Разигрување 13-16 место

Член од
5 април 2013
Мислења
2.788
Поени од реакции
4.299
Обично ова е времето кога на СП сме почнувале фантазии за медали и калкулации кој кого треба да тепа а од кого да изгуби за полуфинале. Овој пат за жал ќе ја немаме таа можност, ќе мора да се задоволиме со пласман меѓу 13 и 16, што всушност е и во ранг на просекот од нашите настапи на СП.

Малку е претрагично сфатен овој "непласман" ми се чини. Дека не е успех тоа секако, ама не е ни трагедија. Ова беше предвидливо дека може да се случи уште кога го сменија системот и кога излезе ждрепката. Минување на прва фаза не е исто како што било на минатите СП иако тоа некој разбирливо ќе сака да го сфати, а некој нема да сака.

Како и да е најлошото што можат нашите да направат е сега да плачат и да се откажат. Секоја натпревар на СП влегува во ракометната "историја" на државата. Секое место плус е подобрен рејтинг. Треба максимално да се одиграат и останатите 2 средби. Вака секако е подобро отколку по гол разлики против случајни екипи само да не распоредеа и да си одеше нашиот тим дома по 5 средби.

13-16 место на СП, не е мала работа. Тука повторно ќе имаме многу сериозни противници, не се ова слаби екипи воопшто, туку екипи кои се за нијанса под најслабите од оние што минаа во втора фаза.

Прво не очекува Русија, па потоа зависно од исходот Катар или Чиле.

Русите ни се на менито денес. На ова СП играат доста сериозен ракомет. На прв поглед имаа лимитиран тим на бековските позиции, каде се очекуваше цел товар да падне на Житников, Кисељев и Шкурински, но со вметнувањето во сериозна улога на Косоротов успеаа да добијат каква таква ширина, а за по некоја минута опции се и релативно коректно одиграа и Деревен и Комогоров. Крилата им се најјака страна од тимот, играат солиден модерен ракомет русите, Киреев е фантастичен на голот. Јака, сериозна екипа, но не и екипа од која треба пред време да се уплашиме и да ги "спуштиме гаќите". Можеме да играме. Последен натпревар ни е од Април 2018та, пријателски во Скопје. Загубивме 32-27 но со доста изменет состав, без Кире, без Столе, а и без сега отсутните Миркуловски и Прибак. Русите беа во посилен и поискусен состав и од овој сега (со Атман, Горбок, Санталов итн.). Во превод, екипи кои добро се познаваат и може да се очекува изедначена борба.

Да се надеваме дека ќе можеме да врземе уште некој триумф, па зошто да не и да имаме подобар пласман во однос на минатото СП кога бевме 15ти со 2 победи, 1 реми и 3 порази.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
2.788
Поени од реакции
4.299
Дека не треба ремногу да се тактизира на овие преостанати натпревари не треба, но сепак 3 работи сакам да видам:

1. Лазаревски и Даскаловски да влезат во составот на местата на еден од Ф.Лазаров и Георгиевски и еден од голманите (веројатно Митревски со оглед дека се пожали на мала повреда со Шпанија. Добро би било и да го осетат теренот.
2. Игра 6-6 во напад, со постава Манасков/Талески/Кузмановски/Лазаров/Поповски/Пешевски. Практично составот кој ќе треба да го понесе товарот во следната година-две.
3. Серафимов место Лазаров и Танкоски во ротација на лев и среден, со цел да го видиме составот за по пензијата на Кире и Борко.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
982
Поени од реакции
1.375
Пак ли со овие глупи тактики,која репрезентација го игра оваа.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.732
Поени од реакции
539
Не знам зошто се излажав да ги глеам пак...

Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
982
Поени од реакции
1.375
Играме 6 на 6 и правиме серија 4-0.
Овој морковот кај беше вака да дава голови кога требаше.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.654
Поени од реакции
1.355
Не се овие повеќе за гледање..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.003
Поени од реакции
70.352
Ај тоа то играме со "мешан" состав е ок.......ама зашто не игравме со ваков тим во квалификациите за ЕП???
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.732
Поени од реакции
539
Добро бе ајде и утнати зицери, ајде и спиење на одбиени топки ама "сериозни" ракометари прават ли вакви аматерски технички грешки бре

Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
812
Поени од реакции
928
Играме многу преку пикери, а на пикериве наши тешко им иде реализирање на зицери.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
982
Поени од реакции
1.375
Дај барем Танкоски место овој Кузмановски нека игра,0/5 има бог да чува.:facepalm:
 
На врв Bottom