Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Јас да видам па нема да поверувам дека ќе се спроведе во целост.:nenene:
Како што направија за фрлањето ѓубре по улиците или плукањето.Колку што се сеќавам траеше само еден месец.:smir:
сеуште трае
 
ај ако законов добро се споредува баш ме интересира вие пушачите колку петиции ќе извадите и кампањи ќе правите...

нема нишо посебно да правиме ке си палиме цигари па како шо било.. знаеш како е у нашава држава.. 2 3 месеци законот се спроведува после ИСТО како и да не постои...
до сеа абрав неможев да најдам.. прееска незнам у кој весник на најава на ТВ кажаа дека ке се организираат угостителските установи и ке се кренат на протест мислам така нешо беше... а верувам ке има и обични граѓани шо ке ги подржуваат и тоа многу ке ги има
 
Законот е дискриминирачки.

Пушачите треба да имаат соодветна просторија, која ќе биде изолирана од просторијата кај што се непушачите. Тоа е најправедно. Се останато (без разлика дали е целосна дозвола или целосна забрана) е дискриминација. А ова со забраната за новогодишната ноќ се медиумски атракции. Нормално дека ќе биде дозволено пушење. Замисли и на таа ноќ да му го скратиш задоволството на некого да пуши, па уште и да го казниш - ќе летаат флаши и чаши.
Не сатува збор за никаква дискриминација, ние немаме никакви предрасуди во врска со тоа што вие пушите. Само се грижиме на нашето здравје. Додека ти се фрустрираш на некои постови и даваш црвена репутација, како божем којзнае што значи тоа. Изгледа предрасудите ги имате вие пушачите. Незнам дали тоа е поради никотинот, затоа запали си една и смири страсти.
 
Нормално дека не знаеш на што мислам, ептен сложено кажав. Чек поедноставно. Ако ми падне прометот до тој степен да морам да почнам да отпуштам некој од моите вработени, ќе ти прекажам што ќе правам во врска со законот. Појасно?


кажи дека збориш на економски план де... факт е дека тука ќе има негативни промени, не велам не... но и глупо е што вие изигравате Мајка Тереза цело време викајќи “еј јас пушам цигари, ама им помагам на тутунариве“. Јас фамилијарно не сум поврзан со таков бизнис каде што овој закон може економски да влијае, па единствено што ми останува е да гледам позитивно оти на раат ќе си го пијам кафето во кафич, а во дискотека ќе нема да ми се лоши од чадот
 
Не сатува збор за никаква дискриминација, ние немаме никакви предрасуди во врска со тоа што вие пушите. Само се грижиме на нашето здравје. Додека ти се фрустрираш на некои постови и даваш црвена репутација, како божем којзнае што значи тоа. Изгледа предрасудите ги имате вие пушачите. Незнам дали тоа е поради никотинот, затоа запали си една и смири страсти.

Ти имаш другари/ки кои пушат? Одиш кај нив на гости? Пиеш со нив кафе додека пушат? Ако одговориш на ова со да, веднаш ти паѓа во вода тој муабет за грижата околу твоето здравје.
Покрај тоа, ај ќе ве замолам вас грижниците, да ми кажете 5 работи кои ги правите секојдневно, мислејќи на вашето подобро здравје. Време сега!
 
А вака златен што мислиш дека ќе биде? Нема да се затворат неколку фабрики, ама ќе се отпушти пола Македонија од работа. Ќе се намали промет по сите кафетерии, дискотеки итн, па веднаш по тоа следува намалување на потребата од работници т.е. отпуштања. Проширете ги погледите малку.
А сонце нели размислуваш дека тогаш баш непушачите ќе идат почесто во кафаните, кафичите, дискотеките?
 
кажи дека збориш на економски план де... факт е дека тука ќе има негативни промени, не велам не... но и глупо е што вие изигравате Мајка Тереза цело време викајќи “еј јас пушам цигари, ама им помагам на тутунариве“. Јас фамилијарно не сум поврзан со таков бизнис каде што овој закон може економски да влијае, па единствено што ми останува е да гледам позитивно оти на раат ќе си го пијам кафето во кафич, а во дискотека ќе нема да ми се лоши од чадот
значи ти досега само дома си седел никако не си излегувал,зш иначе ти било лошо од чадот:tapp:
 
значи ти досега само дома си седел никако не си излегувал,зш иначе ти било лошо од чадот:tapp:


не се грижи ти за мојот живот... има кој да се грижи за мене, држи се до поентата на дискусијата
 
Директорот на Државниот пазариштен инспекторат Сашо Акимовски не ја исклучува можноста инспекторите да прават контроли по кафеани и по полноќ на Нова година, и додава дека угостителите ќе можат да обезбедат кабини за пушачи, но во нив нема да може да се служат храна и пијалаци
0867A530C3378A46987E1CCE068DA535.jpg
Пушачите кои Нова година ќе ја пречекаат во некој од угостителските објекти или на друго јавно место, на полноќ ќе мора да ги фрлат цигарите, или ризикуваат да бидат казнети согласно Законот за заштита од пушење, кој од 1 јануари 2010 предвидува 100-процентна забрана на пушење на јавно место. Цигара ќе може да се запали само дома и на улица, но ќе мора да внимаваат да не ги фрлаат догорчињата, бидејќи тоа, пак, е казниво со Законот за јавната чистота.
Директорот на Државниот пазариштен инспекторат Сашо Акимовски рече дека одредиле дежурни инспектори и за претстојните празници, иако не прецизираше кога ќе почнат со контроли.
"Не ја исклучувам можноста инспекторите да прават контроли и на Нова година, но за мене е поважно 365 дена во годината тие да бидат на терен и да обезбедат целосно почитување на Законот", рече Акимовски.
Тој објасни дека во угостителските објекти нема да смее да се пуши ниту внатре ниту на летните тераси, и оти угостителите ќе можат да обезбедат кабини за пушачи, но во нив нема да може да се служат храна и пијалаци.
Министрите за здравство и за економија Бујар Османи и Фатмир Бесими рекоа дека ќе инсистираат строго да се почитува Законот, бидејќи Македонија е втора земја во Европа по број на пушачи, а годишно троши 80 милиони евра за лекување на болести настанати од пушењето.
"Ако СЗО проценува дека половина од пушачите ќе починат, тоа значи дека во Македонија животно се загрозени 500.000 граѓани. Со Законот сакаме да ги натераме пушачите да се откажат од овој смртоносен порок", рече Османи.
Тој објасни дека решиле целосно да се забранува пушењето, бидејќи истражувањата на Светската здравствена организација покажале дека само 100-процентна забрана за пушење може да ги натера луѓето да се откажат од цигарите.
Казните за непочитување на Законот се движат од 2.500 до 4.000 евра за правните лица, а од 150 до 300 евра за физичките лица. (Е.А.)
извор


ова болдираново значи дека ја можам да идам у кафана и коа ке ми дојде келнерот да ме рече ПОВЕЛЕТЕ ја ке му речам ДАЈ ЕДНА ПЕПЕЉАРА САМО ПОШО ДОЈДОВ ЦИГАРА ДА ЗАПАЛАМ..
 
А сонце нели размислуваш дека тогаш баш непушачите ќе идат почесто во кафаните, кафичите, дискотеките?

Сонце, ти оди математиката? Ако да, дај пресметај што е поубаво. Да одат сите секаде или само непушачите.
И кажав погоре јасно за што сум и јас. Посебни простории и никој да не се осеќа лошо или оштетено. Затоа не ми ги вртите истите муабети.
 
Ти имаш другари/ки кои пушат? Одиш кај нив на гости? Пиеш со нив кафе додека пушат? Ако одговориш на ова со да, веднаш ти паѓа во вода тој муабет за грижата околу твоето здравје.
Покрај тоа, ај ќе ве замолам вас грижниците, да ми кажете 5 работи кои ги правите секојдневно, мислејќи на вашето подобро здравје. Време сега!
Секако дека одам кај пушачи дома ама љубезно ги замолувам да не пушат во мое присуство. Има некои кои ме разбираат, а има некои кои се муртат.
иначе за моето здравје:
1. мијам заби секој ден
2. се мачкам со разни лосиони и креми за лице
3. правам физички вежби секој ден
4. се исхранувам правилно секој ден
5. спијам доволно секој ден :smir:

Сонце, ти оди математиката? Ако да, дај пресметај што е поубаво. Да одат сите секаде или само непушачите.
И кажав погоре јасно за што сум и јас. Посебни простории и никој да не се осеќа лошо или оштетено. Затоа не ми ги вртите истите муабети.
А што ќе се случува кога имаш друштво на пушачи и непушачи заедно? кој каде ќе иде?
 
еве јас сум моментално во една држава во која беше воведен тој закон па после неколку месеци мораа да го променат(олеснат) сега е дозволено во кафулиња до 75m2 да се пуши,све што е над овие 75 мора да имат посебни простори за пушачите а каде што се служи храна нема никакво пушење за кое имаме сите ние пушачите разбирање..уште нешто,просторите кој се определени за пушачите се стално полни а тие за непушачи да не речам празни,дури и тие на кои им се лоши од чадот се пикат внатре...
 
Секако дека одам кај пушачи дома ама љубезно ги замолувам да не пушат во мое присуство. Има некои кои ме разбираат, а има некои кои се муртат.
иначе за моето здравје:
1. мијам заби секој ден
2. се мачкам со разни лосиони и креми за лице
3. правам физички вежби секој ден
4. се исхранувам правилно секој ден
5. спијам доволно секој ден :smir:
Добро, а сега легни си, дека ова време не треба да си буден пред компјутер, ако се грижиш за твоето здравје и очи.

А што ќе се случува кога имаш друштво на пушачи и непушачи заедно? кој каде ќе иде?
Среќа моја што немам другари и другарки кои ми "забрануваат" цигара во нивно просуство. Секако веднаш би ги откажала, ама среќа што ги немам.
Лека ноќ, јас одам да спијам. :smir:
 
Добро, а сега легни си, дека ова време не треба да си буден пред компјутер, ако се грижиш за твоето здравје и очи.


Среќа моја што немам другари и другарки кои ми "забрануваат" цигара во нивно просуство. Секако веднаш би ги откажала, ама среќа што ги немам.
Лека ноќ, јас одам да спијам. :smir:
реков спијам доволно, не реков легнувам рано ;) лека ноќ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom