Револтот на Ламбе Алабаковски, Je suis Lambe Alabakovski

Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
... џабе се мачиш, Грк не би се бламирал на ваков начин, ова е само еден чистокрвен Македонец измутиран од околностите со месечен хонорар од по 40 000 денари од буџетот, кои се активираат по потреба, по социјални мрежи во интерес на северџаните кои се на власт.
Неќам да звучам дрско, но 40.000 денари до 5ти во месецот не ме покриваат.

Не, не, има тука некоја интересна приказна, дефинитивно има "нешто грчко", се гледа по тоа што на кирилица пишува со спелинг цели зборови, јас намерно испуштав букви туку само говорните букви за да видам дали ќе знае што му зборам без гугл транслејт. Е сега откога тоа го установивме уште повеќе ме заинтересира што позадина има. Јас имам теорија, мислам дека е сличен случај како еден член Фимчо (fmi), ама да видиме дали он ќе ја потврди.
Нема врска, од контекстот разбрав дека намерно пишуваш работи кои теоретски би испровоцирале некој грк кој чмари на македонски форуми, незнам од каде но во пишана форма (дури и на кирилица скршено) можам да го доловам контекстот на грчки, ми одат јазиците што да речам.

...нема врска ти кажувам гарант нема ништо потекло со Грција, едноставно во Битола има многу грчки дуќани, па и самите битолчани научиле нешто „малака“ во нивно присуство, овој е партиски подмладок активиран по потреба и ништо повеќе!

Прегледај го приврзокот 334805

... и јас не познавам народ со толку кодоши и предавници како македонскиот народ, реченицава иако кажана пред сто години, сеуште актуелна изгледа безвременска на жалост за македонскиот народ!
"едноставно во Битола има многу грчки дуќани", ова ми кажува дека не си бил најверјатно во животот Битола, последен пат кога бев Битола, единствено нешто приближно Грчко беше сендвичара гирос каде правеја, незнам ниту еден "грчки" дуќан, а и Битолчани единствено келнерите знаат да речат добар ден, и благодарам на грчки и тоа е.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.975
Поени од реакции
8.651
Абе што му одговарате на тролов. Зарем не гледате дека за пари мајка му ќе си ја продаде? Освен презир, ваквите не заслужуваат ништо. Вие па муабет му правите и им објаснувате. Му конкурирате во глупоста кој е по глуп!
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
Му конкурирате во глупоста кој е по глуп!
И дојде ти, и ни ја зеде на сите наградата за најглуп од пред очи. Заслужено што да речам!

Шала на страна, незнам со што заслужив да бидам вака напаѓан, мислам дека тоа што го пишувам е општа логика. Во секој случај, темата оди офф-топик, и нема што повеќе да кажам така да чао на сите, овој бугаро-комуњарско-грчки бот платен за 40,000 денари си го заработи лебот на ширење на пропаганда за Ламбе Бензинот и отиде да спие доволен.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
858
Поени од реакции
3.715
Брат.... неќам да сум негативен, но ова што го напиша во најмала рака не прави смисла, а ако би бил по дрзок би кажал е ретардирано.

Значи ти што мислиш, кој го формирал тој клубот во Битола? Локални битолчани со бугарско самосознание.

Второ, знаеш дека Иван Михајлов е роден во тоа што е денешна Северна Македонија? Ново Село, Штипско, значи тогаш македонците се фашисти.

Дај собериси ги мислите, тгни ги настрана cringe фашист/партизан наративите и размислувај логично, едноставно е.
Еве ти го “бугарот” кој го основа клубот, т.е му го основаја атб или како и да се вика тајната служба на БГ , директно финансирано од државата . Тешки пари се истурија Битола , ама нема да му успеј.Се оди преку курвата на ванчо Вида Боева , цела архива на Ванчо ја има Боева се работи турбо ж, ваљда знајш поубо од мене.
 

Attachments

Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
Еве ти го “бугарот” кој го основа клубот, т.е му го основаја атб или како и да се вика тајната служба на БГ , директно финансирано од државата . Тешки пари се истурија Битола , ама нема да му успеј.Се оди преку курвата на ванчо Вида Боева , цела архива на Ванчо ја има Боева се работи турбо ж, ваљда знајш поубо од мене.
Абе види заболе ме мене стапот од кои побуди основателот го основал тој клубот, тоа е ирелевантно. Неговата организација по сите параметри изгледа дека е легално формирана и функционира во рамките на законот. Доколку нема македонски бугари во Битола, ќе нема ни интерес за тој клубот, незнам зошто треба некој сељак преспански да го зема законот во своја рака па да оди да подметнува пожари.

Ако организацијата е нелегално формирана, или е финансирана надвор од рамките на законот, тогаш Ламбе требаше да ја искористи неговата популарност и да ја информира јавноста за тоа, да ги истроши прво сите методи достапни во рамките на законот, и ако не најди правда, нека оди нека ги потпали. Јас досега не видов ниту еден факт дека таа организација функционира нелегално освен шпекулации и рекла-казала.

Дополнително, незнам зошто на некој кој е уверен во неговата етничка припадност би им сметал клубов, ако ти си знаеш дека си македонец, остави ги нека кршат глава, ама во коренот ова ми личи на насилно избувнување од некој внатрешен страв, можеби Ламброс е латентен бугар, па заради неговиот ограничен сељчки ментален капацитет неможел да се справи со неговата внатрешна бугарштина, избувнал и го подметнал пожарот :D

Во секој случај со актов Ламбо ништо не постигна, единствено ќе им даде лесна политичка победа на бугарите, ако си против нивната кауза, тогаш најдоброто што можеш да направиш е да ги игнорираш, па нека тонат во ирелевантност (ако е таков случајот), но не би очекувал ништо попаетно од неписмен преспански сељак вратен од америка.

ПС. ако тоа чудото на слика што си го постирал е стварно основателот, тогаш кој склоп на контрадикторности, Тодор Александров, ѕвездата од вергина и клуб на бугарите... трифекта од фундаментално неповрзани работи.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.639
Поени од реакции
37.601
178088_4923033126410_472323918_o-659x370.jpg

„ Тендерска документација од перидот од 2007 до 2010 година целосно била изгорена во големиот пожар во „Македонска пошта“, Поштата гореше, ја ограбуваа, никој не одговара, па ќе се продава.“

Pozar-vo-OHIS.jpg

„Попладнево избувна пожар во кругот на фабриката „Охис“ во Скопје. Според неофицијални информации, пожарот пламнал во кругот на фабриката , а во моментов гори и управната зграда. Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот.

wna1ukfp9z4fjlsahg0c.jpg

„Голем пожар ја изгоре на фабриката Треска, која последниве години стана атрактивно земјиште за градежните бизнисмени. Причините за овој пожар се уште не се познати.

tetovo-pozar-modularna-bolnica.jpg

„Новата Модуларна ковид болница во Тетово во пламен“. Според првичното соопштение на Министерството за здравство за време на избувнувањето на пожарот во девет часот навечер во модуларната ковид болница биле хоспитализирани 26 пациенти, од кои 14 загинале и 12 се безбедно евакуирани и во стабилна здравствена состојба.“

mkd-534698.jpg

„Бараката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје во текот на ноќта изгоре во пожар. Целата документација на претпријатието е уништена.“


oficerski-dom-bitola.jpg

„Непознато лице вечерва запалило оган во внатрешноста, на приземје во Офицерскиот дом во Битола, кој е објект под заштита како културно-историско наследство. Несовесниот битолчанец најверојатно влегол низ некој од скршените прозорци и запалил оган да се стопли.“

АРНО АМА ЕКСПРЕСНО ИЗДЕЈСТВУВА за мало оштетување на влезна врата на дискутабилен противзаконски клуб од туѓо потекло!

oliver-spasovski.jpg

„Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за приведувањето на македонскиот пејач Ламбе Алабаковски кој е осомничен дека подметнал пожар на влезот во бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“.
Министерството за внатрешни работи бара одредување на мерка притвор затоа што се исполнети условите во однос на ваквото барање. Сепак да ја почекаме одлуката на судот, вели Спасовски.

Истакна дека за настанот се преземале многу активности и службени разговори, многу материјали од видео надзор не само од објектот и дека сите овие информации довеле до, како што рече, сторителот на ова дело.„

бравос :bravobe: за селективно и многу смешно брзо полициско делување, барем да оставеја уште некој ден да не се открие сторителот на велосипед следен со сите полициски ресурси!

image2022-06-08092650518.png


за екс министерот ...„уништувањето на објектите и спомениците преставува „перфоманс“ на сите нас хулиганите и хулиганките, беше чин на солидарност, до сите овие другари и другарки, се под мечот на неправдата и репресијата на ова власт, за фарбање на институциите кои не се легитимирани во Македонија“

...доволно адвокатот на Ламбе да примени цитати и реченици на истите тие што на многу полош и погруб начин го истакнувале својот револт во споредба со делото на Ламбе кој бил револтиран од регистриран дискутабилен фашистички туѓ клуб во сопствен роден град, да не заборавиме дека и самиот Оливер Спасовски оштетувал јавни иснтитуции во името на револтот! “
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.975
Поени од реакции
8.651
Прегледај го приврзокот 334808

„ Тендерска документација од перидот од 2007 до 2010 година целосно била изгорена во големиот пожар во „Македонска пошта“, Поштата гореше, ја ограбуваа, никој не одговара, па ќе се продава.“

Прегледај го приврзокот 334809

„Попладнево избувна пожар во кругот на фабриката „Охис“ во Скопје. Според неофицијални информации, пожарот пламнал во кругот на фабриката , а во моментов гори и управната зграда. Засега не е позната причината за избувнувањето на пожарот.

Прегледај го приврзокот 334810

„Голем пожар ја изгоре на фабриката Треска, која последниве години стана атрактивно земјиште за градежните бизнисмени. Причините за овој пожар се уште не се познати.

Прегледај го приврзокот 334812

„Новата Модуларна ковид болница во Тетово во пламен“. Според првичното соопштение на Министерството за здравство за време на избувнувањето на пожарот во девет часот навечер во модуларната ковид болница биле хоспитализирани 26 пациенти, од кои 14 загинале и 12 се безбедно евакуирани и во стабилна здравствена состојба.“

Прегледај го приврзокот 334813

„Бараката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје во текот на ноќта изгоре во пожар. Целата документација на претпријатието е уништена.“


Прегледај го приврзокот 334814

„Непознато лице вечерва запалило оган во внатрешноста, на приземје во Офицерскиот дом во Битола, кој е објект под заштита како културно-историско наследство. Несовесниот битолчанец најверојатно влегол низ некој од скршените прозорци и запалил оган да се стопли.“

АРНО АМА ЕКСПРЕСНО ИЗДЕЈСТВУВА за мало оштетување на влезна врата на дискутабилен противзаконски клуб од туѓо потекло!

Прегледај го приврзокот 334816

„Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за приведувањето на македонскиот пејач Ламбе Алабаковски кој е осомничен дека подметнал пожар на влезот во бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“.
Министерството за внатрешни работи бара одредување на мерка притвор затоа што се исполнети условите во однос на ваквото барање. Сепак да ја почекаме одлуката на судот, вели Спасовски.

Истакна дека за настанот се преземале многу активности и службени разговори, многу материјали од видео надзор не само од објектот и дека сите овие информации довеле до, како што рече, сторителот на ова дело.„

бравос :bravobe: за селективно и многу смешно брзо полициско делување, барем да оставеја уште некој ден да не се открие сторителот на велосипед следен со сите полициски ресурси!

Прегледај го приврзокот 334815


за екс министерот ...„уништувањето на објектите и спомениците преставува „перфоманс“ на сите нас хулиганите и хулиганките, беше чин на солидарност, до сите овие другари и другарки, се под мечот на неправдата и репресијата на ова власт, за фарбање на институциите кои не се легитимирани во Македонија“

...доволно адвокатот на Ламбе да примени цитати и реченици на истите тие што на многу полош и погруб начин го истакнувале својот револт во споредба со делото на Ламбе кој бил револтиран од регистриран дискутабилен фашистички туѓ клуб во сопствен роден град, да не заборавиме дека и самиот Оливер Спасовски оштетувал јавни иснтитуции во името на револтот! “
Затоа сите сегашни политичари кои биле на власт од СДС на Муртино. Фаќање аа уши и правец во апсаана! Само ќе треба зоолошката градина да се пренамени во затвор, пошто многу материјал има за во ќорка!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.861
Поени од реакции
8.251
Ајде и овде да пишам.

Ламбе со тоа што го направил ништо не постигнал а дека нема селективно делување нема. Изгореа многу работи не се најдоа толку брзо сторителите како ова со ламбета.

Да треба да се бунтуваме за се што не ни одговара и што не чини за државата ама не на ваков начин. Подобро (иако не е решението убиство, палење, самоубиство) ако имал муда да пали да ги запалел Заев и компанија што дозволиле да се отвори ова и што дозволија ред други работи отколку да пали врата од објект.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.402
Поени од реакции
4.266
Ламбе, ако поалењето го направил од патриотски причини, згрешил при изборот на средството. Можел да биде малку повеќе креативен и на пример да направи едно јавно мочање на вратата од ќенефот со директен пренос и да направи челинџ за сите патриоти. Значи јавно, без маска и со директен пренос и ајде да видиме кој друг тоа може. Така тоа немаше да биде кривично дело и ќе немаше притвор ами ке беше прекршок за кој ке го опнеа 200-300 евра казна кои ке ги платевме сите заедно, секој по 10 денари, а пораката ке беше испратена до целиот свет. Па после бујрум кој го прифаќа предизвикот нека оди со маска и нека моча па ако го фатат ке си плати. Нека брка мвр по 100тина мочковци со маски на ден па да видиме како е успешна во откривањето на сторителите.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.561
Поени од реакции
11.551
Не, не, има тука некоја интересна приказна, дефинитивно има "нешто грчко", се гледа по тоа што на кирилица пишува со спелинг цели зборови, јас намерно испуштав букви туку само говорните букви за да видам дали ќе знае што му зборам без гугл транслејт. Е сега откога тоа го установивме уште повеќе ме заинтересира што позадина има. Јас имам теорија, мислам дека е сличен случај како еден член Фимчо (fmi), ама да видиме дали он ќе ја потврди.
Ништо нема, ти поточно од него пишуваше
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.861
Поени од реакции
8.251
А зошто морало да се пише на француски Je suis?
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Нај неубавото, да не речам нај гадното и пед*рското во овој момент е што читам како го прават "шпион" на едните, па на другите, па на третите.
Тоа бидејќи сум сигурен дека го направил своеволно, највеќе му ја убива смислата на тоа што го направил.

И сега ќе му накалемуваат триста афери и фејк њус на чоекот, дополнително да го боли.
А собрал храброст да направи нешто што милион луѓе само сакаа да го направат. Ама само сакаа и збореа. И сега пак крив е, дупло крив, шпион бил. Ццц за овој народ немам зборови.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ништо посебно ни мистично, стандарден македонец, па дури и ќе речам патриот македонски во одреден историски контекст. Само по некој чуден склоп на околности ги гледам работите црно бело и не се доведувам свесно во заблуда со глупости.

На одмор бев во Грција кога го отворив акаунтов, понесен од атмосферата грчки суфикс ставив на корисничкото име.
Од вакви патриоти ко тебе сиба пиперот цела држава.
Што викаат од партија, ќе има некој пакет масло или строг пост?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom