Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
СТОЈАНОВИЌ ДО ЈУНИ ВО БГК МЕШКОВ!

Македонскиот интернационалец Раде Стојановиќ потпиша договор со екипата на БГК Мешков од Белорусија и до јуни ќе ги брани боите на белорускиот вицепрвак

Стојановиќ во Белорусија се сели од екипата на Ал Саад од Либан, претходно играше и за Ал Аин од Емирати. На Блискиот исток замина по една нецела година играње во екипата на Вардар. Претходно имаше кратка авантура во Шпанија, а најголемиот дел од кариерата го мина во Словенија, каде играше за Горење и Голд Клуб.

Еве го правиот бек шо ќе ја изрешетеше противничката мрежа
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Ќе изгубиме од Шведска 5 разлика,од Германија 10 а со Чешка нерешено според мене
Шведска остана и без Додер.Реално вака не се многу појаки од некоја просечна репрезентација......најјаките играчи ќе им отсуствуват.Најголем дел доаѓаат од Савенхов кој во ЛШ не е нешто посебно.Само тоа што се во релативно лесна група (најслаба заедно со таа на Металург) ги прави да имаат 3 победи до сега.Мислам дека можеме да ги плеснеме.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
мислам дека само може чешка и евентуално шведска да ги тепаме...а за германија не верувам
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Поради актуелноста на ЕП во Србија, дискусијата за македонската ракометна репрезентација продолжува тука и тука.
Оваа тема е заклучена до завршетокот на европското првенство.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
http://bukvar.mk/news/ulica-makedonska-vo-praga?newsid=vp0m
Улица „Македонска“ во Прага
Главниот град на Чешка, Прага ќе добие нова улица која ќе се вика „Македонска“. Улицата ќе биде пуштена во употреба денеска.
Свеченото откривање на таблата со новоименуваната сообраќајница ќе го изврши македонскиот амбасадор во Чешка, Игор Илиевски. (Крај)

Многу емотивно го примиле поразот :D:D
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров по одличните игри на ЕП 2012 во Србија се врати на клупските обврски во Атлетико Мадрид. Лазаров повторно е во центарот на вниманието на шпанската ракометна јавност, а во интервју за порталот palcodeportivo.com говори за импресиите од штотуку завршениот европски шампионат, како и за своите желби за преостанатиот дел од оваа 2012 година.

Како се чувствуваш по освоеното петто место на ЕП 2012?
- Сите сме многу среќни бидејќи 14 години Македонија немаше играно на едно Европско Првенство, а сега стигнавме до петтото место. Овој пласман е големо изненадување за сите, па и за нас ракометарите. Доаѓаме од мала земја, но покажавме дека знаеме да играме, да се бориме и заедно со нашите фанови - да победуваме. Навистина имавме голема помош од навивачите на овој шампионат.

Како вие ракометарите го доживеавте овој успех?
- Чувството е навистина фантастично, имавме огромно славје по секој успех, особено по триумфот над Словенија и пласманот на предолимпискиот турнир. Сите ние претставуваме едно големо семејство и верувам дека токму тоа може да ни донесе успех на предолимпискиот турнир, бидејќи имаме самодоверба дека можеме да се носиме со сите ривали во Шведска.

Какви се очекувањата од предолимпискиот турнир?
- Ние сме мала репрезентација кај која што отсуството на секој играч веднаш се чувствува. Најважно е да бидеме здрави, да немаме проблеми со повредите. Исто така, немаме премногу време за подготовки, сега се враќаме на обврските кон клубовите, а потоа ќе имаме само неколку дена за собир и подготовки за турнирот во Шведска. Сепак, се надеваме дека повторно ќе имаме голема поддршка бидејќи знаеме дека во оваа земја живеат голем број на Македонци. Знаеме дека тие веќе почнале со купување на билети и очекуваме околу четири до пет илјади наши фанови, за заедно да приредиме ново изненадување на европската ракометна сцена.

Сметаш ли дека Олимписките Игри се врв во кариерата на спортистите?
- Тоа сигурно е сон за секој спортист, но особено за нас Македонците. За земја од два милиони жители да биде учесник на ОИ во еден колективен спорт, тоа би бил навистина огромен успех.

Која е разликата за тебе кога играш за Македонија во однос на настапите за Атлетико Мадрид?
- Искрено, за мене е многу полесно да играм за Атлетико бидејќи крај себе имам огромен број на играчи од екстра класа. Кога се има толку квалитетен и толку искусен тим, тоа ти дозволува да играш далеку порелаксирано, да не трошиш премногу енергија.

Ова лето ти истекува договорот, дали останување во Атлетико Мадрид ти останува примарна опција?
- Засега не сме разговарале на оваа тема, оставам на управата на клубот да реши кога ќе почнат преговорите. Сигурно е дека прво ќе разговарам со Атлетико, ќе ги сослушам газдите на клубот, па потоа ќе решам што да сторам. Сепак, не очекувам таква одлука да биде донесена наскоро бидејќи пред нас се голем број на значајни натпревари.

Кои успеси ти се подраги, со репрезентацијата или со клубот?
- Не би можел да издвојам ништо, бидејќи сите успеси ми причинуваат огромно задоволство. Кога играм за Македонија, се борам за својата земја, за роднините, за пријателите. Во Атлетико Мадрид сите се чувствуваме како огромно семејство и знаеме како да ги славиме успесите.

Која е твојата желба за оваа натпреварувачка сезона?
- Имам доста желби, но најголема сигурно ми е конечно да стигнам до трофејот во Лигата на шампионите.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=5417
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.177
Поени од реакции
18.250
http://bukvar.mk/news/ulica-makedonska-vo-praga?newsid=vp0m
Улица „Македонска“ во Прага
Главниот град на Чешка, Прага ќе добие нова улица која ќе се вика „Македонска“. Улицата ќе биде пуштена во употреба денеска.
Свеченото откривање на таблата со новоименуваната сообраќајница ќе го изврши македонскиот амбасадор во Чешка, Игор Илиевски. (Крај)

Многу емотивно го примиле поразот :D:D
Баш ме заинтересира дали и Štefan Füle присуствувал на настанот.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Косово има младинска ракометна селекција у ракомет ? Па уште и турнир организираат.....:facepalm:
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Бууу се исплашив, таман ги игубивме најдобрите играчи шти ни ги дала државата во фудбал кошарка и ракомет, па сега и ова! :( :( :(
 
P

PewDiePie

Гостин
http://bukvar.mk/news/ulica-makedonska-vo-praga?newsid=vp0m
Улица „Македонска“ во Прага
Главниот град на Чешка, Прага ќе добие нова улица која ќе се вика „Македонска“. Улицата ќе биде пуштена во употреба денеска.
Свеченото откривање на таблата со новоименуваната сообраќајница ќе го изврши македонскиот амбасадор во Чешка, Игор Илиевски. (Крај)

Многу емотивно го примиле поразот :D:D
Многу ми е мило ова,знам дека и во србија има улица Македонска,сигурно и булевари,ова она,за бугарија да не зборуваме цела историја ни ја знаат на памет......ама каква врска побогу имаме со Чешка ? :icon_lol:

П.С. Одличен гест мило ми е што името се шири и шири.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Абе мажиштава нека дојдат тука или нека се пресметаат со некои навивачи ако веќе сакаат одмазда да ги видам.Ништо чудно и ако им влетаат на ракометарите да испијат и неколку нокаути од воловине.Знаејќи колкави волови навикнати на ќотек се ракометарите ништо чудно да го изедат стапот "хулиганиве".
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Kajgana Shop

На врв Bottom