Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 144 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    432
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227
И Хрватките ги совладаа Црногорките во последното коло од групната фаза т.е прелиминарната.
И од оваа група сите три репрезентации ќе носат по 2 бода во наредната фаза(барем така мислам), а тоа се Црна Гора, Хрватска и Русија, која денеска го совлада Исланд со 30-21.
Во групата А, во моментот се игра интересен натпревар помеѓу Данска и Шпанија, моментално е 1 разлика за Данска(17-16)...а во првиот натпревар од оваа група Романија ја декласираше Србија со 40-28.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Добра утакмица Хрваткиве на крај се извадија па сега втора фаза ќе биде поинтересно за гледање
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227
1/2 финални групи (Main Round)

Група 1
Данска
Русија
Црна Гора
Романија
Хрватска
Шпанија
Во оваа група само Данска има максимален број на бодови т.е четири, а другите репрезентации освен Шпанија која е со нула имаат по два бода...така да ќе биди интересно до самиот крај.

Распоредот на натпревари:
1 коло:
13.12.2010 16:45
Spain vs Montenegro
13.12.2010 18:45
Romania vs Croatia
13.12.2010 20:45
Denmark vs Russia
2 коло:
14.12.2010 16:45
Romania vs Montenegro
14.12.2010 18:45
Spain vs Russia
14.12.2010 20:45
Denmark vs Croatia
3 коло
16.12.2010 16:45
Romania vs Russia
16.12.2010 18:45
Spain vs Croatia
16.12.2010 20:45
Denmark vs Montenegro

=====================================================

Група 2

Норвешка
Шведска
Холандија
Унгарија
Франција
Украина

Репрезентацијата на Норвешка има четири бода и мислам дека сигурно ќе игра во 1/2 финалето, бидејќи не гледам некоја конкуренција во другите репрезентации со кои треба да игра во оваа фаза.
Шведска исто така има четири бода, но ќе треба да изигра мечеви со Унгарија и Франција и со Украина и барем на два меча треба да издвојува победа ако сака да се пласира во 1/2 финалето.
Холандија и Унгарија имаат по два бода, а Франција и Украина се без бодови во 1/2 финалната фаза.

Распоред на натпреварите:
1 коло:
12.12.2010 16:15
Netherlands vs France
12.12.2010 18:15
Ukraine vs Hungary
12.12.2010 20:15
2 коло:
Sweden vs Norway
14.12.2010 16:15
Netherlands vs Hungary
14.12.2010 18:15
Sweden vs France
14.12.2010 20:15
Ukraine vs Norway
3 коло:
15.12.2010 16:15
Ukraine vs France
15.12.2010 18:15
Sweden vs Hungary
15.12.2010 20:15
Netherlands vs Norway



Моја прогноза во 1/2 финалето ќе се сретнат т.е пласираат Норвешка, Шведска, Данска и Црна Гора или Хрватска.
Шампион Норвешка.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227
1 коло во 1/2 финалната фаза.

Група-1
Шпанија-Црна Гора 20-22
Романија-Хрватска 31-22
Данска-Русија 26-20

Табела
1.Данска 6
2.Романија 4
3.Црна Гора 4
4.Русија 2
5.Хрватска 2
6.Шпанија 0

Интересен дуел одиграа репрезентациите на Шпанија и на Црна Гора, и мислам дека очекувано Црногорките победија и со тоа се наметнаа за сериозни кандидати за 1/2 финалето.
Данска очекувано ја победи Русија, мислам дека и предноста како домаќини ја искористија, а и слабата репрезентација на Русија, која на ова ЕП не допатува со најдобрите ракометарки.
Во третиот дуел Романија убедливо ја совлада Хрватска, за мене не толку очекувана победа, но Романките одсекогаш имале добра женска репрезентација, а многу вероватно дека Хрватките се префорсирани на ова првенство и некои стручњаци ги ставаат во преден план.


Група-2
Холандија-Франција 21-23
Украина-Унгарија 25-26
Шведска-Норвешка 24-19

Табела
1.Шведска 6
2.Норвешка 4
3.Унгарија 4
4.Холандија 2
5.Франција 2
6.Украина 0

Изненадување во ова прво коло во двете групи и можеби најголемо на шампионатот послем поразот на Германија од Украина го направи репрезентацијата на Шведска, која ја совлада репрезентацијата на домаќинот со 5 гола разлика...и си ги зголеми шансите за 1/2 финале и борба за еден од медалите.
Другите мечеви беа со тесен резултат, но очекувани.

Утре продолжуваат натпреварите од второ коло, и двете групи се играат утре.


*се извинувам за пост под пост под пост :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227

Почнува разврската за медалите...во сабота се 1/2 финалните натпревари, а во недела е мечот за третото место и финалето.
Во 1/2 финалето ќе играат 1. Романија-Шведска и 2. Данска-Норвешка.
Во мечот за 5/6 место ќе играат Црна Гора-Франција.
Првото 1/2 финале е во 14.30 часот, а второто е во 17часот.
Финалето се игра во 17 часот, недела.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Претседателот на Светската Ракометна Федерација Хасан Мустафа размислува за промена на некои правила, на пример да го намали голот, а да го зголеми голманскиот простор на 7 метри, мислејќи дека така ракометот ќе стане поатрактивен.

 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.349
Поени од реакции
8.433
Претседателот на Светската Ракометна Федерација Хасан Мустафа размислува за промена на некои правила, на пример да го намали голот, а да го зголеми голманскиот простор на 7 метри, мислејќи дека така ракометот ќе стане поатрактивен.

K*р мој се разбира овај ѓупакот од ракомет тука ај го ставиле таму па сега ќе измислува топла вода ако го воводе ова ќе биде чиста глупост и после голови ќе треба да се даваат од 10 метри о кој ќе дава и игра само физички високи играчи и ќе се запусти играта
До колку сака да биде по интерсно треба да ја воведе старата идеја без центар ,но кога ќе размислам подобро најдобро е да нема никава измени оти ќе се изгуби во убавината на ракометтот:salut:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227
Финале на ЕП : Норвешка-Шведска, скандинавско финале, изненадување за мене е пласманот на Шведска во финалето, а за Норвешка беше сигурно дека ќе игра во финале...па се надевам утре и дека ќе ја одбрани титулата освоена во Македонија пред 2 години.

1/2 финале
Романија-Шведска 23-25
Данска-Норвешка 19-29

Меч за петто место
Франција-Црна Гора 23-19
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.896
Поени од реакции
6.968
Утре е ждрепката за баражот? И кои се можни противници?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.935
Поени од реакции
16.227
5 France
6 Montenegro
7 Russia
8 Netherlands
9 Croatia
10 Hungary
11 Spain
12 Ukraine
13 Germany
14 Serbia
15 Iceland
16 Slovenia

Плус поразената екипа во дуелот за трето место Данска-Романија.

Така да кој и да се падни ќе биди тешко ептен.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.896
Поени од реакции
6.968
Ако паднат Русија, Франција и Германија наебавме. За нас само Србија, Исланд и Словенија :)

А Русија не можи колку шо знам јас пошто директно играат на СП како светски шампиони, значи една ѕверка помалку :)

-----надополнето-----

Точно било тоа за Русија, проверив на ЕХФ страната, а ги има и шеширите:

POT 1

4th ranked team (значи Романија)
Croatia
Spain
France
Hungary
Montenegro
Netherlands
Ukraine


POT 2
Germany
Iceland
Slovenia
Serbia
Czech Republic
Macedonia
Poland
Turkey

Значи според ова ја избегнуваме и Германија, па најповолна ждрепка од првиот шешир би биле: Хрватска, Црна Гора, Украина (изгледа се во тек на смена на генерации слаби беа на ова ЕП) и секако Холандија за да им вратиме за елиминацијата во претходните квалификации. Другите екипи како Романија, Шпанија, Франција и Унгарија би биле преголем залак за оваа наша генерација ракометарки.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
Шпанија или Украина би биле најдобар избор, ама и со другиве можеме да се снајдеме :) Холандија е репрезентација во подем, така да, иако ни се должници, не би сакал тие да ни се паднат.

--- надополнето ---

Ја добивме Шпанија. Црногорките добија лесен противник, а се надевам дека конечно и Турција ќе се пласира на големо натпреварување. Двојката Исланд-Украина е смешна.

Germany - Hungary
Croatia - Serbia
Czech Rep. - Montenegro
Netherlands - Turkey
Spain - Macedonia
France - Slovenia
Iceland - Ukraine
Poland - Romania/Denmark

 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Ќе можи некој да постира линк за финалето за вечер....Ке ве молам одма..
 

akcioner

стартер
Член од
20 февруари 2010
Мислења
174
Поени од реакции
85
http://www.ehf-euro.com/VIDEO-live-stream.2858.0.html
Тука ги имаш и сите останати натпревари од ова Европско првенство:icon_bigg

Инаку за ждрепкава,можевме и подобро да поминеме,но и полошо!Шпанија изненади на ЕП кај нас пред две години,а еве на ова непријатно разочара,но имаше и добри настапи.Имаат одредени квалитетни играчи кои одиграа лошо на ова првенство(Манге,Агилар)така да се е отворено.Со добри подготовки,со Бајрамовска,Портјанко,Кресоја,Охоланга,Пецевска,Црвенковска,Андрејева,Мечевска итн имаме одлични шанси да одиме понатаму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom