Реинкарнација

Верувате ли во реинкарнација?

  • Да

    Гласови: 274 58,4%
  • Не

    Гласови: 128 27,3%
  • Не сум размислувал/а ...

    Гласови: 67 14,3%

  • Вкупно гласачи
    469

Сапун

. . .
Член од
10 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
4
Тоа е поентата, никогаш да не дознаеме, за цел живот да си ги тупиме нашите мозочиња со вакви стфарки. :smir:
Така е но сепак дали има некој кандидат!?:salut:
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Реинкарнација-повторно раѓање...

Прашањето е едноставно-верувате ли во реинкарнација? Живот после смртта? Верувате ли дека душата по смртта на телото само го менува својот сопственик? Ви се случило ли некогаш дежаву(да се најдете во определена ситуација која ја чувствувате како позната-been there, done that)? Ако да, како ја објаснувате оваа појава?

За ова тема почнав да се интересирам откако ја прочитав книгата на Согјал Ринпоче-"Книга на животот" во која се објаснува оваа појава, но исто така се зборува и за други работи како што се-медитација, карма, нашиот ум итн.

Јас верувам во оваа појава, и исто така верувам дека сите страдања што ги доживуваме во овој живот се поради тоа што сме грешеле во минатиот... Затоа треба да бидеме добри личности и да не правиме грешки, за да сето тоа не ни се врати во другиот живот. Авторот на "книгата на Животот" верува дека драстично ограничената визија на животот не спречува да ја прифатиме можноста за повторно раѓање или барем сериозно да размислиме за неа. Исто така постојат и многу сведоштва на луѓе што тврдат дека можат да се сетат на минатите животи...

Чекам ваши размислувања....
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
305
Поени од реакции
0
Слушнав интересна животна сторија на која местото и е баш овде, за едно момче кое уште од млади години имало огромен талент за сликање. Но момчето постојано сликало само една слика. Огромна соба, уредена во величествен стил кој потсеќал на раскошот на руските дворци од владеењето на Катерина велика, во која има само пијано и прекрасна девојка со долга руса коса како седи до пијаното, и гледа низ огромните прозорци. Родителите долго време не можеле да си ја објаснат случката, мислејќи дека нивниот син црта нешто што гледал на телевизија, но момчето упорно тврдело дека тоа не е вистина, притоа кажувајки детали од својот претходен живот-но исклучиво зборувајќи на руски-јазик кој им бил тотално непознат на неговите родители, а и на сите оние кои контактирале со момчето. По одредено време детето ја кажало и точната локација на случката која постојано ја цртало. Родителите направиле огромни напори да отидат на местото, но кога успеале во својата цел, биле запрепастани од откритието. Во дворецот постоела идентична сала само со пијано на средина но неможеле да најдат ништо поврзано со мистериозната девојка. Момчето се шетало низ дворецот како да го поминало целиот свој живот таму додека не застанало пред сликата на русата девојка која всушност во претходниот живот била неговата мајка. Податоците подоцна пронајдени велеле дека момчето било нејзиниот син кој починал на 5-6 години (времето кога момчето почнало да ги црта сликите) и која од жал се самоубила по една година.Несреќните мајка и син живееле околу 200 години пред раѓањето на ова момче.

Што мислите ?
Дали ова е вистина или само измислена приказна ?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Ja veruvam u reinkarnacija. I se slagam so AnaMercury deka mnogu od stradanjata sto gi prezivuvame se karma od prosliot zivot. Ova e nasiot takanarecen pekol, zatoa sto sekoj se stremi za konecno obedinuvanje so Silata (Bog, Tao, Alah, kazi kako sakas). Nie sme spititualni sustestva sto se vo materijalen svet da doziveat covecki opstanok.


A za tie sekavanja od prosli zivoti i sl, ne znam sto da mislam. Ima slucaevi sto se moze vistinite, no mnogu drugi sto se ili sugestivirani od psihijatarot sto pravi hipnoza ili pa alternative scenarios sto mozokot sam gi stvara (i od sto ponekogas se pojavuva simptomot multiple personality).
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Ма каков претходен живот, не верувам во тие приказни.
Конечен одговор: НЕ!
Кои веруваат, нека веруваат...ништо со тоа нема да постигнат :)
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Ма каков претходен живот, не верувам во тие приказни.
Конечен одговор: НЕ!
Кои веруваат, нека веруваат...ништо со тоа нема да постигнат :)
Добро, ова е твое мислење и го почитувам, но сепак не може да кажеш дека со верување не може ништо да се постигне, бидејќи само со верување можеме да успееме и имаме надеж за подобар живот...верувањето ни останува...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Добро, ова е твое мислење и го почитувам, но сепак не може да кажеш дека со верување не може ништо да се постигне, бидејќи само со верување можеме да успееме и имаме надеж за подобар живот...верувањето ни останува...
Така е, тотално си во право! Има надеж...не може со сигурност да верувам ни во моето, ни во твоето мислење :(
Истото се однесува и во верување во Господ, а таму сум посигурен дека не постои..посигурен од реинкарнација.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
хмм...искрено не знам....сум размислувала на оваа тема...не можам да дојдам до заклучок...од една страна ми е логично од една не!
на пример, како и на сите, ми се случило и мене она дежаву, но за тоа имам читано дека има други објаснувања не ми текнува сега за што беше, така не можам да речам дека ако ми се случило такво нешто, да бидам убедена дека постои реинкарнација!
може да постои , но дежавуто не е доказ за тоа..
така да сум и дека постои , и дека не! :toe:
 
S

Sasha

Гостин
a sto ako se sto otkrivaat naucnicite ne e tocno,od kaj so igurnost mozeme da receme deka dezavuto ne e nekoja slika od minatiot zivot,jas veruvam vo reinkarnacija,a sum citala deka dobivame telo po toa sto sme pravele vo minatiot zivot,kolku podobri sme bile,tolku poubavo telo dobivame!pozz...
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
a sto ako se sto otkrivaat naucnicite ne e tocno,od kaj so igurnost mozeme da receme deka dezavuto ne e nekoja slika od minatiot zivot,jas veruvam vo reinkarnacija,a sum citala deka dobivame telo po toa sto sme pravele vo minatiot zivot,kolku podobri sme bile,tolku poubavo telo dobivame!pozz...
Да, и јас прочитав дека колку подобри личности сме биле, колку подобри дела сме направиле и на колку повеќе луѓе сме помогнале во претходниот живот, во толку подобри услови ке живееме во наредниот, т.е во сегашниот...
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Јас искрено не знам дали верувам, секогаш кога ќе решам да верувам се појавува нешто што ме разубедува во постоењето на предходен живот и обратно, така да, некаде на средина сум....

...ама имам читано доста и една приказна така ми оставила впечаток, нешто беше во врска со хипноза, демек по пат на хипноза се оди длабоко во подсвеста, до тој степен што се одкрива и што си бил во 7 предходни животи...па така некој човек кој цел свој живот трпел неверојатно болки во вратот, по сите поминати третмани никој не знаел да му каже од што боледува, и во некоја таква хипноза, откриле дека во некој предходен живот бил војник кој што загинал погоден со стрела во врат, точно на местото кое го болело човеков...:toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
:eek:ftopic:Па мислам дека во минатиот живот сум бил кокиче, сеа за сеа уште не знам шо ќе станам во овој, ама сенешто ми вика дека ако заебам работа најверојатно во идниот ќе бидам целодневен чувар на плантажа со брокули:pos:

Он топик: Па голема е веројатноста овоземниот живот да е само еден период од една голема целина.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
Интересно е дека реинкарнацијата ( карактеристична за Истолните народи и култури ) била вметната и во Библијата али истата подоцна била и исфрлениа нормално за да религијата која ја пропагира црквата се разликува од останатите ( Нека ви текне дека Библијата беше криена од обичниот граѓанин ) , многу источни мистици ги имаат разработено параболите на Библијата и истите го потврдуваат тоа .
Во индиската Филозофија на пример ке пронајдете многу длабоки теми и логични објаснувања , еден од мистиците кој би го издвоил е Osho , најдете ја книгата '' Небеско семе '' , ќе сватите за што зборувам .

Скептиците за реинкарнацијата велат т.е. често го поставуваат прашањето како е возможно да има постојан пораст на населението на земјата, ако постои реинкарнација, т.е. секоја душа по смртта на телото да преминува во друго. Демек, од каде доаѓаат новите души?!
Будизмот се обидува оваа скепса да ја разбие со тврдењето дека не секоја душа е секогаш човек, туку понекогаш е во облик на животно, птица, инсект но не и растение од таа причина будистите ја наметнуваат потребата од вегетаријанство и не газат ни на мравка.

Според верувањето на хиндуистите(и другите религии-будизам,џаизам,...) по смртта човечката душа излегува од телото и се преселува во друго тело.
Но ова оди според закони кои се наречени кармички закони.Кармата на секој човек е запишана во неговата душа,па според тоа ако човекот во својот досегашен живот правел добри работи му следува повисок степен на совршеност.Аналогно на тоа ако човекот пред да умре(во текот на животот) правел лоши работи му следува понизок степен на совршеност .
Во светот денеска постојат многу луѓе кои велат дека се сеќаваат на своите претходни животи,па дури можат да го кажат и местото каде што порано живееле.Потсетувањето на минатиот живот се врши преку длабока медитација,со многу интуитивни вежби,а тоа најдобро го можат будистите во храмовите во Тибет.
Основно учење на реинкарнацијата е дека човекот едноставно не може да избега од кругот на вечното раѓање и умирање.Во текот на својот долг живот основачот на будистичката религија БУДА успеал да достигне степен на потполна совршеност па со тоа го победил и кругот на вечното раѓање и умирање затоа и викаат ако го видиш Буда на улица слободно згазни го :D.


@АnaMercury "Книга на животот" е страшно добра книга , и самиот автор вели дека истата е стриктно наменета за Западната цивилизација и култура , одлична препорака за останатите членови .

Постов е за оние кои ги интересира нешто повеќе за реинкарнацијта ( интересна тема btw ), не е релевантно дали јас во истата верувам или не .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom