Интересно е дека реинкарнацијата ( карактеристична за Истолните народи и култури ) била вметната и во Библијата али истата подоцна била и исфрлениа нормално за да религијата која ја пропагира црквата се разликува од останатите ( Нека ви текне дека Библијата беше криена од обичниот граѓанин ) , многу источни мистици ги имаат разработено параболите на Библијата и истите го потврдуваат тоа .
Во индиската Филозофија на пример ке пронајдете многу длабоки теми и логични објаснувања , еден од мистиците кој би го издвоил е Osho , најдете ја книгата '' Небеско семе '' , ќе сватите за што зборувам .
Скептиците за реинкарнацијата велат т.е. често го поставуваат прашањето како е возможно да има постојан пораст на населението на земјата, ако постои реинкарнација, т.е. секоја душа по смртта на телото да преминува во друго. Демек, од каде доаѓаат новите души?!
Будизмот се обидува оваа скепса да ја разбие со тврдењето дека не секоја душа е секогаш човек, туку понекогаш е во облик на животно, птица, инсект но не и растение од таа причина будистите ја наметнуваат потребата од вегетаријанство и не газат ни на мравка.
Според верувањето на хиндуистите(и другите религии-будизам,џаизам,...) по смртта човечката душа излегува од телото и се преселува во друго тело.
Но ова оди според закони кои се наречени кармички закони.Кармата на секој човек е запишана во неговата душа,па според тоа ако човекот во својот досегашен живот правел добри работи му следува повисок степен на совршеност.Аналогно на тоа ако човекот пред да умре(во текот на животот) правел лоши работи му следува понизок степен на совршеност .
Во светот денеска постојат многу луѓе кои велат дека се сеќаваат на своите претходни животи,па дури можат да го кажат и местото каде што порано живееле.Потсетувањето на минатиот живот се врши преку длабока медитација,со многу интуитивни вежби,а тоа најдобро го можат будистите во храмовите во Тибет.
Основно учење на реинкарнацијата е дека човекот едноставно не може да избега од кругот на вечното раѓање и умирање.Во текот на својот долг живот основачот на будистичката религија БУДА успеал да достигне степен на потполна совршеност па со тоа го победил и кругот на вечното раѓање и умирање затоа и викаат ако го видиш Буда на улица слободно згазни го
.
@АnaMercury "Книга на животот" е страшно добра книга , и самиот автор вели дека истата е стриктно наменета за Западната цивилизација и култура , одлична препорака за останатите членови .
Постов е за оние кои ги интересира нешто повеќе за реинкарнацијта ( интересна тема btw ), не е релевантно дали јас во истата верувам или не .