Nikoj ne zabranuva da se pusi samo sto toj saka da pusi ke mora da izleze nadvor i koga ke zavrsi moze slobodno da se vrati da prodolzi da jade, mnogu luge odat vo restorant da jadat a ne da si ja mamirisaat oblekata so tutun.
Е сега, тета Ацева тебе ќе ти објасни (а и на останатите чистунци) како ќе изгледа животот после први јануари:
1. Алиштенцата нема да ви мирисаат на цигари, ама ќе мирисаат на знојче и лукче, а богами и на скаричка, зависи каде милувате да се нахраните, што значи дека пак ќе морате да ги заперете, од време на време.
2. Јас, како уживател на животот и се што сум решила дека ми е уживање, нема да влегувам и излегувам од никаде каде што е топло и каде што ми е фино и да настинувам, затоа што не сакам да го оптеретувам додатно нашиот ценет Фонд за здравство.
3. Точката два значи дека воопшто
нема да ги посетувам услужните објекти, затоа што не влегувам во нив да се најдам туку да се видам со драги луѓе и да потрошам квалитетно време и квалитетна сума пари. Ако не ми е убаво, односно ако ме ставаат од другата страна на Законот со тоа што ми е убаво, јас ќе ги тошам моите пари на други места.
4. Најгруба пресметка е дека јас (само јас) трошам годишно околу 5000 евра по кафани и околу 2000 евра за цигари.
5. Со мојата одлука под точка 3, во моментов остануваат двајца вработени од услужните дејности без годишна бруто плата.
Дали треба да резимирам или сам ќе си го извлечеш заклучокот. Намерно не ставив прашалник на крај.