За два саати исклучително важен натпревар ја очекува нашата репрезентација во борбата да се одржи континуитетот со пласмани на ЕП.
Исланд е силен противник со кој имаме чести судири и доста лоша традиција. Досегашниот меѓусебен скор е:
2 победи за Македонија (2000 и 2008 на домашен терен)
1 нерешена (последната оваа година на СП)
11 порази (меѓу 2000 и 2014)
Кога вака се гледа статистиката делува доста поразително, но факт е дека во последните 5-6 години кога нашиот ракомет направи чекор напред натпреварите се секогаш тесни и Македонија може да се надигрува со Исланд иако најчесто губела.
Исланд доаѓа во скоро комплетен состав, на хартија имаат одличен тим, но последниов период не играат баш којзнае како и се далеку од формата во минатото кога знаеа да им ги замрсат сметките и на најсилните репрезентации во светот. Особено слабо играат во квалификациите кога последнве години одвај се квалификуваат за првенствата. Тука е главната шанса на Македонија.
Од друга страна, кај нашиот состав се чини најголем проблем е промената на тренерот. Со само 3-4 дена тренинзи, е практично невозможно да се направат којзнае какви промени во играта, а неспорен факт е дека системот драстично ќе се менува со оглед дека системот на Червар од СП е многу далеку од системот на било кој тренер, вклучително и Раул гонзалез. Колку ќе се среди тактички екипата е голема мистерија и тука лежи одговорот за исходот на натпреварот.
Ми се чини дека Раул ќе ги форсира искусните и нема многу уште сега да се постави во позиција каде ќе зависи екипата од помладите. Не знам колку е тоа паметно, мислам дека без квалитетни натпревари на Кузмановски и Талески тешко ќе се стигне до победа.
Се на се не знам што да очекувам. Не сум ни оптимист ни песимист. Само знам дека на Македонија очајно и треба барем бод.