Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 143 33,2%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,6%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    431
Член од
20 декември 2010
Мислења
114
Поени од реакции
85
Ве молам ако најдете некаков стрим од натпреварот на Металург (што не е Web Max TV и/или zulu.mk) да ставите линк овдека.

Благодарам.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.352
Или само на laola1.tv ги имаш сите стримови.Одличен квалитет,а и официјален сајт е.Во соработка со ЕХФТВ ги има добиено овој сајт сите преноси.Плус има стримови од бундеслигата и АСОБАЛ лигата редовно.
--- надополнето: 30 септември 2012 во 18:02 ---
Ве молам ако најдете некаков стрим од натпреварот на Металург (што не е Web Max TV и/или zulu.mk) да ставите линк овдека.

Благодарам.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173

Аферата за местење на резултатот на ракометниот шампион на Франција, Монпелје, вечерва доживеа разврска со апсење на Никола Карабатиќ и уште неколкумина ракометари на овој тим. Тие се во притвор, а утре ќе бидат изведени пред истражен судија каде ќе треба да сведочат за својата вмешаност во скандалот со местење на резултатот од последното коло во минатогодишното првенство на Франција.

Националната француска телевизија (France 3) пред неколку дена откри дека постои сомневање дека неколкумина ракометари на Монпелје го наместиле мечот од последното коло против Сесон Рен, што го загубија со 31-28. Коефициентот за пораз на Монпелје беше неверојатен (45), а сопругите и девојките на ракометарите се обложиле на три локации, во Париз, во Бретања и во Монпелје, уплатиле по 5.000 евра и заработиле по 225.000 евра.

Француската полиција вечерва веднаш по мечот меѓу ПСЖ и Монпелје буквално од соблекувалната ги приведе браќата Никола и Лука Карабатиќ, Самуел Хонрубија, Младен Бојиновиќ и уште вкупно 13 лица, од кои поголем дел се ракометари, како и нивнио блиски кои исто така биле вмешани во овој скандал. Разврската се очекува во текот на утрешниот ден, кога обвинителот ќе одржи прес - конференција, а сите ракометари ќе мораат да дадат свој исказ.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=11681

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322

Единствено нешто што треба да кажат е албанската "Ама ја незнам ништо". :pos:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.132
Поени од реакции
8.203
PSG си газат во Француско првенство.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.886
Поени од реакции
16.126
Германија изгубила од Црна Гора на домашен терен во квалификациите за ЕП о.О со резултат 31-27, на полувреме губеле и со 6 разлика..
До толку се слаби Германците, некој ако ги следи нив нешто повеќе да информира, ептен го подмладија составот, ама и не беа баш толку слаби и тие играчи..
Или па Црногорците се јаки.
 
Црногорците се навистина многу јаки. Таков пример е тоа што се пласираа за следното Светско првенство во Шпанија, победувајќи ја Шведска во плејоф.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.998
Поени од реакции
5.626
Црногорците се навистина многу јаки. Таков пример е тоа што се пласираа за следното Светско првенство во Шпанија, победувајќи ја Шведска во плејоф.
Шведска беше доста ослабена, мислам дека на вториот меч повикуваа и играчи кои беа повлечени од репрезентација. Инаку, мислам дека Зоран Кастратовоќ им е селектор.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.310
Поени од реакции
15.544
Шведска беше доста ослабена, мислам дека на вториот меч повикуваа и играчи кои беа повлечени од репрезентација. Инаку, мислам дека Зоран Кастратовоќ им е селектор.
Ја читав Кастратовиќ во едно интервју, баш спомена дека Зоки е селектор на Црна Гора.

Не знам зашто не размислиле кај нас да биде?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.803
Поени од реакции
72.067
Драшко Мрваљевиќ кој лани го најавуваа како засилување на Металург, ама не потпиша на крајот, им бапнал 8 гола на Швабиве. Ги отворил тоталка...
Интересно трет стрелец бил никој друг туку дрвото екс играч на Вардар, Марко Симовиќ :eek:
Симовиќ дал 4 гола, а Вујовиќ 2 :eek::eek::eek:
Ракчевиќ им пикнал 3 гола.
Зошто воопшто не го ни зимаат Марковиќ во репрезентација?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom