Разигрување 13-16 место

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.672
Кога ќе ми излезат вака на терен у стилот: "Испод част ми е да играм ја против овие за 20-то место, шо кур ќе се замарам" ми се сере!
Најлошо е тоа што го мислат младите.
Еве Кире игра се труди колку толку.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Не смее да биде критикуван, секој што го критикува него врска немал, така викаат.
За критика е ама и треба да се земе во предвид дека до скоро беше повреден...

Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.311
Надреално сме очајни.

Паметно ќе биде некако да се извадат сите емоции во врска со ракометов, пошто младиве играт полошо од Јапонија.
Седнете гледајте ја Јапонија како играше против Исланд или Шпанија, и седнете гледајте ги нашиве кога играа против Шпанија или еве сгеа со Русија.

Никако.

Нема ракомет од овие.

Инаку на ова првенство Русија ги победи само Корејците.

И ние сме толку лошо што лагано им дозволивме да не победат.

Тоа е.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Мора да почнаат да вежбаат давање гол од цел терен на празен гол. Ова е више надреално колку пати се промаши празен гол ова првенство.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Мора да почнаат да вежбаат давање гол од цел терен на празен гол. Ова е више надреално колку пати се промаши празен гол ова првенство.
Митревски им покажа на Поповски и Танкоски како се погодува празен гол.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.672
За Митрески секоја чест секогаш кога добил шанса ја искористил штета што немал некој посериозен клуб може ќе направеше нешто во кариерата.
Во Металург 3ти голман беше се сеќевам кога влезе со Барса како ги уништи исто и со Вардар на доста партии беше одличен,со Русите кога доби шанса 2013 мислам беше се утепа од бранење,лани со Словенците.
Дури и во репрезентација неможеше да дојде до шанса додека играше Диви,па после Дупљачанец,на едно првенство Колев и Трајкоски бранеа.
После распадот на Металург и немаше многу избор каде ќе игра.
За репрезентација еве на првенствово двапати доби шанса и бранеше како врвен голман.
:cuc::cuc::cuc:
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Митревски на голманска позиција никогаш не разочарал.
Крстевски супер изигра, 2 гола, 3 асистенци 1 изнуден пенал, штета шо имат мака со коленото (2 пати тешка повреда) зато немат и скок шут игра, иначе оверал доста солиден е, добро шо и тој бегат странство од на лето.
Дефинитивно ко ќе е Лазаров надвор од игра, Фитиљот играт посамоуверено поенергично, ојт на брз центар шо му е јака страна, денес немаше добар ден штета.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Негативно: Поразот, се разбира, но и очајната игра и ангажманот на некои од поискусните репрезентативци
Позитивно: Што младите добија пореална можност и иако ќе добијат сигурно многу хејт, реално и не одиграа така лошо, напротив, се приближија на -2, откако "поискусните" им оставија -5/-6.

Натпреварот, класика во принцип, особено за оваа категорија на натпревари. Едната екипа имаше порасположен голман и победи. Кога ќе земеме и дека имавме 2 стативи на празен гол, слободно ќе кажм и дека ја надигравме Русија, а загубивме, што не е ништо чудно, стандарден случај на вакви натпревари.

Натпреварот, по мене, беше загубен во првите 10 минути кога Раул навистина не знам што мислеше со незаинтереисрани ракометари, од кои барем 2 треба да менува одбрана-напад отиде да игра 7-6 каде се бара многу висока концентрација и секоја грешка е смртоносна.

За генерален коментар за целото првенство ќе го почекам и последниот натпревар, макар што и тоа како имам што да кажам за нашите "ветерани" на кои полна им е устата дека помладите потфрлаат, а никогаш не се вртат кон себеси.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.672
Митревски на голманска позиција никогаш не разочарал.
Крстевски супер изигра, 2 гола, 3 асистенци 1 изнуден пенал, штета шо имат мака со коленото (2 пати тешка повреда) зато немат и скок шут игра, иначе оверал доста солиден е, добро шо и тој бегат странство од на лето.
Дефинитивно ко ќе е Лазаров надвор од игра, Фитиљот играт посамоуверено поенергично, ојт на брз центар шо му е јака страна, денес немаше добар ден штета.
Од каде ти е информацијата за Крстевски,официјално ништо не сум видел.
Иначе каде оди?
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Од каде ти е информацијата за Крстевски,официјално ништо не сум видел.
Иначе каде оди?
Имат понуда од 2 странски клуба, кој незнам, знам дека пред 2-3 сезони Кристијанштад го бараја ама овај ги одбил, да набилдат уште маса ќе е многу подобар играч (мое мислејне), ваљда ке го достигнит максимумот од својот потенцијал на некој 24-25 години (стандард македонска работа).
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.597
Овие треба да ги пуштат пешки да се вратат накај дома, голи и боси. Не е срамота ако немаш доволно квалитет и да изгубиш, срамота е на цело првенство да не покажеш ни грам борбеност, желба за победа и докажување (поготово Талевски и Кузмановски), да покажеш гордост дека играш за државата. Борко е сељак и он е некој кој најмалку има право да се дере на некој у репрезентација со оглед на тоа што многу пати бил дух на гол ама тоа што Талевски го играше во одбрана беше криминално и за тепање, а не за викање. Талевски не е веќе дете од 16-17 години па да го браниме дека тоа што му се раздрал овој лошо ќе влијаело на него. Веќе има 22-23 години и е во Бундес две сезони. Ајде за напад уште од младински категории се знаеше дека нема да го биде, ама да играш во една од подобрите дефанзивни екипи и таму да играш само у дефанзива и да прикажуваш вакви катастрофални перформанси е резил.
Раул ми е најголемо разочарување на првенствово. Не дека очекував да направи некое чудо, знаејќи дека имаме само еден играч кој е на некое сериозно ниво ама првенствово му е катастрофално подготвено и водено. Отиде со само еден план 7 на 6 и ништо друго не видовме. Форсирањето на Филипче Лазаров да игра по 60 минути во напад му е епик феил. Која беше целта на играта 7 на 6 со играч на среде бек кој не може да шутне, не може да пробие, а и тоа што порано му беше на некое ниво, асистенциите, му беа катастрофални. На лев бек исто играч кој што е некоја помлада верзија од предходниов. Многу често се заглавуваа и си подаваа браќата по едно 5-6 пати со ред.
Очигледно и ги нема пратено баш играчиве што му беа резерви. Танковски е греота да го затвараш на крило, а е подобар од Крстевски, за Чурлевски поима немам што играч е, од тоа што го видов на првенствово и пред него би го ставил Танковски на среден. Детето не се плаши од дуел игра, не се плаши да влезе на шест метри, не се плаши да шутне. Можеше дури и да го проба и пред Филипче да го игра. Ништо немаше да изгубиме.
Столе изигра исто така доста слабо. Велко, Гоце па и Борко (иако ме изненади првенствово) би ги избацил од репрезентација.
Најлошо од се е што освен Кире и Мојсо, у последниве десетина години немаме бек кој има изграден шут. Бек кој ќе гледа како е поставен голманот пред да шутне, бек кој ќе бара агли на гол, а не да шутира колку да се каже. Младиве веќе на нивна возраст треба да имаат изграден шут и стил на игра и со искуство само да се надоградуваат. Единсвено мала надеж имам во Кумановски дека колку толку ќе се изделка у Германија, само и само ако почне да игра со памет. Ракомет е спорт кој се игра со памет, а овој до сега и не покажал дека размислува кога игра.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.672
Голманите беа супер првенствово,за во иднина дефинитивно треба Костески да му дадат шанса во Селка добри партии пружа,има искуство и во Сеха и ЛШ,сигурно ќе биде подобар од Џомба.
На лево крило Димитриоски ќе игра сигурно,штета што се повреди за ова првенство.
Бековската линија ќе е таа за наредните години,без Кире и Филип,како ќе изгледа тоа е друга работа.
Кузмановски во Магдебург сигурно ќе напредне колку толку,треба да знаеме дека од ланското Еп нема изиграно јака утакмица се е во Суперлига.
Крстески ќе видиме што ќе направи еве ќе игра во Ехф куп со работник ќе има шанса против поквалитетни да игра па ако се пласира Работник во Сеха и ЛШ за следна сезона ќе биде доста добро за него(ако не оди надвор)
Ќе видиме како ќе биде исто и Велковски и Серафимов како ќе се развиваат.
Само може да кажеме дека немаме баш светла иднина во овој спорт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom