Абе едно "СУПЕР ТИМЧЕ"упм..

Тешко дека ќе бидат барем и на ниво на оваа сезона,за повеќе не ми се верува..
Речиси цела прва постава си замина..
Пред се Бомбач,алфа и омега во екипата..
Заминаа левиот бек Иљеш,Антонио Гарсија се враќа во Франција,ако не се лажам и другиот десен бек Балог си оди(покрај Анчин кој тешко ќе го заменат,во два правци играше),си оди пикерот Врањеш,вториот голман Вишнемирски потпиша за Лемго...
Речиси цела прва постава е ова,од важните играчи останаа само Калман,Сиера,Гарсија Парондо,средниот бек Миндегиа и пикерот Зубај..
Со играчи во ротација како Тиагуш Петруш на бековска линија тешко ќе оди...
Од новите играчи,Горбок е веќе докажан играч,Обрановиќ сосема спротивно,плус не е ни среден овај,иако нашите портали така го најавија.

И ако вредеше нешто посебно тој немаше Загреб да го пушта на позајмица,и тие видоа дека им е вишок и го чистат патот за останатите играчи...
Житников ако не се лажам нема од оваа сезона да оди во Сегед,туку од наредната///
Бунтиќ не е лош левак,знае некогаш да изненади,ама исто знае и да има милион промашувања/технички грешки,далеку е од калибарот и на Анчин,па и на Балог...
Доаѓаат два млади Унгарски репрезентативци,левиот бек Бодо,и пикерот Бахниди,суртуци од над 2 метра,големи надежи на унгарскиот ракомет..
Посебно надежен е пикерот Бахниди,треба да е ѕвер од пикер овај,го бараше и Вардар,ама кога слушнаа за цената и за платата која ја побара ја свиткаа опашката и го зедоа егзотичниот пикер од Кил...

Доста работа ќе има Пастор да скоцка нова екипа,но има голема доверба од управата,и голем буџет,со тие +2 милиони евра шо ги добија од Лотарија на Унгарија како бонус да играат во домашната лига нема да ме чуди да потпишат некое поголемо име..