сега успеваш да разбериш што е проблемот, што останатиот дел е крајно запоставен. Нешто во стилот, да го дотеруваш лицето,шминкаш, правиш фризура, додека останатиот дел од телото да не го ни доприш. Тогаш џабе ти е само главата кога нозете не си ни ги измил. Да би биле поразвиени (ЕКОНОМСКИ) останатите делови од македонија сигурно би функционирале, баш како што треба. И тогаш провинција не би била поим за навреда кон заостанати луѓе туку поим за малце подруг акцент и начин на живот. Колку туризмот е развиен настрана од македонија? ИЧ, а колку само има и потенцијал за истото. Со самото тоа, нечепкање по останатите делови на македонија и луѓето што живеат таму се осакатени, па не мора да се чуди човек зошто делувале поинаку.Мал град, ништо ново, ништо интересно, ништо посебно си го прави своето да изгледа ситуацијата онака, како што е.
Скопје нема постари скопјани од 3-то колено. 90 % се доселени од некаде,али глумењето плава крв заради географското подрачје во кое се родил/а одредена личност е пример за идиотизам,дебилизам и неартикулисано човечко суштество кое вегетира во државата.
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
56
Поени од реакции
37
bas tuka e problemot,sto ovde ne e ama bas ic so znaenje i sposobnosti,
znaci mislam za Skopje,
Zosto pak i da ima vrski,koga ke se zaposlat tie bez vrski ovdeka ili bilo kade.
Pa i primer,sum go dal i dosega. I po 10 godini cekanje da neme rabota za
proglaseniot najdobar student pri UKIM ( vo meguvreme i magister) ispravno li e.
A sekoja godina navasuvaat novi, koi odma od klupa se zaposluvat, so samo eden uslov narecen # vrski # ,t.s.megu koi i ninakvi ama necii.
Go nemas iskuseno ovoj problem,zatoa taka razmisluvas.
Stavi se vo koza na gore spomnatiot graganin na ovaa drzava.
izvinete za latinica, se zakoci nesto pisalovo.
И уште 10 години да почека нема да се вработи освен сам ако не се потруди да си ја најде. Не ми е јасно како студент на генерација на цел универзитет не можел да најде работа, макар и пробна... во секој случај сигурен сум дека има приватни домашни и странски компании кај што не можеш да поминеш со врски туку е потребно знаење, способности, образование, искуство и сл. кои би ценеле ваков успех и би сакале да имаат таков кадар кај себе и не би им било битно од каде доаѓаш. Така да муабетов со провинцијалциве може да дојде само како обичен изговор.
 
Член од
26 април 2012
Мислења
53
Поени од реакции
37
Скопје нема постари скопјани од 3-то колено. 90 % се доселени од некаде,али глумењето плава крв заради географското подрачје во кое се родил/а одредена личност е пример за идиотизам,дебилизам и неартикулисано човечко суштество кое вегетира во државата.
Црвено: незнаеш што зборуваш. Точно дека сме ретки, но не има, и тие што сме такви сме вистинската слика на Скопје.

Сино: Да доселени се, и најчесто тие се оние најголеми „староседелци“ од Скопје со предрасуди прему луѓето кои доаѓаат надвор од Скопје. Плава крв, не се гледа од каде доаѓаш, туку зависи како се однесуваш. Сепак, Македонија нема кралско семејство, па да можеме да се расфрламе со такви титули.

Околу проблемот што го спомнаа некои, зошто родените во Скопје не можат да најдат работа, а провинцијалците им ја земаат. Одговорот е прост: провинцијалците си ја сфаќаат сериозно работата, завршуваат факултет и си наоѓаат работа. Се трудат да направат нешто. А „фраерчињата“ на кои главен момент им е да бидат на Ленинова, на Кеј или на улица Македонија, на кои мама и тато им се тука, се влечкаат. ќе начукаат повеќе од 25 години а немаат никакво искуство (работно), а најчесто немаат ни факултет. И кој ќе ги вработи? Никој! Да не забораваме, сите сакаат да бдат директори. Не оди така.

Околу тоа што скопските женски не знаат ништо да фатат по дома. Тоа не зависи од локацијата, зависи од човекот. Има и женски кои не се од Скопје, па мислат дека се госпожи и не знаат ни јајца да испржат.

Исто ќе речам и дека голем дел од луѓето кои не се од Скопје имаат предрасуди према нас. Демек ние сме дигнати, преваранти, не ги сакаме нив. Многу често има изолација. Луѓе од Охрид се дружат само со луѓе од Охрид, луѓе од Битола со луѓе од Битола итд. Немојте да мислите дека сето тоа нема влијание. Има и тоа како.

Сите овие дискусии се плод на исфрустрираност. Моментот кога го гледаш човекот од каде доаѓа, а не каков е, е јасен знак дека нешто не е во ред нели?
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Знаеш што си направи со реченицава? Си ја плесна една наопачки. Значи ги почитуваш скопјани, а оние што живеат во Скопје, а потекнуваат од другите градови ги плукаш, а ти самиот/та си од друг град.
Нема смисла некој да го дискриминираш оти неговите се преселиле во Скопје, таму некогаш, пред 25 години. Оти да им плукнеш во лице? Или тоа е само омразата од необјаснива причина?
Не ме сфати....Ги плукам СКОПЈАНИТЕ што се плескаат вгради а кои се преселиле пред 2 дена и потоа одма за другите знаат да речат провинција...не си плеснав јас, разбериме ти подобро ;)
 
M

MrzaRules

Гостин
а шо се подразбира под провинција....СЕ шо не живее во Скопје?!:eek:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
а шо се подразбира под провинција....СЕ шо не живее во Скопје?!:eek:
Под Скопјани подразбираат угледни жители на Драчево, Волково, Припор, Јурумлери, Арачиново...

Под провицијалци подразбираат некакви си лингури од Охрид (ака Балкански Ерусалим), Битола (ака град на конзулите), Велес (ака град на ѓемиџиите)...
 
M

MrzaRules

Гостин
Под Скопјани подразбираат угледни жители на Драчево, Волково, Припор, Јурумлери, Арачиново...

Под провицијалци подразбираат некакви си лингури од Охрид (ака Балкански Ерусалим), Битола (ака град на конзулите), Велес (ака град на ѓемиџиите)...
а зошто ја да носам титула провинцијалец затоа што не сум од Скопје,туку сум од Велес?Па ја ќе речам дека Скопјани се провинцијалци затоа што не се од Велес,Битола,Охрид итн итн....страшно
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.168
Леле леле, генерализирање на темава еј! Не се сите скопјанки фуфици и не се сите провинцијалци неписмени.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Најинтересно ми е кога некој скопјанец ќе почне да ми објаснува со нагласувње дека од 2-3-4 колено се во Скопје и само му велам "И што има врска ?" , одма почунваат да објаснуваат дека не се како тие тазе доселени, а што глумат скопјани. Ме заболе дали негова фамилија го основала скопје или вчера се доселиле.
:pos: :pos:
--- надополнето: 15 мај 2012 во 19:11 ---
А ти што си? И после зошто сме ве нарекувале провинцијалци.
Скопјанишче ај мирна :vozbud:
 
М

Мaријa

Гостин
Провинцијалче, ај среди се, или модератор нека ви ги среди идиотизмите. Исфрустрирани.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.406
а зошто ја да носам титула провинцијалец затоа што не сум од Скопје,туку сум од Велес?Па ја ќе речам дека Скопјани се провинцијалци затоа што не се од Велес,Битола,Охрид итн итн....страшно
е ова ми се допаѓа !
што ако сум од Скопје
Повеќе ја сакам (или сум ја прошетал) Македонија
а има делови на Скопје кај што не сум стапнал (како и многумина)
точно Скопје е провинција за Велес или Куманово,за тие што си се таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom