Ракомет - општа дискусија

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 144 33,3%
  • Да, обавезно

    Гласови: 270 62,5%
  • Неам Појма

    Гласови: 18 4,2%

  • Вкупно гласачи
    432
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.641
Поени од реакции
1.239
Сум сакал да тренирам ракомет, да бидам голман, но овде во Тетово единствениот клуб што постоеше се распадна, поради мал број на ракометари и сега ракомет само се игра на школско ниво.:toe:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
^ Мислам дека не можеше Кил и Монпеље да им се паднат,пошо они беа први у група,па по некоа моја логика првите од секоја група играат против 4то пласираните од другите групи :toe:

а Барса беше 2ра у групата,со исто бодови колку Кил
Да, да... добра е твојата логика. Сепак и Чеховски Медведи и Рајн Некар се еднакво силни како и Барса и Загреб, така да... во првите три шешири речиси и да немаше слаба екипа :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Многу тежок противник добија Загреб и Кире,не дека овие другиве се послаби но Барса имаше исто бода со Кил,а и играта не му одговара на Загреб.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Загреб отпаѓа сигурно и со тоа завршуваат неговите златни денови, бидејќи, Лазаров е најавен во Металург од јуни. Како и да е останува да видиме.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
^ По мене,за ракометар не може да се каже дека бил,и значел нешто без да освои ЛШ,или да има успеси со репрезентацијата,во Металург реално гледано колку и да се вложи,Лазаров не би имал шанса за некој позначаен успех во ЛШ
така да можеби би било подобро да иде во некој од клубовите од бундес или асобал лигите,пошто има квалитет за таму :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
Не знаев каде да го постирам ова, но веројатно тука би било најсоодветно

Регионалната ракометна лига од сезоната 2011/2012
Новоформираната регионална ракометна лига на овие простори треба да стартува во сезоната 2011/ 2012 беше решено во Сараево на последниот состанок на претставниците на националните федерации, а нашите клубови Вардар Про и Металург треба да имаат загарантиран статус.

На листата со 13 клуба со загарантирано учество, покрај Металург и Вардар Про, се и: Целје Пивоварна Лашко, Горење (Словенија), Загреб КО, Нексе (Хрватска), Босна БХ гас, Борац М-тел (БИХ), Колубара, Црвена звезда (Србија), МКБ Веспрем, Пик Сегед (Унгарија) и Будуќност (Црна Гора).
Искрено, ова ќе биде феноменално, се надевам дека и Вардар ќе се засили повеќе за сезоната 2011/2012, супер е тоа што освен мечевите во ЛШ ќе имаме уште околу 15 доста квалитетни средби... Загреб, Веспрем, Пик Сегед, Целје, Горење, Босна против Металург и Вардар, фантастично.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
Конечно се реализира и ова, верувам ќе се зголеми квалитетот и на другите клубови во нашето првенство.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
По се изгледа дека и најголемиот ривал на Кометал ЃП ќе го снајде иста судбина како нашиот најтрофеен клуб. Прокоп поднел оставка од раководната функција и сите битни играчи ќе бидат ослободени. Дали Металург ќе успее да земе некој отпадок ќе видиме, но искрено не верувам дека имаат големи планови за женскиот тим.
 
B

BBlisto

Гостин
Шансите да земат некоја од Хипо се...би рекла непостоечки...во секој случај мораат да земат некои засилувања, затоа што во спротивно, не само што нема да се пласираат во фазата по групи во ЛШ, туку и во ЕХФ купот ќе поминат максимум 1 до 2 кола...
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Незнам ова кога се случило,али секоја чест за Биелицки !
 
B

BBlisto

Гостин
Ок, не знаев кај да пишам, па еве овде ќе прашам...Каде може да се најде дрес од репрезентација? Ама убав дрес, со име позади, и се...Не од оние што се само со разни реклами...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.652
Ок, не знаев кај да пишам, па еве овде ќе прашам...Каде може да се најде дрес од репрезентација? Ама убав дрес, со име позади, и се...Не од оние што се само со разни реклами...
Контактирај ги Макспорт, мислам дека дресот има цена 700 денари, може да си избериш која бројка сакаш и со кое име сакаш.
Дресевите се вакви:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.417
Поени од реакции
16.694
Лазаров во Реал за 125 илјади евра

Киро си оди од Загреб, Сиудат Реал плаќа 125 илјади евра за Лазаров.

Приказната за заминувањето на најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров од Кроација Осигурување во Сиудад Реал конечно е завршена со раскин на договорот меѓу капитенот на македонската репрезентација и хрватскиот првак.

Раскинот на договорот следи откако европскиот вицешампион се согласи на Загреб да му плати 125.000 евра на три рати за најдобриот стрелец на светското првенство во хрватска.

Со загреб, Лазаров имаше договор на уште една година, раководството на клубот реши да ги намали платите на најдобрите играчи, на што нашиот ракометар не се согласи, за нова средина го избра шпанскиот гигант Сиудат Реал. Деби натпреварот во дресот на европскиот првак од 2008-ма, Лазаров се очекува да го има на турнирот во Добој, против Слога на 24-ти август.

Извор

Значи конечно Кире расчисти со Загреб, да се надеваме и понатаму ќе блеска и прикажува одлични партии за новиот клуб па зашто да не и да не се закити со титула од ракометната лига на шампиони. Нека му е со среќа.
 
Член од
3 јуни 2010
Мислења
93
Поени од реакции
9
Знае ли некој ке има ли на А1 лига на шампиони во ракомет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom