StarScr3am
Ѓавол
- Член од
- 22 септември 2009
- Мислења
- 798
- Поени од реакции
- 219
Многу било лесно кога имаш мала судиска помош
Значи бев ја гледав на лице место утакмицата. Шо е најтрагично Борко сам излезе,не е глуп сам знаеше дека не му оди (како и обично).Мене ми се споија жиците бев блиску до Изборникот зедов се да му карам оти тој не го вади туку се чека сам да излези. А изборникот му оди на Борко и му се дери во стил кој си ти да излегваш кога сакаш одма назад на гол и еве го Борко по 3 напади назад.Последно време какво судење добиваме треба по 3 пати на чело да ги бацат судиите после мечот
Без разлика дали е ЕП, баражи, последен доказ беше и судењето во Полска, мерак судење имаме еве и денес од ОГРОМНА помош судиите....
Со асолен голман денес, Чесите ќе изгубеја 15 разлика гарантирам, па можно е бе толку слаб голман да имаме? 6-7 одбрани само за 60 минути
Немој после некој да ми кажал НЕМАЛ ДЕН голманот, кој ден бе, кој црни камења, 5 години истое !
Откако му ја кренаја цената во Србија со тоа "министер за одбрана" и "октоподот Борко(Торко)" после тоа за жив го нема, сега МИНИСТЕР БЕЗ РЕФЛЕКСИ стана..
Па ете го зедовте Даскаловски и за шо ? Дека влезе на еден пенал да брани и остана цело време на клупа, да му ја подава крпата за бришење на Торко и шишето со вода, ајде бе таму гонете се, после не добивал шанса Даскал, па ете денес му беше шансата, овај трупец ништо не одбрани и пак ќе го спомнам ФРИЖИДЕРОТ, па од трибина да му фрлеја немаше да го фатиКакви две лоши утакмици избрани по по по, поарно маскота да поставеа на гол, ќе ја погодеа чесите повеќе пати отколку шо одбрани мисирот....
Манасков ЅВЕРОТИЊА !
Уште некоја година, дури да дај газ и Кирката, тој ќе ни биди алфа и омега во репрезентацијата, вистински носител, после Киро мислам тој заслужва да биди и капитен !
И нека не се прај улаф пак да се враќа овде истата грешка да ја напрај во кариерата по втор пат, нека си гази сега во РНЛ, па после уште подобар предизвик, за пуста Рустикана за со другарчето Столе ќе си ја поебеше кариерата, а изигра феноменално до тогаш во Вецлар....
Мојсо и Жути - самоза двајцата !!!
За Мојсо се знаеше уште пред тоа дека нема сила, после последната повреда, ептен пропадна, играше на сила, се гледаше дека е на залезот....
А за Жути мислам уште 1 сезона можеше феноменално да ја изигра, уште има ЖАР во Жути, има желба и страст за вакви натпреварувања, но сам си одлучи и кај него последно време чести беа повредите, па нејќеше да ризикува...
Денес и двајцата РУТИНСКИ изиграја !!!
Ќе ни фали играч како Жути, ќе фалат тие негови влезови, симулации...
ФАЛА ВИ ЛЕГЕНДИ !!!
За Мојсо се согласувам даде многу за репрезентацијата но години и повредите го направија своето. НО Миркуловски може уште многу да даде и се надевам дека РФМ и Лино ќе успеат да го убедат да се врати.Миркуловски... човек со големо срце, можеше да има голем допринос сеуште за репрезентацијата, но свесно се повлече, сигурно има некоја причина која допринела да донесе таква одлука, едно големо благодарам и до него..
имаа и они доста такви напади, не секој беше казнет со пробивање...И да, мора да се споменат судиите кои во најмала рака ни беа наклонети кон нас. Пред Наумче да го постигне решавачкиот гол, на 40 секунди до крајот беше на раб да направи пробивање. Каде и да се играше мечот на друго место а не во Скопје тоа и ќе значеше пробивање.
Ама константното присуство на завршницата на Светски и Европски првенства (ова ќе ни биде 6то во континуитет) ни го зголемува реномето и кај судиите.
„Секогаш е подобро да заминеш кога си на врвот. Посакував да биде така. Тешко е нормално, но така е најдобро. Ова беше последен натпевар ќе одиграш ке дадеш максимум и знаеш дека после следува одмор. Но, друга работа е кога играш на големите натпреварувања и тој напор е веќе премногу. Нашиот стил на игра не ни дозволува да одиграме уште некое големо натпреварување. Моето здравје не ми дозволува. Ако можев сигурно ќе играв. Најдобро за мене е сега да се откажам од дополнителни напори затоа што навистина е тешко после секој натпревар да се опоравиме“ – вели Миркуловски.За Мојсо се согласувам даде многу за репрезентацијата но години и повредите го направија своето. НО Миркуловски може уште многу да даде и се надевам дека РФМ и Лино ќе успеат да го убедат да се врати.