Револтот на Ламбе Алабаковски, Je suis Lambe Alabakovski

Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
Од вакви патриоти ко тебе сиба пиперот цела држава.
Што викаат од партија, ќе има некој пакет масло или строг пост?
Мешаш патриотизам со шовинизам. За разлика од тебе, јас умеам да се чувствувам како Македонец, без притоа да чувствувам потреба насилно да им забранувам на другите да се чувствуваат како сакаат.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.725
Поени од реакции
2.497

Баш обратно е, они на нас пробуваат да ни забранат да се чуствуваме како Македонци. Ние, односно Ламбе, само им ја запаливме вратата од клубот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.637
Поени од реакции
37.600
Неќам да звучам дрско, но 40.000 денари до 5ти во месецот не ме покриваат.
Screenshot 06-09-2022 00.33.24.png

"едноставно во Битола има многу грчки дуќани", ова ми кажува дека не си бил најверјатно во животот Битола, последен пат кога бев Битола, единствено нешто приближно Грчко беше сендвичара гирос каде правеја, незнам ниту еден "грчки" дуќан, а и Битолчани единствено келнерите знаат да речат добар ден, и благодарам на грчки и тоа е.
... во Битола, сите стоматолошки ординации, фризерски салони, казино и насекаде каде очекуваат грчки посетители, персоналот не само што знаат грчки јазик туку и самите реклами го имаат и грчкиот превод, очигледно ти не си бил во Битола, туку темава не е за тебе туку за немилиот настан на Ламбе Алабаковски, а ти намали на доживљај и тоа мржњата и злоба во тебе, кармата е опасна работа, како бумеранг се враќа!
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.611
Поени од реакции
24.986
Ламбе, ако поалењето го направил од патриотски причини, згрешил при изборот на средството. Можел да биде малку повеќе креативен и на пример да направи едно јавно мочање на вратата од ќенефот со директен пренос и да направи челинџ за сите патриоти. Значи јавно, без маска и со директен пренос и ајде да видиме кој друг тоа може. Така тоа немаше да биде кривично дело и ќе немаше притвор ами ке беше прекршок за кој ке го опнеа 200-300 евра казна кои ке ги платевме сите заедно, секој по 10 денари, а пораката ке беше испратена до целиот свет. Па после бујрум кој го прифаќа предизвикот нека оди со маска и нека моча па ако го фатат ке си плати. Нека брка мвр по 100тина мочковци со маски на ден па да видиме како е успешна во откривањето на сторителите.
dedo ti taka ke napravese?
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
Баш обратно е, они на нас пробуваат да ни забранат да се чуствуваме како Македонци. Ние, односно Ламбе, само им ја запаливме вратата од клубот.
Ќе ги споделам зборовите на Стојан М'лчанков, еден од помалку извесните дејци на Македонската револуционерна организација:

"Нај-лесно е да убиеш непријателја - пет лева е едно куршумче, колко му е. Това не удовлетворјава човека. ште се бориш умствено со него, да му докажеш, че си повече от него. Това е борбата."

Со чинот Ламбе ништо не постигна освен што си направи легални проблеми и ќе го гледаат децата негови како оди во затвор од глупавост, дополнително им даде лесна политичка победа на Бугарската кауза во Македонија.

Како може Македонците пред 100 години, со максимум 4то одделение да имаат подобар вид на големата слика од Македонците во 2022 незнам, најверојатно секој паметен македонец или е убиен или е исселен, па генетскиот круг во последните 100 години е генерално од шлајмот кој останал.

... во Битола, сите стоматолошки ординации, фризерски салони, казино и насекаде каде очекуваат грчки посетители, персоналот не само што знаат грчки јазик туку и самите реклами го имаат и грчкиот превод, очигледно ти не си бил во Битола, туку темава не е за тебе туку за немилиот настан на Ламбе Алабаковски, а ти намали на доживљај и тоа мржњата и злоба во тебе, кармата е опасна работа, како бумеранг се враќа!
"Грчки дуќани" како што кажа имплицира бизниси во сопственост на Грци, инаку сигурно да, во стоматологиите пример можда и да има некои грчко-говоречки вработени, но нешто незначајно имајќи го во предвид фактот дека големиот дел од 'грчките' клиенти се егејци кои зборуваат македонски.

Ме заебаваш? ТИ И ТИЕ КАКО ТЕБЕ лично ме напаѓате и одите офф-топик, јас просто реплицирам, што сакаш да седам и да ви ги примам навредите без збор?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.637
Поени од реакции
37.600
А зошто морало да се пише на француски Je suis?
...де бе па ти, ништо не следиш!

Je_suis_Charlie.svg.png FUpj_UgWUAEREVb.png

„ ...е слоган и лого создадени од францускиот уметнички директор Јоаким Ронсин и усвоени од поддржувачите на слободата на говорот и слободата на печатот, по пукањето на 7 јануари 2015 година во кое беа убиени 12 лица во канцелариите на францускиот сатиричен неделен весник Шарли Ебдо, некои новинари го прифатија изразот како собирен крик за слободата на самоизразувањето.

Во рок од два дена од нападот, слоганот стана еден од најпопуларните хаштагови за вести во историјата на Твитер. „Je suis Charlie“ беше усвоен ширум светот, беше користен во музиката, прикажан во печатени и анимирани цртани филмови (вклучувајќи ги и Симпсонови) и стана новото име на градскиот плоштад во Франција.
На 12 јануари, Charlie Hebdo ја откри насловната страница на својот број од 14 јануари, кој требаше да биде објавен една недела по почетокот на нападите. На корицата е прикажана карикатура на исламскиот пророк Мухамед кој лее солза додека го држи знакот Je suis Charlie, под зборовите „Tout est pardonné“ („Сè е простено“)....“
"Грчки дуќани" како што кажа имплицира бизниси во сопственост на Грци, инаку сигурно да, во стоматологиите пример можда и да има некои грчко-говоречки вработени, но нешто незначајно имајќи го во предвид фактот дека големиот дел од 'грчките' клиенти се егејци кои зборуваат македонски.

Ме заебаваш? ТИ И ТИЕ КАКО ТЕБЕ лично ме напаѓате и одите офф-топик, јас просто реплицирам, што сакаш да седам и да ви ги примам навредите без збор?
...сега ми е јасно колку си запознат со историјата на македонскиот народ, зеро познавање!
...твојата навреда е поголема од колку си самиот свесен затоа што немаш никакво познавање за сопствени корења, ако воопшто ги имаш!
„грчките“ клиенти НЕ СЕ ЕГЕЈЦИ КОИ ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ТУКУ ЕГЕЈЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ КОИ НОРМАЛНО ДЕКА ГО ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИОТ (МАЈЧИН) ЈАЗИК, прашање што си ти?
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.860
Поени од реакции
8.251
...де бе па ти, ништо не следиш!

Прегледај го приврзокот 334875 Прегледај го приврзокот 334876

„ ...е слоган и лого создадени од францускиот уметнички директор Јоаким Ронсин и усвоени од поддржувачите на слободата на говорот и слободата на печатот, по пукањето на 7 јануари 2015 година во кое беа убиени 12 лица во канцелариите на францускиот сатиричен неделен весник Шарли Ебдо, некои новинари го прифатија изразот како собирен крик за слободата на самоизразувањето.

Во рок од два дена од нападот, слоганот стана еден од најпопуларните хаштагови за вести во историјата на Твитер. „Je suis Charlie“ беше усвоен ширум светот, беше користен во музиката, прикажан во печатени и анимирани цртани филмови (вклучувајќи ги и Симпсонови) и стана новото име на градскиот плоштад во Франција.
На 12 јануари, Charlie Hebdo ја откри насловната страница на својот број од 14 јануари, кој требаше да биде објавен една недела по почетокот на нападите. На корицата е прикажана карикатура на исламскиот пророк Мухамед кој лее солза додека го држи знакот Je suis Charlie, под зборовите „Tout est pardonné“ („Сè е простено“)....“
Знам дека се користеше за Charlie Hebdo и нели се користеше кај нас слично сллоган И јас сум А1. Пред да ја затворат А1 во тие случувања.

Ок можело на македонски да се користи или воопшто да не се користи е најпаметно. Не мора секогаш да бидеме исти во слоганите за подршка на некого или нешто.
 
OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.725
Поени од реакции
2.497
Ќе ги споделам зборовите на Стојан М'лчанков, еден од помалку извесните дејци на Македонската револуционерна организација:

"Нај-лесно е да убиеш непријателја - пет лева е едно куршумче, колко му е. Това не удовлетворјава човека. ште се бориш умствено со него, да му докажеш, че си повече от него. Това е борбата."

Со чинот Ламбе ништо не постигна освен што си направи легални проблеми и ќе го гледаат децата негови како оди во затвор од глупавост, дополнително им даде лесна политичка победа на Бугарската кауза во Македонија.

Како може Македонците пред 100 години, со максимум 4то одделение да имаат подобар вид на големата слика од Македонците во 2022 незнам, најверојатно секој паметен македонец или е убиен или е исселен, па генетскиот круг во последните 100 години е генерално од шлајмот кој останал.

"Грчки дуќани" како што кажа имплицира бизниси во сопственост на Грци, инаку сигурно да, во стоматологиите пример можда и да има некои грчко-говоречки вработени, но нешто незначајно имајќи го во предвид фактот дека големиот дел од 'грчките' клиенти се егејци кои зборуваат македонски.

Ме заебаваш? ТИ И ТИЕ КАКО ТЕБЕ лично ме напаѓате и одите офф-топик, јас просто реплицирам, што сакаш да седам и да ви ги примам навредите без збор?
Делото на Ламбе е изолиран инцидент, значи не се собрале масовно луѓе и решиле да палат, туку е одлука на индивидуа. Се согласувам дека може и на подобар начин да се протестира, ама сепак треба да застанеме позади него, бидејки е единствен кој што уствари се побуни против антимакедонски клуб во Македонски град.
Страшно е во каква држава живееме, некој запалил врата и за еден ден е фатен, што значи се потрудиле кучињата џандарски, додека во исто време во Струмица убиваат човек и никому ништо. Очигледно законот само за Македонците важи.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.062
Ќе ги споделам зборовите на Стојан М'лчанков, еден од помалку извесните дејци на Македонската револуционерна организација:

"Нај-лесно е да убиеш непријателја - пет лева е едно куршумче, колко му е. Това не удовлетворјава човека. ште се бориш умствено со него, да му докажеш, че си повече от него. Това е борбата."

Со чинот Ламбе ништо не постигна освен што си направи легални проблеми и ќе го гледаат децата негови како оди во затвор од глупавост, дополнително им даде лесна политичка победа на Бугарската кауза во Македонија.

Како може Македонците пред 100 години, со максимум 4то одделение да имаат подобар вид на големата слика од Македонците во 2022 незнам, најверојатно секој паметен македонец или е убиен или е исселен, па генетскиот круг во последните 100 години е генерално од шлајмот кој останал.

"Грчки дуќани" како што кажа имплицира бизниси во сопственост на Грци, инаку сигурно да, во стоматологиите пример можда и да има некои грчко-говоречки вработени, но нешто незначајно имајќи го во предвид фактот дека големиот дел од 'грчките' клиенти се егејци кои зборуваат македонски.

Ме заебаваш? ТИ И ТИЕ КАКО ТЕБЕ лично ме напаѓате и одите офф-топик, јас просто реплицирам, што сакаш да седам и да ви ги примам навредите без збор?
Штом Гемиџиите имаат споменик и Ламбе треба.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
512
Поени од реакции
1.713
Брат.... неќам да сум негативен, но ова што го напиша во најмала рака не прави смисла, а ако би бил по дрзок би кажал е ретардирано.

Значи ти што мислиш, кој го формирал тој клубот во Битола? Локални битолчани со бугарско самосознание.

Второ, знаеш дека Иван Михајлов е роден во тоа што е денешна Северна Македонија? Ново Село, Штипско, значи тогаш македонците се фашисти.

Дај собериси ги мислите, тгни ги настрана cringe фашист/партизан наративите и размислувај логично, едноставно е.
Ванчо Михајлов бил Македонец толку, колку што си и ти. Ах бре Грко-Влашиња, попровидни сте од стакло, никогаш не сте биле толку провидни со пропагандата од што сте сега во овој период. :pos::pos:
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
...сега ми е јасно колку си запознат со историјата на македонскиот народ, зеро познавање!
...твојата навреда е поголема од колку си самиот свесен затоа што немаш никакво познавање за сопствени корења, ако воопшто ги имаш!
„грчките“ клиенти НЕ СЕ ЕГЕЈЦИ КОИ ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ТУКУ ЕГЕЈЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ КОИ НОРМАЛНО ДЕКА ГО ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИОТ (МАЈЧИН) ЈАЗИК, прашање што си ти?
Еве уште еден не-егеец што се навредува од име на егејците за глупава семантика...

Штом Гемиџиите имаат споменик и Ламбе треба.
Жртвата на Гемиџиите била направена како очаен чекор на народ кој немал никаков политички рекурс, и во време кога единствен начин да се добие внимание за обезгласените е преку екстремен чин, исто така дури и во тоа време раководството на Македонската организација била генерално против акцијата на Гемиџиите.

Кажи ми како една соба организација со се на се 30-50 членови таргет група те обезправува тебе или Ламбе Чакмакот во време кога Македонците имаат своја држава, медиуми, интернет итн.?

Ванчо Михајлов бил Македонец толку, колку што си и ти. Ах бре Грко-Влашиња, попровидни сте од стакло, никогаш не сте биле толку провидни со пропагандата од што сте сега во овој период. :pos::pos:
По кој параметар Ванче Михајлов не е македонец ајде кажи ми те молам? Ако Ванче не е македонец, тогаш што е Тодор Александров? Што е Гоце? Даме? Разбираш дека по параметрите што комунистите во главата ви начукале дека Ванче не македонец, тогаш по истите параметри Гоце Делчев не е македонец.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.637
Поени од реакции
37.600
...пироманија (пироман) потекнува од грчкиот „пирос“ што значи оган и „манија“ што значи опсесија, терминот означува интензивна опсесија со оган, пламен, неговите последици,

...по дефиниција, тоа е неконтролиран нагон што го тера човекот намерно или ненамерно да подметнува пожар, бидејќи во тој момент доживува задоволство или олеснување кога го подметнува огнот, кога е сведок на неговите ефекти или учествува во последиците.

... луѓето со ова нарушување доживуваат напнатост или емоционална возбуда пред чинот и се заинтересирани, фасцинирани, заинтригирани од огнот, често набљудувачи на пожари во близина, можат да кренат лажни аларми за пожари честопати се привлечени од органите на прогонот, опремата и персоналот поврзан со управувањето со пожар.

... од клиничка перспектива, за да се дијагностицира како пироман, мора да се исклучат пожари подложени на финансиска корист, пожари поврзани со изразување на идеологија или политика, пожари поврзани со прикривање криминални докази, пожари предизвикани од одмазда или гнев, подметнат пожари да се подобрат околностите (на пример, поврзани со осигурување) и пожари поврзани со заблуди или халуцинации.

...Ламбе го предизвика потпалувањето на надворешната врата на дискутабилниот бугарски клуб од револт кон бугарскиот фашизам во минатото и поради денешнава нивна политика и блокирање на Македонија да иде напред, тоа не е пироманство, ниту Ламбе го прави пироман, новинарска атракција за наслови не се потребни, за пусти публицитет се користи погрешна терминологија со што испаѓаат полоши нивни новинарски набедувања!

... пиромани се всушнот психолошки и бихевиорални профили кои се кријат зад пироманија и намера да предизвикаат пожари од сопствено задоволство и без причина.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.062
Еве уште еден не-егеец што се навредува од име на егејците за глупава семантика...

Жртвата на Гемиџиите била направена како очаен чекор на народ кој немал никаков политички рекурс, и во време кога единствен начин да се добие внимание за обезгласените е преку екстремен чин, исто така дури и во тоа време раководството на Македонската организација била генерално против акцијата на Гемиџиите.

Кажи ми како една соба организација со се на се 30-50 членови таргет група те обезправува тебе или Ламбе Чакмакот во време кога Македонците имаат своја држава, медиуми, интернет итн.?

По кој параметар Ванче Михајлов не е македонец ајде кажи ми те молам? Ако Ванче не е македонец, тогаш што е Тодор Александров? Што е Гоце? Даме? Разбираш дека по параметрите што комунистите во главата ви начукале дека Ванче не македонец, тогаш по истите параметри Гоце Делчев не е македонец.
Ламбе храбро се бори против новата бугарско-северџанска окупација исто како што се бореле гемиџиите против окупаторот или уште подобро Стив Наумов е протип на бората за слобода на кој наликува херојот Ламбе.
Автоматски споено мислење:

Ванчо бил против Македонеци Гоце бил за Македонеците.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.472
Поени од реакции
3.623
Ќе ги споделам зборовите на Стојан М'лчанков, еден од помалку извесните дејци на Македонската револуционерна организација:

"Нај-лесно е да убиеш непријателја - пет лева е едно куршумче, колко му е. Това не удовлетворјава човека. ште се бориш умствено со него, да му докажеш, че си повече от него. Това е борбата."

Со чинот Ламбе ништо не постигна освен што си направи легални проблеми и ќе го гледаат децата негови како оди во затвор од глупавост, дополнително им даде лесна политичка победа на Бугарската кауза во Македонија.

Како може Македонците пред 100 години, со максимум 4то одделение да имаат подобар вид на големата слика од Македонците во 2022 незнам, најверојатно секој паметен македонец или е убиен или е исселен, па генетскиот круг во последните 100 години е генерално од шлајмот кој останал.

"Грчки дуќани" како што кажа имплицира бизниси во сопственост на Грци, инаку сигурно да, во стоматологиите пример можда и да има некои грчко-говоречки вработени, но нешто незначајно имајќи го во предвид фактот дека големиот дел од 'грчките' клиенти се егејци кои зборуваат македонски.

Ме заебаваш? ТИ И ТИЕ КАКО ТЕБЕ лично ме напаѓате и одите офф-топик, јас просто реплицирам, што сакаш да седам и да ви ги примам навредите без збор?
Штом вас татарите ве нервира, значи дека добро направил.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.637
Поени од реакции
37.600
... во психологијата и психијатријата, пироманијата се уште се смета за болест поврзана со сериозни ментални нарушувања, малку потешко и да се дијагностицира, па и да се лекува, бидејќи ретко се препознава како изолирано ментално нарушување - пироманија, зошто секогаш е поврзано со други нарушувања.

- патолошката желба (пироман) за потпалување на оган се формира во детството со кулминација на 16 до 30 години, дури постои и ментално нарушување како „пирофилија“ состојба во кои пироманите доживуваат вистинска сексуална возбуда, да не речам оргазам гледајќи како нештото гори или се потпалува, дури сето тоа е проследено со исцедок во неговите гаќи!

2345675.jpg

... госпожа Најчевска, Ламбе не е ниту вандал (да се надоврзам) на вашиот коментар, како што го нарекувате!

... дајте Ви се молам, прочитајте и едуцирајте се малку, иако сите се едуцираме, учиме цел живот, но не сте ниту вие свезнајуча, ниту исклучок, па не е лошо да си прочитате што значи вандализам, чинот на вандализам за да учесникот биде вандал, како го нарекувате Ламбе.

... има различни „потпалувачи“ конкретно за потпалувачи од вандализам тие најчесто дејствуваат во групи, а не поединечно, а подметнувањето на пожар го прават од досада или едноставно од забава на едно, две или повеќе места истовремено, а Ламбе не е тоа според што го нарекувате „најобичен вандал“!

П.С.
ова вака, форумски одговор на професорка од професорка!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom