Како бе НЕБИТНО?
Левичар е,како ќе игра на лево крило?

И шо има врска ДАЛИ ВАРДАР ОСТАНА БЕЗ МАКЕДОНСКИ ИГРАЧИ?

Се додека луѓето,клубовите во

не почнат да се делат играчите на ДОБРИ и ЛОШИ нема никогаш да има квалитет..
Во Европа никој нема да те побара заради сентименталност,или дека си бил од таа земја,па ај да те вратат назад во татковината,ако се вклопуваш во плановите,амбициите на клубот,тактичките замисли на тренерот ќе те земат,ако не ништо..
Шо ако Металург има(ше)над 10 репрезентативци?Кога не успеа да ги задржи,секој играч,странец,домашен сака пари(навремено исплатени),ако нема пари си оди,никој нема да игра за семки...(барем не во денешно време)
Успех во Европа,создавање јак тим на долги патеки и форсирање само домашни играчи не одат(секогаш)заедно,барем не кај нас,не сме ние Хрватска па да продуцираме по 3,4 супер таленти годишно...
А нашите играчи ако сакаат да напредуваат мора да ги пуштат во ФУНКЦИЈА ТИЕ МОЗОЧИЊАТА и да почнат да се раководат со девизата дека ПОДОБРО Е КОНСТАНТНО ДА ИГРАШ ВО ПОСЛАБ ТИМ ,отколку да си 4,5та резерва во Вардар,Металург...
А досега тие сакаа да лапаат солени плати,да дремат на клупа со години,епа не оди така..
Затоа еден куп играчи како Диви,Митревски,Филип Лазаров,Столе некоја година(пред да реши да си ја побара среќата)стагнираа/т и кариерата им е во надолна линија..
Од ова пропадна лигата,барем оној дел од тие поквалитетни играчи,на времето како Бутино и компанија ги сметаа за СОЛИДНИ ИГРАЧИ,сега играат за вториот тим на Вардар..
Зошто?Зошто немаат квалитет за прв тим,а горе долу се малку поквалитетни од тој чист македонски просек,па цел живот лебдат во нашата мизерна лига...
Наместо да си го бараат чарето некаде,ете Романија,Франција втора лига доста солидни екипи има,било каде каде можеа да напредуваат,и да си ја спасат колку толку кариерата,а вака кога примарна цел им е да си останат во сивилото наречено МАКЕДОНСКА СУПЕР ЛИГА не ме чуди шо не делкаат во сите старосни конкуренции,и допрва ќе не делкаат...
Ете Даскаловски се реши да си ја проба среќата во Романија и не згреши..
http://sportmedia.mk/rakomet/internacionalci/zlatko-daskaloski-so-nova-izvonredna-partija-mu-donese-bronza-na-temishvar
Ама не се криви толку и играчите,колку клубовите,зошто од голем дел од управите шо се неспособни и нереални во своите амбиции,и ќе се упропастат и тие неколку поквалитетни играчи...
Ќе се земат некои странци,кои не вредат ни 5 пари,ќе држат место на нашите играчи а ефектот ист..
Ете пример најсвеж,Матич,ДРВЕТИНА од играч,држи место во Металург,сигурно лапа солена плата а нема никаков ефект..
Талески успеа за неколку месеци целосно да го анулира ефектот на Матиќ,ако можиме да прајме муабет за некој ефект од таков дудук како Матиќ..
Сосема непотребен играч,и од тоа шо мора да го држат се одрзавува негативно на минутажа на Фитилот,кој мора повеќе да покрива во одбрана..
Се работи неплански,се носат играчи непотребно...
Таму кај шо треба конкуренција нема,кај шо не треба имаш 15 души,не е само Металург пример за ова,еден куп низ историјата,ете оваа сезона и Охрид,и Струмица покажаа како не треба да се работи..
Охрид фрли тешка пара за странци,цела сезона втор,во плеј оф тешка мизерија,Струмица се е кажано..
Доказ како НЕ ТРЕБА да се работи...

Да не тупам,темата е за трансфери,треба да почнат екипите да пазарат на КВАЛИТЕТ,а не само трупај играчи,за неколку месеци и после се одново(ако има пари)ако не правец Втора Лига,па ќе се чека некој нов"спонзор"
