Поздрав граѓанину..
Пак ми ја носиш темата накај Пелистер,а пишав дека за ситуацијата во која се најде Пелистер е најмногу виновен самиот(луѓето во и околу клубот)....
Друг ми беше муабетот....Пелистер во моментот е пред згаснување...не ми го мешај Пелистер во муабетот.....постот беше пишан од аспект на ракометен навивач,не како навивач на Пелистер,или ние шо не живееме во ракометната "метропола"(која без гратиси нема капацитет да ислолни една сала од 6илјади гледачи)
......немаме право да даваме мислење?
Која нова ера бе друже?каква ера?
Со Ристо Чокрев,со Левче Китевски ќе прајме нова ера?
Со Ристо Магдинчев?
Дечкото се пишал во комисија на АМС,се залага за редуцирање на странските играчи а во Вардар пола Русија ја довлечка,....
Ова се тие носители на таа нова ера?
Па тие се луѓето шо им даваат легитимитет и одврзани раце на луѓето како Начевци да си играат играчки со ракометот....
Ако се тие тешко нас....
Кои се тие луѓе шо ќе донесат нови ветришта во ракометот?
Овие успеси шо ги имаме се краткотрајни.....само ја покриваат како евтина шминка целата ситуација во која е ракометот..
Викаш продуцирале играчи тие школи од твојата шампионска метропола?
Па освен Манасков кој сеуште е неизделкан,и Столе друг играч досега не излегол од метрополските клубови...(настрана Миркуловски кој има долг стаж)....
Ојлески можеби,или Јовчевски,Никола Марковски,ама сеуште се недокажани(на интернационално ниво)и тоа овие добиваа/т минутажа со некој тренер како Вујо,со другите тренер си шетаа во МРК,КУМАНОВО........ дури и за еден Манасков...прашање е дали ќе ги бидни за да бидат костур на репката?чисто се сомневам....
Ќе се повлечат Кире,Мојсо за 5,6 години(во најдобар случај).........имаме на лагер барем приближен квалитет?Имаме барем за класа послаби?
НЕМАМЕ или сум
ЈАНГЛАШ....?
Знаеш на шо ќе ни личи бековската линија?
на мајтап....бекови на
GOOGLE SEARCH ќе бараме....
Кај ќе ги бараме тие играчи?во школите на Вардар и Металург?од каде одвај еден или двајца успеваат да се докопаат да тренираат со прв тим,за играње и други работи не дискутирам,научна фантастика....зошто?зошто целокупната стратегија се базира врз шлепање на странци.....
Играчи се создаваат со силни утакмици......
Или ќе си земиме странци а?
од Црна Гора,добар пазар...ќе препорача Вујо некој,секако по дадена експертиза на неговата десна рака Доне..
И ете ти пак силна репка...
Ќе се задоволуваме со учества во квалификациони групи....
Ќе видиме за 5,6 години колку сум јас во право,а колку таквите како тебе,кои гледаат од денес за денес....
Донесувањето на законот и воведувањето ред треба да бидат почеток на таа нова ера...за доброто на сите кои го сакаме ракометот........
А не како досега,донеси 10 странци,пола избркај ги на сред сезона,испери ги парите и пак одново.....
Најмногу за да се реши статусот на играчите....тие се најзагрозена категорија овде...
Само ти изгледа не ги разбираш работите,упорно си тепаш метрополски шеми и ја потценуваш
провинцијата ,а баш од таа провинција излегле и сеуште чат пат излегуваат најдобрите ракометари од Македонија.....а од таа твоја трофејна метропола досега излегле ракометари кои можат да се избројат на прстите од едната рака...(Ванчо Јовановски,Борко од голманите.....Ванчо,Миркуловски.....и ете го Столе да го вметнам во играчите шо заслужуваат респект)....и то е се во 30 години.....
А дека допрва ќе излегуваат врвни таленти,видечемо.....со ваква работа многу тешко.....
И ако немаш нешто рационално да постираш молим те не се мачи да ми реплицираш со спамирање(цело време тоа го правиш)...,држење говори за шампионски метрополски проекти и колку е слаб и мизерен Пелистер(не треба да потсетуваш свесни сме)...
Времето ќе покажи кој е во право.....
Ти можиш да го сметаш постов за смешен,ама сигурен сум дека има многу вистински ракометни навивачи кои го делат моето мислење и со право се загрижени за иднината на македонскиот ракомет....
Поздрав од провинцијата...