Револтот на Ламбе Алабаковски, Je suis Lambe Alabakovski

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
ламбе.png images13.jpg lambe-99999.png

...експресно откриен и приведен сторителот на оштетена влезна врата на еден клуб, чие име е дискутабилно дали воопшто требаше како таков да се регистрира поради повреда на чувствата на македонскиот народ, дали Ламбе во својот роден град не може да биде Македонец, останува да го видиме чинот на власта и неговата шанса во избегнување на политичката егзекуција поради умилкување кон бугарскиот сосед, останува да ги проследниме следниве денови!

levica_lambe-345564.jpg 286406737_5706219066063290_8969078072716909126_n-768x559.jpg


... „ На македонските северни перверзии им нема крај. Дно. Бездна. Замислете само, власта на Заевци и неговите престолонаследници, која не смееше ни на сон да дозволи отворање на клуб со името на МАКЕДОНОУБИЕЦ и ФАШИСТ како Ванчо Михајлов, сега се фали дека го фатила МАКЕДОНЕЦОТ кој испровоциран од забеганата провокација запали табла со името на македоноубиецот?!?!?
Оливер Спасовски, за кој никој здраворазумен не сфаќа зошто се’ уште, по сите мега скандали со пасоши за светски криминалци и нарко картели, криминално осуетени полцииски акции и началници што дилаат дрога, пратеници што шмркат бело, обвинители што крадат ко улави, судии што за унапредување судат ко кадии, политичари кои лапкаат тендери ко да не виделе, сега јавно се фали и булазни: „Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот.
И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!“ Алоооо, па дали сте бре со сите??!?!?! Секој кој се огрешил треба да одговара? А, така ли? Чекај, чекај Оливере. Дали зборуваш за својот лидер Заев, оној три пати аболираниот за „Глобал“, „Поткуп“ и за „Пуч“, за тој ли? За оној фатениот како брои илјадници евра, Ден Дончев ли беше? За Димова чиј обвинителен акт го пуштивте дури откако Брнс ве расшамара јавно за корупцијата во сопствените редови ли? За Рашковски што се шетка по дома? За Катица Јанева за која се знае дека е повеќе дома отколку во затвор. За Зеќири за кој цели одделенија на Инфективна се ВИП притвор? Тие не ли се „секој кој се огрешил“? А?

Уапсете го оној суртук кој дозволи клуб со вакво име воопшто да се отвори, не Ламбе!

Сфаќате ли колку им згрешивте вие на Македонија и на Македонците. Разбирате ли дека врие и каде и да е ќе пукне работата? Сфаќате ли дека вие сте оние кои треба да одговарате? Секој кој се огрешил да одговара ли? Вие треба да одговарате многу. За сиот овој гнев, бес, срам, арам, јад и чемер кој го нанесовте и секојдневно им го нанесувате на илјадници Македонци. Срам кој ве тера да вриете, да пукате по шавови, да ви чади главата. За 1.4 милиони дози диазепам кој го крка народот поради вас. Заради тоа што сонува да си купи зејтин. Заради уништувањето на имиџот на Македонецот во светот, кој го замислуваат така наведнат и бескичмен како вас. За сите непроспани ноќи, за се’ што овие 5 црни години со вас на власт е збрано во душата и срцето на Македонецот!

Вие треба да одговарате, не Ламбе. Тоа што тој го стори е резултат на насобраниот гнев поради вашата сервилност и безрбетност, за нанесениот срам врз достоинството, честа, гордоста и извалканиот образ на секој вистински Македонец! Политиканти, без образ и трунка достоинство, гордост и чест македонска во себе. Чувството на срам од оваа влада секојдневно расте. Немаат мерка, исав уште помалку, срам ни за лек. Доста е! И затоа што не’ има многу вакви Македонци, огорчени, гневни и бесни до бескрај и назад:

И јас сум Ламбе Алабаковски! Je suis Lambe Alabakovski!
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Нели овој беше во Америка? Кога се вратил, кога решил да потпалува работи.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ламбе бе :pos: :pos: :pos: :pos: Абе смеа ме фаќа увек кога и да прочитам Ламбе дека го запалил.. Просто не можам да поверувам.. Наклон до под, муда до земја.. Така се прави тоа, а не интернет патриотите..
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Постапката на Ламбе не е за оправдување, никако...требал многу да размисли што последици ке навлече пред да го стори тоа дело, знаејќи каде живее и дека во оваа хаотична држава нема правда...вака ќе го јаде стапот цел живот, а не постигнал некое лично задоволство....без везе...штета за него и неговата младост :( да сиго уништиш животот за ништо.

 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
267
Поени од реакции
564
Постапката на Ламбе не е за оправдување, никако...требал многу да размисли што последици ке навлече пред да го стори тоа дело, знаејќи каде живее и дека во оваа хаотична држава нема правда...вака ќе го јаде стапот цел живот, а не постигнал некое лично задоволство....без везе...штета за него и неговата младост :( да сиго уништиш животот за ништо.

ахахах многу чудно разбирање на концептот за правда имаш. Човекот на здрав памет зеде и подметна пожар, што подразбираш под правда? Медал да му дадат да не треба?

Ќе си оди затвор, ќе си плати оштета и тоа е правдата тука.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
ахахах многу чудно разбирање на концептот за правда имаш. Човекот на здрав памет зеде и подметна пожар, што подразбираш под правда? Медал да му дадат да не треба?

Ќе си оди затвор, ќе си плати оштета и тоа е правдата тука.
Така е, тоа е законот. Ама ако можат учк да протестираат за убијци што извршиле терористички напад или за монструми што убиле средношколци, така да, може и за ова протест. А воопшто не би ми сметало и да му дадат само условна.
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
267
Поени од реакции
564
Така е, тоа е законот. Ама ако можат учк да протестираат за убијци што извршиле терористички напад или за монструми што убиле средношколци, така да, може и за ова протест. А воопшто не би ми сметало и да му дадат само условна.
Да, тоа што албанците што дивеа и не беа осудени е неправда, но тоа не значи дека треба да дозволиме Ламбе да пали куќи низ Битола.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom