Веројатно! Со оглед дека во претквалификациите 8 екипи одат, мислам дека истите ќе играат против 17-24 пласираните на ЕП (16-то место, ако Полска излезе да речеме 17-та или 18-та). Мислам и подобро така за оваа репрезентација, да може да фати залет и да изигра што повеќе утакмици заедно. И да ја победевме Црна Гора не ни гарантираше 13-15 место, ако не изгиневме со Данска.
Чекај, мислам една екипа вишок би била во тој случај и некако не одговара со математиката (едино ако 7 одат од претквалификациите би имало смисла). Ќе излезат ЕХФ и ИХФ со официјално соопштение во врска со тоа.
Вака е ситуацијата:
Веќе квалификувани: Данска (дветски првак) и Шведска и Полска (домаќини)
од ЕП ќе се квалификуваат директно првите 3 на ЕП исклучувајќи ги веќе квалификуваните + победниците од 9 баражи
Баражите ќе бидат:
- прв шешир, првите 9 од ова ЕП кои не се веќе квалификувани. Ако претпоставиме за поедноставно дека Данска и Шведска ќе бидат во топ 5, а Полска еве нека е 15та, тоа би значело дека прв шешир ќе бидат 6-14 место на ЕП
- втор шешир ќе бидат победниците од претквалификациското коло каде едниот шешир се оние кои ќе бидат 16-24 место на ЕП (ако Полска е подолу од 15то можеби и 15тиот тим), а другиот шешир, 8те победници од претквалификациските групи + Швајцарија
Во превод, прво квалификациско коло, би играле против една од следните 9 екипи:
Швајцарија
Грција
Белгија
Естонија
Финска
Израел
Романија
2 од (Италија, Латвија, Фарски Острови, Луксембург)
Тука би биле фаворити, најтешки противници се Швајцарија и Романија, со кои ќе биде комплицирано и првото коло, со другите би требало да оди полесно.
Во второ коло т.е. баражот, ако го поминеме првото, ќе играме против некоја која ќе биде меѓу 6то и 15то место на ова ЕП.
Рано е но некоја проста проценка е последните 9, односно 2 шешир да бидат, UKR, BIH, LTU, AUT, MKD, POR, SVK, MNE, SRB
Според тоа ако претпоставиме дека освен DEN и SWE во топ 5 ќе завршат FRA, ESP, NOR, првиот шешир би изгледал отприлика вака: SLO, CRO, ISL, HUN, NED, GER, BLR, RUS, CZH
Ќе има 2-3 екипи со кои можеби можеме да играме, но ќе ни треба среќа во ждрепката. Практично се враќаме во ситуацијата во која бевме во 2000тите, кога цела деценија не можевме на крај да излеземе во баражите каде ни се паѓаа Унгарија, Исланд...
П.С. Планирани се и две вајлд карти за СП, и едната од нив извесно ќе оди за европска селекција, со што вкупниот број на европски екипи ќе дојде до 16 (само како што можевме и досега да видиме, Македонија е мал пазар и како таква, не е баш интересна за ИХФ).