Огромната дупка на десен бек каде што ни во помладите категории немаме дете кое делува дека може да прерасне во солиден играч ќе ја чини репрезентацијава најмногу во наредниот период. За Велковски и Серафимов веќе е преочигледно дека никогаш нема да го надокнадат недостатокот кој го имаат од старт со тој физикус, а и за Ѓорѓиев важи истото, жално беше да се гледа денес како ги пробиваа во одбрана него и Серафимов.
Воопшто играта во одбрана ни е очајна иако неоправдано добија пофалби за прикажаното со Словенија. Немаме направено ниту еден фаул на девет метри на противнички бек, стојат сите на линија и фаул прават само ако противничките бекови се обидуваат да ги пробијат, ниту еднаш не излегуваат машки на дуел на девет метри да задржат некого, оставени се противниците од бек слободно да ни шутираат, Шеваљевиќ ни даде повеќе голови него ли што даде цела сезона во ЛШ во Вардар лани. И тоа е голем показател за колку е мал потенцијалот на овие ракометари, не само што мислам дека Кире е најдобрата опција за избор на селектор моментално, туку и воопшто стручниот штаб е најдобриот што можеме да го имаме, еве Јоновски ги учи одбрана, па вака очајно изгледаат, не сакам ни да замислам како би изгледала оваа селекција со некој Брестовац на клупа и негов стручен штаб.
Хајлајт на првенството ми е трчањето во напад на Мишевски секогаш кога противникот не дава гол и тргаме во полу-контра. Очигледно дека тоа му е кажано од клупа да не се менува дур не успориме за позиционен напад ама од што е изгубен во вселената, таков мутав, си го има врзано во крпче само тоа дека треба да дојде до противничката линија од шест метри и трча напред без да гледа каде е топката и како се движи нападот и дали треба да помогне во текот на истиот за воопшто да може да се стигне до шут за гол. На неколку пати кога се заглавуваше играчот кој ја поведува таа контра (најчесто Кузмановски) овој си трчка лабаво поред него со свртен грб на мисија да направи велеслалом меѓу противничките играчи за да стигне до линијата ко крајна цел. Комотно може да го плесне во глава со топка играчот кој ја има во посед во тој момент нема да примети дека го гаѓаат.